Felly RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (28.5.2015 20:52:47)
|
Азура, и јас сум иста недела, и исто ги осеќам ударите. Кај мене цервиксот беше со добра должина 5,5 цм, но има формирано тунелче, па затоа и јас еве втора недела веќе сум на боледување и исто главно лежам по дома. Најголема активност ми е кога одам на контрола кај матичната. Првите два дена, ептен ме зафати депресија, само некои црни филмови ми се мотаа во глава, бебчо 800 гр, јас 24 недела, и безбедните недели некако ми се изгледаа ептен далеку. Ама сега се трудам да размислувам позитивно, има [sm=nosecka.gif] што цела бременост ја поминуваат со лежење, па ќе издржиме и ние. Си давам поблиска граница, на пр. за 4 недели ќе бидам полни 30, па после уште 2 недели, па пак 2, и така си ги делам на ситно неделите да ми изгледаат помалку [sm=smiley1.gif] Не дозволувам да ме обземат црни мисли, туку се мотивирам со тоа што си гледам на интернет работи за бебето што треба да ги купиме, размислувам што може дома да искористиме од она што имаме, се вратив на планирање на уредување на собата за големава цуца и така. Пробај да мислиш позитивно, и ќе видиш се ќе биде во ред. [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|