masa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (17.7.2013 11:52:08)
|
Здраво девојки јас стасав до крај на 24та недела и овие денови синчево е ептен размрадно.Еве сега додека дедам го осеќам еднаш доле ниско лево,кај што се преклопува стомакот,еднаш горе високо, некаде пет прста под градите, десно.Значи си е оптегнат и ужива.Исто како сестра му што спие периодов [sm=smiley36.gif].Баш се мислев вчера кога силно удираше горе на истото место дури и однадвор се гледаше,дали е нормално да е толку високо дојдена матката,некако ми е рано[sm=zmeden.gif]. А исто како и Lacrimosa и кај мене се јави колострум.Во првата бременст дури откако се породив се појави млекото.Имам слушано дека некои жени од сам почеток го имаат,а јас приметив некаде 21-22 недела.И тоа неколку дена чудно мирисав.Немав сменето ништо од козматика а горните алиша ми мирисаа чудно,па се мислев да не ми е од хормоните променет мирисот на потта.Се додека еден ден ќерката не ми го фати прслукот и ми рече мириса.Кога го мириснав ми текна дека мириса на млеко.Вечерта кога се туширав ги притиснав брдавиците и од едната излегоа неколку мали капки,од другата ништо.Немам приметено на облеката флеки,значи не е количински,но по малку има и мирисот е тука.Дури мислам дека и доле така мирисам.Да е инфекција ќе мириса непријано,но мене ми мириса на млеко и некако на благо,барем мене така ми се чини.Други симптоми немам,непријатност,чешање,исцедок или сл.Сега заради одморите малку се оддолжи наредниот преглед,прво докторот,па ние ќе одиме,па на преглед сум дури после две недели и баш ќе прашам,а и одвај чекам да го видиме малиот колку пораснал. Ќерката само прашува кога ќе се роди па почнаа да ме фаќаат моменти на паника да не се роди пред време и последниве две недели често помислувам дека може да се случи тоа.
|
|
|
|