Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (5.2.2015 19:56:27)
|
Девојки, ги земав резултатите од брисевите и фала богу се чисти, нема веќе стрептокока [sm=bravo.gif] Уф ама ми олесна! Утре да видам уште и крвната слика, па на контрола во Систина. Инаку ОГТТ се прави и во Адриа Лаб, и тоа без закажување, со каков било упат - и од општ матичен, и од гинеколог, така што тоа ме чека следната недела. теа 88, баш денес читав за движењата на пелвисот во овој период од бременоста - како што се двете половини поврзани со некаков склоп на мускули и лигаменти, во овој период се лачи хормон релаксин, кој ги олабавува и може да предизвика грчеви, болки и слични непријатни симптоми. Може дека си слабичка па кај тебе е поосетливо ова движење и резултира со нешто слично на контракции, не знам. А за стврднувањата, мене ми е цел стомак тврд, со тоа што еве баш сега допирам, под папокот е и потврдо. Веројатно е нормално, кој да знае. Штом Таше вика дека е ок, сигурно е ок.
|
|
|
|