Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (15.2.2015 11:26:19)
|
Не бе gina, не се секирај, не може да му наштетиш на бебушко. Само пиј многу вода, затоа што со дијареа се губат течности, и ок си. Од магнезиумот нема штетни ефекти, а за храната - ок си со банани, таман ќе надокнадиш и калиум. И мене ми се случува често пати вакво нешто, во тек на еден ден трае, и си викам ајде, барем не е запек [sm=smiley36.gif] Тоа е, може си притиска и на цревата па не знаат ни како да работат [sm=smiley36.gif] Теа88, ова со рацете стварно не знам што може да е, да не е од циркулација? Не ми звучи на страшно, ама прашај, да. Јас инаку сум ок, вчера беше посебно добар ден - имав еден тон енергија, бев на кафе, шетав, стопати излегов, ама денес имам толку ниска енергија, чудо едно. Малце сум загрижена за шеќерот дека излезе висок, едвај чекам да видам и утре анализата што ќе каже и стварно не ми се оди на ендокринологија, не можам веќе по лекари. Вчера беше низок, 4.2, па ајде и утре, и да видиме со матичната дали високата вредност била инцидентна, од моментален стрес, или се повторува.
|
|
|
|