|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
3.7.2015 9:35:27   
Kvisko
И јас имам од време на време болки благи натаму наваму. Мене ми рекоа дека така и треба да биде зашто матката се шири и притиска на другите органи. Лошо е ако се прејаки болките и константи друго не е страшно.

Инаку јас дефинитивно треба да примам Клексан по еден дневно па ќе видиме. Се упаничив за бебчо после веста, ама се тешам си викам добро поарно сега што се откри па на време да се реагира и да истераме до крај како што треба.

(Одговор на членот srekna2)
Непосредна врска до пораките: 1376
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
6.7.2015 14:01:45   
Andriance
Girls, ne znaev kaj da go pisam postot, a znam deka kje gi interesira i mamite od prvo tromesecje...poraneshna Sveti Lazar sega ja zemale turskive Sante Plus i organiziraat besplatni eho pregledi za site trudnici...pobarajte gi na FB ima brojce za zakazhuvanje ( mislam broj ne smeam da stavam) ili ako sakate pisete mi pp..kje mu dojde kako vtoro mislenje. pozdravcee

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1377
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
6.7.2015 14:17:42   
Kvisko
Добра опција ќе му дојде додека трае.
Јас секако добивам две мислења од матичната и од Ремедика ама за другите може да се види што е како е.
Така правеа и другите нови Турци, New Born Clinic со ептен смешни цени и си навлекоа „муштерии“. И ова да не му дојде бесплатно ехо ама пороѓај тука.
Во секој случај добро е да се види.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 6.7.2015 14:18:18 >

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 1378
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
6.7.2015 14:20:47   
Melanija RR
Andriance и во друга тема го копирав твојот пост за да го видат сите труднициuser posted image Фала на инфоuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1379
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
6.7.2015 14:32:09   
Kvisko
Сега баш ги сурфав и имаат двајца гинеколози и двајцата стручњаци за брачна неплодност. И двајцата се Турци. Ај некој ако оди нека каже како поминал.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1380
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
6.7.2015 19:04:46   
LenaNela
Здраво на сите!!!! Јас сум нова тука и сакам да се дружам со вас. Имам три годисен син и сега сум повторно бремена, 15 недела и три дена. се чуствувам прекрасно,немав до сега никакви мачнини и се надевам дека навака ке ми биде како досега. Поздрав до сите user posted image и се надевам дека ке имаме убаво дружење!!!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1381
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
8.7.2015 12:41:17   
Kvisko
LenaNela добредојде. Се надевам убаво ќе се дружиме.
Туку кажувајте дали и вие иамте зголемен како поводеникав и белузлав исцедок. Читав дека е нормално и ја прашав матичната ми вика ОК е само што јас се упаничив зашто читав и дека ако е многу воденикав течела плодовата вода. Знам дека е рано за тоа ама на се се трзнувам.

Вчера и денес пак некако малку ме подболува како под матката и стомакот па се надевам дека и тоа е нормално зашто ми рекоа може да имам такви болки од ширење на матката и потиснување на другите органи.

(Одговор на членот LenaNela)
Непосредна врска до пораките: 1382
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.7.2015 0:45:37   
LenaNela
Квиско и мене денес малку ме нанолува долниот дел од стомакот,но не е некоја болка него онака како бодежи,како некој да ме притиска и како да ми се оди во ВЦ,но знам дека се растегнува матката,а за исцедок и јас имав онака бел кремав но не многу водест и д-р кога мо земаше микробиолош. брисеви ми даде вагиналети.Најубаво е сепак да те види матич. А која недела си ти ???

< Поракaта ја уредил LenaNela -- 9.7.2015 0:47:04 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1383
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.7.2015 10:15:08   
Kvisko
Јас сум сега 14 недела. Минатата недела бев на скрининг и кај матичната и кај Адамова и се беше во ред. На брисевите ништо не се покажа и матичната ми рече нормално е малку зголемен исцедок да се има во бременост. Читав и на интерент дека е нормално и се вика леукореа. Само се подисплаѓив пошто беше малку поводлест од пред бременост. Матината не ми е многу по препишување лекови ако нема потреба а и од она што го читам нема да се среди со вагиналети ако е леукореа. Нема мирис и ништо само зголемен исцедок што според она што го читав е баш заштита од инфекции.
Мене ми е проблемот што не можам да се опуштам. Имав еден спонтан па потоа мака мачев со забременување и на крај останав бремена со ИВФ. Сега наместо да се опуштам и радувам јас само се паничам околу различни работи и многу ми е страв да не го изгубам бебето. Веројатно се е повеќе во мојата глава, ама тоа е тоа.

(Одговор на членот LenaNela)
Непосредна врска до пораките: 1384
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
13.7.2015 15:29:42   
LenaNela
Квиско сосема те разбирам како ти е,мене ова ми е втора бременост,со првата си поминав мн убаво и лесно,а и сега (да си чукнам во дрвце) со оваа бременост немам никакви проблеми за сега,но пред оваа бременост имав биохемиска бременост која се заврши негде околу7 недела.Па на почетокот од оваа бременост и на мене ми беше страв што ке биде и како ке биде, плус имав и малку кафеаво,розев исцедок и матич. ми даде да пијам Дабростон и еве сеуште ги пијам. Но искрено почнав позитивно да размислувам и избегнувам секакви стресови(колку што можам) еве овие денови изгледа веќе и почнувам да го чуствувам бебушко како мрда,нешто во долниот дел од стомакот како месото да ми подигрува,како пеперутки да ми пролетуваат user posted image Ајде кај да е за уште некоја недела ке го почуствуваш и ти тоа,прекрасно е верувај и без страв,штом се е во ред со бебушотuser posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1385
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
13.7.2015 15:48:37   
Hopeful RR
Девојки, со среќа бременостите и не се замарајте за тоа што не ви се најсреќен и најлесен период од животот user posted image Во нашава околина постои некое мислење и општо очекување дека кога бременоста е најубавиот и најпријатниот дел од животот, и дека е уживање сама по себе, но тоа кај некои прави само поголем проблем, бидејќи едноставно, не сме сите исти и не може сите да уживаме во истите работи.

И јас имав таков притисок, потсвесно наметнат, дека ете, после се, треба да уживам и да се опуштам, ама никако не ми успеа во тоа, од прв до последен ден. Еден страв се заменува со друг, едни мисли со други, и едноставно, тоа е тоа. После некое време, решив дека нема да се оптоварувам со тоа и едноставно прифатив дека цела бременост ќе ми биде малтене во грч, и фала богу, се излезе ок. Пробајте да се олабавите колку можете, а ако не можете, big deal.

Во однос на исцедокот, нема потреба од терапија обично, бидејќи е нормален. Дабростон пиев и јас кога прокрварев од хематомот, плус Прогестерон за секој случај. Болките се исто така нормални, и само зголемете ја дозата Магнезиум user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LenaNela)
Непосредна врска до пораките: 1386
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.7.2015 10:14:32   
Kvisko
Hopeful фала на охрабрувањето и реалниот поглед на состојбите. Мене ме полуде сите што ми викаат е сега ти треба само да уживаш, премногу се грижиш, не е тоа добро за бебето и слично.
Инаку сум добра чекам контрола на трансфузиологија и наредна недела веројатно при крај треба да одам на ехо.
ПОчнав да се мачкам со некое млеко за тело против стрии од ДМ зашто ептен лесно ми се појавуваат и веќе имам стрии од растење во пубертет па ај да не ми се направат нови сега или барем колку може да ги спречам.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1387
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.8.2015 10:40:11   
Kvisko
Мешковци како сте. Нема никој на оваа тема. Јас бев на уште една контрола и малку ми беше сменета пх на вагината па завршив со флажил. Брисевите ми беа добри ама веројатно има некоја анаеробна бактерија што прави некое проблемче. Прво ептен се упаничив кога прочитав за предвремено породување и такви страшни рабпти. Потоа си викам не читам веќе ќе се потрудам малку да уживам во ова искуство. Не знам веќе што да мислам едно гајле ќе помине одма друго се накалемува. Ми се смачи од доктори ама мора.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1388
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
21.8.2015 14:07:15   
Bea
Здраво мешковци! Ние стигнавме до 14-та недела и во оваа тема :)

Приската и резултатите од крв беа супер, бебушот си напредува одлично.
Ги земав денес резултатите од брисеви и уринокултура, брисевите се супер, ама во урината е-coli. Ми иде да се убијам!
Среќа во несреќа, мала концентрација е - 10.000 немам ни симптоми, докторката ми рече дека тоа не е за антибиотици. Ми даде да пијам Cyston таблети на природна база и перпорача 3-4 литра течност дневно, па за 3 недели контрола.

Јас имав пред 3 години прв пат во живот ешерихија, тогаш со концентрација 1.000.000. Пиев антибиотици и еден природен лек со лук и бело вино и ја решив. Од тогаш секоја година мин по 1 правам уринокултира, последната ја направив во март и секогаш била негативна, ама ете... кога највеќе не треба ќе се појави.

Него леков со белово вино - тоа се доведува до вриење и се редуцира количината на вино од 750мл на 500 мл (тоа треба да се испие во рок од неколку дена). Мислите со вриењето дека ќе испари алкохолот или да не ризикувам?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1389
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 11:07:46   
Kvisko
Bea ајде со убаво да си тераш и понатаму. За бактеријата пиј си мноуг течности и чај од брусница (оној со 60% брусница не кесички). За виното и лукот јас не би пробувала. Не се секирај штом се брисевите добри би требало да е се во ред. Мене ме испаничи баш тој период променета ПХ на вагина иако се ми бешпе чисто на брисевите. Примав Флажил вагиналети па сега ќе видиме дали е ОК.

Јас сум во Среда на втор скрининг и сум ептен упаничена дали ќе биде се во ред. Некако како тече бременоста не можам ич да се опуштам. Се некои глупи стравови ме фаќаат. Глупости ама со се низ што поминав за да дојдам до тука веројатно е и малку нормално ова паничење.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1390
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 11:16:33   
scared RR
Јас малце ќе влетам во темата да не ме карате user posted image Квиско како ти ја видоа променетата ПХ вредност?
И нели обично за тоа се дава вагиналети со лактобацили како Вагисан, Линекс лејди...

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1391
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 11:29:49   
Kvisko
Имаат лентички за мерење на ПХ на вагина (лакмус хартија). Ми мереше Димитров кога бев на контрола за цервиксот во 16 недела. Бидејќи во бременост може да биде понекогаш предизвикувач на предвремени раѓања ми даде флажил. Тој ми даде да пијам ама јас се упаничив кога прочитав дека се јаки и не баш многу препорачливи во бременост и ме упаничија аптекарите дека не треба да ги пијам и бла бла. Потоа матичната ми рече да земам вагиналети наместо да пијам па откако завршив со флажилот ставав вагиналети ацидосалус за да се нормализира флората. Инаку променета пх надвор од бременост не е ни толку страшна ако се сите брисеви во ред. Бидејќи се работи за бременост ова е плус мерка на претпазливост иако и во бременост не е нешто страшно. Дури и матичната ми кажа дека такви лентички имаат приватниве болници, а другите не ни мерат зашто немаат како.
Се ова само за да не бидат раат и да се мислам на нешто.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1392
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 11:36:19   
scared RR
Во систина не им текнува да измерат, колку пати сум се пожалила на инфекции, кандиди и слично ниту еднаш не им текна да ми измерат а знам дека имаат. Јас сама на своја рака превентивно си ставам вагиналети со лактобацили обично Линекс лејди најевтини ми се и ми помагаат.
Со лесно нека ви е мешиња се надевам ќе ви се придружам и јас тука наскоро user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1393
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 11:59:36   
Bea
Kvisko, потполно те разбирам и јас само се секирам за нешто и никако да се опуштам.
За бактеријата ги пијам таблетките и се налевам пролом вода, а за лекот со виното решив да не експериментирам. Од синоќа па некоја главоболка ме фати и еве уште сум со некоја тапа болка.
Попладне одам кај Димитров (денес му е прв ден после одмор) да ги види резултатите од скринигот во 12-та, приската, крвна слика и брисевите, па ќе се договорам за понатаму.
Инаку за ова со испитувањава разно разни како на пример ph вредноста, баш мајка ми ми искоментира дека во нивните бремености ниту уринокултури, ни ехо што се вика не правеле. Вика ништо не сме знaеле, па здрави прави деца изродивме.

Ајде труднички само напред :)

Заборавив да прашам, Kvisko во Ремедика, ти наплакаат за прегледите? Мене две еха по ред не ми наплатија, па си викам сега да си прашам, некако незгодно ми е :)

< Поракaта ја уредил Bea -- 24.8.2015 12:01:32 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1394
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 12:08:14   
Kvisko
Димитров до сега не ми наплатил преглед. Два пати сум била на ехо и плус мерењето на пх. До сега сум платила само за скринингот кај Адамова и толку. И сега вториот што ќе го платам.
Од тој аспект сум ептен задоволна од Димитров и Ремедика некако ми изгледаат опуштени и некомерцијализирани.
Инаку очекувај денес да се изненади Димитров штом ќе те види. Нема ништо да ти направи евентуално ќе ти мери должина на цервикс и евентуално да ти закаже нареден преглед или да ти каже кога да одиш на скрининг.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1395
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 13:40:09   
lanicka30
Sakav da ve prasam mene brisevite mi bea cisti,nemam nekoja nelagodnost ili suvost nitu nekij cuden sekret,pa neznam sega vo sreda szm na kontrila pa da pobaram li da mi napravat ph i kako se neri cerviksotuser posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1396
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 15:29:19   
Kvisko
Lanickа ако немаш нешто ралика во секрет нема потреба од мерење на пх. Инаку пх пишав како се мери.
Цервиксот се мери со вагиналната сонд од ехото. И ова се прави ако има потреба. Мене на пример ми е со чудна форма па затоа ми го мерат.

(Одговор на членот lanicka30)
Непосредна врска до пораките: 1397
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 15:58:06   
Veronica_Lia
Zdravo na site mamicki!
Nova sum na portalov i sakam da ve pozdravam, da vi posakam ubavi denovi vo bremenosta i srekno na site!!
user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1398
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
24.8.2015 20:35:45   
Despinka
Devojki kako ste, da vi kazam i ja go pominav prviot skrining bebceto bese okay, priskata super low risk, brisot mi e okay osven so mi e najdena candida albicans... Duri vo cetvrtok sum kaj doktorkata pa interesirase dali nekpj drug imal vakvo iskustvo? Pozz meskovci :) :)

(Одговор на членот Veronica_Lia)
Непосредна врска до пораките: 1399
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
25.8.2015 0:20:55   
Melanija RR
Veronica_Lia dobre dojde na RR user posted image

Можеш да ни се претставиш во темата ТУКАuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Despinka)
Непосредна врска до пораките: 1400
Страница:   <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  54 55 [56] 57 58   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?