Еца -> RE: Првиот ден дома со бебето... (28.7.2009 22:16:14)
|
Првиот ден со Мила дома беше незаборавен, исполнет, среќен.Дадичката Мартина беше толку возбудена што не знаеше главата каде и е, трчаше да и донесе ракавички, па пелена, па лигавче да блуцне,легнуваше до неа, стануваше, не можам да ви опишам.Толку среќна јас досега ја немам видено, а тек вечерта кога ја бањавме, дадичката беше главна, ја триеше со сапунче, ја бришеше со бањарката и вечерта едвај и објаснив дека не може да спие со бебето во неговото креветче.Првиот ден со бебето дома беше незаборавен и исполнет со среќа и радот во домот.
|
|
|
|