|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 8:45:59   
Bea
Труднички како сте? Некако не сме активни на темава.
Јас ете 16+2, наредната недела треба да повторам уринокултура и сум на контрола кај мојата докторка, па ќе го видиме и бебушко.
Со темепратурата тогаш кујзнае што беше, наредниот ден немав, одморив дома и на тоа остана. Сега настинав, носот ми тече, па пијам чајчиња, лимон, купив едни капки за нос за трудници со морска вода, па се подлажувам со нив.
Мешето веќе се познава user posted image .

Пишете како ви е бременоста? Ви се познаваат ли мешињата? Во која недела прв пат го почувствувате бебето/бебињата?

Ве гушкам сите!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1426
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 11:19:10   
Kvisko
Ај и јас да си пишам. Денес на 22 +3 бев кај матичната за да го мери пак цервиксот и фала богу добар беше и затворен. Сега наредна недела ќе одам пак да ги повториме брисевите и тоа е тоа.
Наредно ехо ми рече некаде после 28 недела обавезно во 32 и толку.
Јас деновиве почнав повеќе да го оеќам бебето ама не секој ден и не многу често. Тоа е веројатно затоа што постелката ми е на преден ѕид па потешко се чувстува кога лупка а и уште е мало веројатно. Ми рекоа повеќе се чувствува после 24 недела кога е поголемко. Сега најчесто го чувствувам навечер пред спиење или пак кога одмарам после шетање. Мешко веќе прилично се познава и нема дилема али сум се здебелила или имам бебче во мешето. Сега ќе морам на шопинг за панталони за на работа зашто до сега бев во фустанчиња и сукњи и се извлекував со тоа што го имав во плакар а ма сега ќе морам да потрошам некој денар за специјални панаталони барем.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1427
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 11:24:47   
LoveableMe RR
Квиско, супер вести, го дознавте ли полот?user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1428
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 11:53:19   
Hopeful RR
Bea, кај прворотки движењата почнуваат да се чувствуваат накај 20-21 недела. Прво се како трнење, како буквални пеперутки во стомакот, а потоа и баш нежен удар user posted image

Kvisko, супер вести, баш ми е мило! Бебушко го осеќаш сега затоа што спие додека се движиш, го нишка тоа, а се буди кога одмараш. Тоа е, тренинг за после user posted image

Во однос на облеката, ако ти одговара на работното место, би ти советувала да најдеш труднички хеланки, мене тие ме спасија. Се комбинираат со се и се најудобни. Јас си купив од H&M и се супер. Исто така, за кога ќе залади, купи си труднички хулахопки, за да можеш да продолжиш со фустанчиња. Има добри во Пенти и Сара Ексклузив. Во секој случај, трудничката колекција на H&M е каде каде поевтина од што било кај нас, така што ако си во можност, скокни до Солун user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 4.9.2015 11:54:50 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1429
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 11:53:28   
Kvisko
Lovealble за полот некако се препоставуваше уште во 13 недела на скрининг, во 18 видове дека е машко а сега на последниов скрининг лицето го криеше ама затоа доел се изнапокажа. Мислев дека сум пишала ама очигледно не.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1430
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 13:05:56   
Bea
Kvisko, каде го правеше вториот скрининг?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1431
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 13:28:51   
Kvisko
Hopeful фала насовет и сугестија за облека. Видов овде во Waikiki некакви труднички хеланки ама немаше скроз долги па оставив за понатаму. Сега ме потсети па ќе одам пак да проверам. Инаку во план е некој викенд до Солун па ќе проверам и таму.

Bea скринингот го правев кај Адамова во Ремедика чисто за да проверам пак ПХ иако можев и кај матичната. Сега веќе ќе одам кај матичната на контроли и ќе се договорам со Димитров што понатаму зашто ин самиот ми рече може и матичната да те следи.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1432
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 22:14:29   
lanicka30
Pozz do site RR jas sum na Kontrola during na 20 nemozam da docekam da GI vidam user posted image user posted image .
Sakav da ve prasam vase mislenje sakam da idam vo ohrid pa dali da se brcnam malku u coda doktorkata mi dozvoli ama nekako mi e sybe user posted image I koga se pravat vtorite brisevi?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1433
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.9.2015 23:51:15   
mamita83
Вторите брисеви 36 недела ги правев во првата бременост, инаку јас бев во Охрид летово 10 дена и се бањав - некако скроз заборавив дека езеро не е за трудници на тоа високите температури и фала богу се е ок. Инаку се одлучив да се пораѓам во Санте плус кај др.Јегени. Ме интересира скриен шеќер кај е најдобро да проверам, матичниот ми кажа немора ама др.Јегени вика обавезно да си провериш.

(Одговор на членот lanicka30)
Непосредна врска до пораките: 1434
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
6.9.2015 23:31:46   
Melanija RR
mamita83 искуства за испитување има во темата ТУКА . Јас правев на ГАК, а сега со упат се испитувало и во Адриалаб или Авицена незнам точно.А изборот на др.Јегени ти е суперuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 1435
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
8.9.2015 14:57:16   
Bea
Devojcinja, da go spodelam so vas moeto denesno iskustvo. Sabajlevo se razbudiv bukvalno mokra dole, proziren voden iscedok, bez miris, prilicno obilen. Se izvadiv od pamet! Sum imala iscedok, megjutoa kolicinata me isplasi. Se vrtkav po doma, citav na net i uste tolku se isplasiv, srkiracii, placki, sto da vi kazuvam.
Otidovme vo remedika na kontrola, sreka dezuren bese d-r Jane Stojkovski. Me pregleda temelno, vaginalno, so ultrazvuk i vaginalno i abdomenalno i fala mu na boga se bese vo red. Nema ustekuvanje na plodova voda, grloto ubavo zatvoreno, vnatre bebus si plivka. Epten mi olesna.
Mi izmeri i dolzina na cerviks 39mm, sto e isto taka vo red. Doktorot vika deka najverojatno e od utrogestanot i mi predlozi da gi zimam ako mozam oralno. Iako jas gi zimam od transfer navamu, do sega vakva reakcija sum nemala.
I konecno, se vide masko bebe!!!
Posle site crni scenarija od sabajlevo, si se iznaplakav tamu na stol, sto od radost, sto od olesnuvanje.
Cuvajte se mesinja!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1436
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
8.9.2015 15:15:12   
LoveableMe RR
Bea, супер вести, ете и ти и Квискo сo бaткoвци, мaшaлa рингерaјaвa сaмo свирчињa, тук тaму пo некoе девoјче.Сo леснo нa ситеuser posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1437
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.9.2015 10:57:38   
Bea
Еве ме пак со update, ја повторив уринокултирата и излезе негативна! user posted image user posted image user posted image
Секако ќе продолжам да се налевам со вода, а пиев и по едно-две чешниња лук на ден. Може и со тоа да си продолжам превентивно.

Поздрав девојки и пишете до каде сте!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1438
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.9.2015 17:03:59   
Kvisko
Беа браво. Сега ќе си бидеш помирна.
Јас таков исцедок како што опиша воденест, белузлав или жолтеникав и обилен исто имам од нека 14-15 недела. Од памет се вадам скоро секогаш ама сега веќе се поднавикнав. Неделава или наредната пак ќе одам за брисеви па ќе видам иако вака како што читам и прашувам гинеколози ми велат дека е нормално.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1439
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.9.2015 17:38:42   
Hopeful RR
Браво за машките бебиња на РР, синчиња на храбри мајки user posted image

За исцедокот, се потсетив на нешто што прочитав кога бев бремена - исцедокот природно дополнително се зголемува за да го заштити цервиксот од инфекции, така што ок сте, без гајле user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1440
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.9.2015 17:40:42   
Bea
Kvisko i jas mislam deka e normalno, ne znam kolku kolicinski imas. Ova moevo bese bas obilno, dolnata obleka skroz mokra, probieno na pizamata so damka golema kolku portokal. Od son me razbudi kolku bev mokra. I plus vodeno - zatoa ispaniciv.
Samo nesto panicam. Ponekogas mi e krivo sto ne uzivam vo bremenosta opusteno, ama posilno e od mene.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1441
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.9.2015 17:53:06   
lolla RR
Bea i Kvisko браво за батковците, благослов е да имаш синче. За водлест исцедок и јас имав добра работа е ама нели да е без мирис.

И навикни се на неопуштеноста, експоненцијално расте дневно после пораѓајот.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1442
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.9.2015 18:24:36   
Hopeful RR
Не знам како на некои бременоста им е опуштена, мене исто така воопшто не ми беше, а и сега не дека сум многу лабава user posted image Веројатно кога ќе дипломираат од факултет ќе отспијам малку... user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1443
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.9.2015 9:53:03   
Veronica_Lia
Богами навистина се среќни тие трудници што имаат релаксирана бременост user posted image
Јас утре веќе полнам 25та недела, а мир не видов.. се ме плаши user posted image но, нормално е нели, да се секираш и да бидеш на штрек..
Со Господ напред само, сите лесно да истераме, хехе user posted image инаку и јас носам машко user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1444
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.9.2015 21:49:05   
nataly86
Еве ме и мене со еден update на мојата ситуацијаuser posted image 13г.н.+2 супер бебче кое многу мрдна и одвај го фативме да го сликнеме и да измериме се што треба...
Инаку сеуште сум со лошење и гадење минатата бременост ме држеше до 16 недела па ке видиме сега..инаку со јадачките сум ограничена месо и сл неможам да мириснам а камоли да јадам најверојатно ова бебе ке биде вегетаријанецuser posted image

(Одговор на членот Veronica_Lia)
Непосредна врска до пораките: 1445
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
11.9.2015 10:34:56   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Еве ме и мене со еден update на мојата ситуацијаuser posted image 13г.н.+2 супер бебче кое многу мрдна и одвај го фативме да го сликнеме и да измериме се што треба...Инаку сеуште сум со лошење и гадење минатата бременост ме држеше до 16 недела па ке видиме сега..инаку со јадачките сум ограничена месо и сл неможам да мириснам а камоли да јадам најверојатно ова бебе ке биде вегетаријанецuser posted image


Баш те мислев каде си деновиве, а прво тромесечје го скокна, не те читнав таму?user posted image user posted image Со лесно, ова изгледа ќе биде немирко/каuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 1446
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
11.9.2015 13:40:54   
Kvisko
Nataly супер за вас.
И моево на првиот скрининг не можевме да го фатиме. После на вториот беше ептен кооперативно.

Ај и јас со мал update. Денес бев кај матичната ибез брисеви виде дека имам кандида па сега прво тоа ќе третираме па после се друго. Аман веќе со ваа кандида. Воденестиот исцедок најверојатно ми е од тоа. Вчера пак од памет ме извади зашто пак беше многу обилен. За сметка на тоа денес пак го видов. Плодова вода си имаше ОК, спиеше па и го мери. Сега сум помирна и си ветив дека помалку ќе паничам. Деновиве и повеќе го чувствувам кога мрда односно удира или се протегнува.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1447
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
11.9.2015 13:52:49   
Bea
Kvisko, што терапија ќе примаш за кандидата? Јас исто се сомневам кај мене за кандида.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1448
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
14.9.2015 19:22:21   
Kvisko
Беа јас два дена имав промивки со метиленско плаво кај матичната и една вечер после тоа ставив Канестен од 500. Вака како што ми изгледа би требало сега да е во ред.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1449
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
15.9.2015 14:08:00   
Kvisko
Беа извини тоа било gentian violet. Погрешно сум напишала.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1450
Страница:   <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  56 57 [58] 59 60   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?