RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


energy_m -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (27.5.2013 13:20:49)

Jas sum 25ta nedela i isto taka primetiv deka pocna da mi se pojavuva po malku voden iscedok, nesto kako podmocnuvanje
Vo konsultacija so nekoi drugarki koi veke bile bremeni, dobiv informacija deka toa e normalna pojava za ovaa vozrast na bremenost, odnosno deka matkata raste i ja pritiska besikata pa poradi toa i pocnuva da se pojavuva ova. Za beloto pranje mozes da go prasas svojot ginekolog sto ke ti preporaca da stavas, mene mojata mi vika da stavam LINEX® Lady navodno mozele da gi stavaat i trudnici i pomagale znacajno kaj beloto pranje. Se nadevam deka barem malku pomognav.. pozz




masa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (27.5.2013 14:43:40)

surce само позитивно и ќе си ја истераш до крај бременоста.Заради твојата ситуација консултирај се до гинеколог за исцедокот и да е кандида не се плаши многу често се јавува во бременост.Толку си истрпела сега една кандида да те исплаши [sm=smiley1.gif].
Јас стасав до 17та недела,минатата недела бев на контрола,ама не стигнав на рапорт...добри сме со [sm=duda.gif] си расте си мрда веќе убав го сеќавам дури и е некој ден понапредно,докторот вика ќе биде како дадата [sm=smiley36.gif]На прво гледање не праша за полот дали го знаеме и ни рече машко е,а кога мм го праша дали е сигурен се замисли па рече дека не е 100% сигурен зошто папочната врвца му беше исто меѓу ножиња иако му личи на машко ќе одтави некој процент.Така да за сигурно ќе почекаме до скринингот.Еден ден пред да одам на преглед имав главоболки и кога мерев притисок 130 со 85 и му кажав на докторот,па кога ми мереа таму 105 со 65,па ми рече да пијам по две магнезум дека магнезиумот превенирал и висок притисок.Од тогаш ми се нема покачено притисокот и најверојатно беше моментално од што времето беше променливо и никакво.За холестеролот исто ми рече дека во бременост се покачувал и не е валидна таа вредност да не се грижам.За хемоглобинот уште не ми даде додаток ми рече ќе пијам пак тотхема ама рано било сеуште и серумското железо е добро па 106 хемоглобин не било страшно.




Melanija RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (1.6.2013 1:22:32)

Девојки се одјавувам од ова најмирно тромесечје и се префламе во финишот [sm=bravo.gif]
На сите сегашни и идни [sm=duda.gif] во овој дел им посакувам спокојни и убави денови [sm=smiley1.gif]




surce -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (1.6.2013 11:25:45)

меланија со лесно и во третото тромесечие [sm=bravo.gif], па се гледаме таму...со Господ напред

се јавив кај гинекологот и ми рече да земам еден вагинален спреј па се надевам дека ќе ми помогне

фала ви за се и убав викенд на сите [sm=pikapoka2.gif]




skakul -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (10.6.2013 21:54:48)

mamicki kako ste?ne sum mnogu aktivna na forumov ama redovno ve citkam.nesto me maci i mi treba vas sovet.denes bev na kontrola 25ta nedela sum a bebeto tesko 900 gr.spored dr.kata kako za 27ma nedela golemo.neznam dali e vo red?!taa veli debelko e ama jas[sm=smiley13.gif]?znam deka merkite na ehoto ne se 100 % sigurni ama ne mi e seedno.koe e vaseto mislenje i iskustvo?




Martins mom -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (10.6.2013 21:59:02)

Не се грижи скакул, мерките од ехото не се секогаш точни, па што и ако е малку потешко? Ништо страшно. Мене на пример пред пораѓај ми ја згрешија тежината за едно кило[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Snow Queen -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (11.6.2013 23:34:00)

Следна контрола, околу 26 Јуни, кога и ќе треба брисеви ако не се лажам, вадење крв и проверка за Даунов синдром. Ќе може некој да ми каже нешто подетално за таа контрола во 13та недела?




masa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (14.6.2013 15:35:35)

И јас слабо сум активна на форумов во последно време и гледам нашава тема најслабо активна [sm=smiley36.gif]па само да ве поздравам,стасав до 19 недела,еве сега [sm=duda.gif] силно клоцна,изгледа ве поздрави [sm=smiley36.gif],наредна недела сум на скрининг па тогаш повеќе ќе пишам




Gabriela V -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (15.6.2013 12:29:45)

Прво големо извинување што ме немаше 100 години но имав милион обврски... мојата свадба и милион други, слави родендени и така НО редовно ве читав и во тек сум со настаните. Јас стигнав до 20 недела и да ви кажам дека вчера бев во Ремедика за скрининг кај Д-р Елена Петрова и сум презадоволна!!!! Жената преубаво објаснува и целата постапка траеше околу 45 минути!! Само да ве прашам кој е тој скрининг во 32 недела? Ме праша дали ќе правам и дека цената е пола од онаа за овој скрининг!!!Ве поздравувам женички- дебели во мешињата![sm=nosecka.gif]




energy_m -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (17.6.2013 10:20:46)

Skakul, i mene bebeto mi e ponapredno za edna nedela no toa nema vrska.. jas ispituvav i skrien seker minatata nedela no se pokaza deka e OK taka da ne e strasno i ako ste malku ponapredni..
Gabriela V, toj skrining e navodno posleden, se pravi 30-32 g.n no ne e zadolzitelen ako prethodnite skrininzi ti bile OK (ova mi go kaza Dr.Dimcev vo Sistina kade sto jas gi napraviv moite dva skrininga). Toj rece deka na toj posleden skrining se gleda kako bebeto napreduva, dali dobro rastat organite i tn sto vo princip ti mozes toj pregled da go napravis i kaj tvojot maticen ginekolog, ne mora da plakas posebno uste dopolnitelni 3600mkd (tolku e vo Sistina) za dopolnitelen skrining.




elena.mak -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (18.6.2013 14:37:10)

Еве ме и мене на оваа тема! [sm=bravo.gif] Се одјавив од прво, па еве да се најавам во второ тромесечје. Го дочекавме, среќни сме, и сега си го чекаме мешето да порасне уште. [sm=nosecka.gif]




masa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (20.6.2013 13:27:53)

elena.mak прво добредојде за тебе на темава,колку сме побројни пожива дискусија ќе има [sm=smiley1.gif]
Јас вчера бев на скрининг кај Д-р Адамова и бебто е супер сите органи се развиени како што треба и е дефинитивно МАШКО на огромно задоволство на мм [sm=smiley36.gif] Отпочеток докторката ни кажува еве ова е вилицата,очите,среце,нормални комори преткомори,вени артерии,желудник црева,а тој настрана гледа не во мониторот, и по 20 мин вика знаете ова какво е и ние во хор НЕ - машко е.Мм одма дали е сигурна, рече 100% дека е сигурна леле мм се расплака.Втор пат во животот го гледам да плаче.Прв пат за баба му и сега.Рече дека и ќерката кога се родила заплакал,ама не пред мене,не го видов.Мене искрено полот не ми беше битен битно ми беше да е се како што треба,но среќна сум што го усреќив сопругот, а и малата Инекое време вика дека сака братче.
За мама докторката рече да пие тотхема и ме стави на диета,повеќе овошје и зеленчук да сум јадела и максимум 12кг да сум се поправела до пораѓај што ќе нема шанса.Јас принципиелно од сабајле си бев само на овошје,ама сега частеа торта за роденден и изедов мало парче,ми ја расипаа диетата.




DuffytheDuck -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (20.6.2013 15:05:08)

Здраво мешиња :) Еве ме и мене, 19 недела сум, носам машко [sm=duda.gif] Инаку да си се пожалам малку, имам проблем со спиењето. Имам болки во колковите, едвај се вртам лево-десно, па болки во препоните кога се вртам, па ќе ми се укочи де едната де другата страна завизи на која страна спијам... и така. Ама ќе издржиме, се за нашите бебувчиња. Дали Вие имате болки во стомак/карлица - на последната контрола гинекологот рече дека е нормално, дека е резултат на ширењето на матката и растењето на бебето. Инаку смешки сум, станувам цела за да се преместам на другата страна [sm=smiley36.gif] Закажавме и скрининг кај Петрова во Ремедика за две недели. Ве поздравувам [sm=nosecka.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (20.6.2013 15:15:00)

Реков јас ова е машка година [sm=smiley36.gif][sm=bravo.gif]

Јас си мев широка и полна па сеуште(31 недела0 немам болки во колкови ниту препони [sm=smiley36.gif] ама од секогаш сум си еластична[sm=smiley1.gif]

Како сте со топлиниве,послушни сте да не шетате многу по сонце?[sm=smiley1.gif]




skakul -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.6.2013 12:39:27)

ne setame bez potreba ama odam na rabota vo najzeskiot del od denot.dvapati nedelata vo 1 i 30 a ostanatite denovi vo 3 i 30.aj moze ke podzaladi od ponedelnik barem malku,pa barem noke da pospivame.inaku mene i bebus ne me ostava da spijam ni edna strana ne mu odgovara.kako i da si legnam kloca i se buni.ke pocnam prostum da spijam[sm=smiley36.gif].ponedelnik imam zakazano 4d pa konecno jasno ke si go vidam sinko.edvaj cekam i da vidam dali uste poveke se zdebelil .




masa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (24.6.2013 10:42:22)

Значи на мажиња е удрена работава [sm=smiley36.gif].Јас од првата бременост си знам дека тие болки се нормални.Сега засега немам некои поголеми болки,но пред некоја недела како да ми се укочуваше и тоа само левиот колк после подолго седење и лежење и ми требаше 1-2минути додека ми пушти.Се е тоа од што се шириме.Други проблеми немам,мирен е малиов уште не клоца силно така да не ми смета во спиењето,само од жешково почнувам да имам мака.Пред два дена морав да испаднам на пладне и мислам ќе се онесвестев,а и утрово некако многу топло ми дојде ќе треба со шешир да почнам да одам.Имам еден баш како за на плажа со широка сенка цела да ме покрие [sm=smiley36.gif].Инаку до 17 гледа да не излегувам иако и тогаш е претопло.




Lacrymosa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (24.6.2013 12:20:54)

Моите ноџиња деновиве се претворија во трупчиња... Наутро кога ќе се разбудам се чувствувам како да сум носела недела дена штикли, а навечер ми жежат... ај уште малку па
е се истурка и ова




Yummy Mammy -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (24.6.2013 12:56:10)

Ah i mene nodzinjava, da ne kazam trupcinjava, me ubivaat. Vaka na izgled ne mi se nisto poteceni, ama gi osekam ko po 100 kg da imam vo sekoja noga. A od pred nekoj den i koskite vo karlicata me bolat, edvaj sedam, edvaj se prevrtuvam... a ima uste mnogu do kraj...
MM mi vika deka se sekoja bremenost se porano i porano pocnuvam da se zalam. [sm=smiley36.gif]




Lacrymosa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (25.6.2013 13:34:13)

Пушти му ја на маж ти приказнава... Вчера ја гледав и заклав од смеење
http://www.youtube.com/watch?v=v2bfrfEHyWo




masa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (25.6.2013 14:09:47)

[sm=smiley36.gif] ја имам гледано оваа пред некое време [sm=smiley36.gif] богами треба секој маж да искуси вакво нешто,не само да гледа.Мене пред два викенда ми отекоа нозете,а и рацете,ама правев генерлака и од пеглање пердиња најмногу мислам отеков,па кога и кажав на докторката ми рече притисокот да го пазам и на диета ме стави зошто рано било за отоци.И така јас се трудам да се придржувам на диетата,а мм само ми пререкува дека треба на диета да бидам.Пред два дена јадам лубеница,ама убаво си јадам и ми вика ти рекоа на диета да бидеш,а јас му викам подиетално од лубеница здравје [sm=smiley1.gif]




dulcinea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.6.2013 10:20:07)

поздрав до сите мешенца [sm=smiley36.gif]...иако не сум активна на форумов, редовно ве читам, и да , и мене ми отекуваат нозете, ме болат препоните, слаба ми е крвта, ме фаќа жешкото, неможам да спијам, бебушот мрда ли мрда,мислам мешко ми е воден кревет [sm=smiley36.gif]...незнам дали ви кажав дека [sm=duda.gif] е машко,јас толку се надевав на женско, ама ете [sm=smiley1.gif] нека е живо и здраво, па здравје втората [sm=nosecka.gif] ќе чекаме девојче. Да ве поздравам и да се одјавам од ова тромесечие, бидејќи влегувам во 27 недела [sm=bravo.gif]...Нека ви е со лесно на сите и се читаме во последното тромесечие.... Ве [sm=smiley31.gif] сите




Yummy Mammy -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.6.2013 10:32:29)

Dobro utro i od mene trudni,

Jas vcera bev na pregled da si go vidime kurleto, 24 nedela, se e super, vo sabota relaksirano ke idam na odmor.

A i vremevo nekako im ide vo prilog na trudnici, lakse se dise.

Pozdrav do site.




miana -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.6.2013 10:48:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Dobro utro i od mene trudni,

Jas vcera bev na pregled da si go vidime kurleto, 24 nedela, se e super, vo sabota relaksirano ke idam na odmor.

A i vremevo nekako im ide vo prilog na trudnici, lakse se dise.

Pozdrav do site.

Ova tretovo so recepta ili...? Daj kazuvaj ne zezaj..Bas mi e milo za vas [sm=smiley1.gif][sm=smiley31.gif]




Yummy Mammy -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.6.2013 11:02:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Dobro utro i od mene trudni,

Jas vcera bev na pregled da si go vidime kurleto, 24 nedela, se e super, vo sabota relaksirano ke idam na odmor.

A i vremevo nekako im ide vo prilog na trudnici, lakse se dise.

Pozdrav do site.

Ova tretovo so recepta ili...? Daj kazuvaj ne zezaj..Bas mi e milo za vas [sm=smiley1.gif][sm=smiley31.gif]


Tretovo apansas! Taka se fakalo musko, minake, koga ne planiras, na 7mi den od ciklus [sm=smiley36.gif]




Snow Queen -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (26.6.2013 23:59:03)

Од денес, јас ве дружам во оваа тема, влегуваме во темава со 5,75см и 57 грама[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>