Cipi Ripi -> RE: Што ви пречи во домот и што би промениле? (9.5.2013 10:16:14)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR Да ме прашавте пред 2-3 месеци, ќе имав мноооогу за пишување на темава. Ама сега КОНЕЧНО може да се пофалам дека домот ми е по вкус и по мерак. Конечно долниот кат од куќата го завршивме (до сега само на потрковје бевме со една спална и дневна + купатило). Сега долу имам дневна и трпезарија, горе две спални. Единствено што ми фали е кујна, ама и таа ќе биде за брзо време. Честито Анамоли, со здравје да си седите и да си уживкате! Мене ништо не ми фали во мојот, имам супер фенси стан, наместен, уреден, кој Даријан секојдневно ни го расипува а јас и мм само се смешкаме и си префрламе на наша сметка. Јас му викам Еее ова кога го купи ко очи го чуваше, а сега? :))) Тој ми враќа: Ти завесиве не ми даде 2 години да ги пипнам а сега Даријан ги тегне па никому ништо! [sm=jezicek.gif] И така си се смееме и свативме дека џабе сме уредувале толку[sm=smiley1.gif] Шала на страна, на прашањето што ви фали во домот ќе одговорам со: Нов дом. Мислам дека веќе ни е станов мал, имаме кујна, днавна и спална. Ни треба соба за Даријан.
|
|
|
|