AnnaMolly RR -> RE: Првиот ден дома со бебето... (14.1.2012 17:32:00)
|
По четири дена во болница дојде време да си одиме дома. Веднаш му јавив на мм да дојде да ме земе, а нему му се наканиле и двете баби (свеки и мајка ми). И така цела тајфа ми дојдоа во болница. Си дојдовме дома и веднаш Филип го легнав на спална, а над него се наредија мм, сестра ми, татко ми, мајка ми, свекор ми и свекрва ми. Сите по малку го подржаа да му се порадуваат. Кога дојде време да му менувам пелена го направив тоа како професионалец [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и дури отпосле се свестив дека јас всушност првпат менувам пелена на бебе! Мм само го гледаше, го галеше, му ги бакнуваше прстињата на рацете и се гордееше што личи на него, особено со дупчето на брадичката [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Филип си спиеше, мене само ми носеа нешто да јадам, а не сакав. Го пратив мм во аптека по некои неопходни работи, другите се разотидоа и останав со мајка ми и сестра ми. Вечерта заспа во 21:30 со шише ад млеко, а јас и мм решивме да не го будиме за млеко, туку кога ќе се разбуди, тогаш да пие. Ама едно време рипаме и двајцата од кревет и кога гледаме 6 часот наутро! Девет часа спие бебето. Срипа мм, му донесе млеко, Филип во сон го испи и продолжи со спиење. Тој ден ми беше како во некоја бајка, во многу убаво сеќавање ми е.
|
|
|
|