|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  60 61 [62] 63 64   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
30.11.2015 10:24:17   
Kvisko
Milica1984 ако веќе си имаш закажано на ГАК нема потреба да одиш на друго место. Повеќе доктори во Македонија се стручни за скрининзи. Немај гајле. Ако има некој проблем не дај Боже тогаш се бара второ мислење. Ако првиот скрининг ти бил во ред нема потреба зошто да се секираш. Мене барем така ми рече Адамова (јас одев кај неа во Ремедика, а сега е во Санте Плус). Она ми ги правеше двата и ми рече ао првито бил во ред малку изненадување може да се случат на вториот. Има дури и матични гинеколози обучени и со дбори еха што прават скрининзи така што стварно не му јас мисли многу.
Инаку ако сакаш и на приватно да одиш Ремедика е малку поефтина 3000 до 3500 се скрининзите. Таму сега ги работи др Петрова која исто ја фалат иако јас немам лично искуство со неа.

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 1526
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
30.11.2015 13:52:34   
wanna be mum
Девојки кока е најдобро време за вториот скрининг? Некаде 21 недела или ..?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1527
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
30.11.2015 15:03:05   
angelce moe
21 Nedela, mene taka mi rekoa

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 1528
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
30.11.2015 16:27:04   
Kvisko
Скринингот се прави од 20 до 22 недела. Јас го правев во 21.

(Одговор на членот angelce moe)
Непосредна врска до пораките: 1529
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.12.2015 16:56:09   
angelce moe
Dalı nekoj ima iskustvo so amoksiklav ?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1530
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.12.2015 17:40:04   
lukajana RR
Angelce moe Амоксиклав е најчесто препишуван антибиотик во бременоста ,пиј го без гајле ако ти го препишал лекар сигурно има потреба од него .

Еве Тема за сите лекови кои се безбедни во бременоста

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 4.12.2015 17:41:15 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот angelce moe)
Непосредна врска до пораките: 1531
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
4.12.2015 18:09:10   
angelce moe
Blagodaram Lukajna RR, imam doverba vo doktorot no eto sepak mi bese strav

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1532
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
21.12.2015 18:48:02   
SOLE
Здраво мешковци, како сте, јас одамна не сум пишала па еве едно инфо од моиве случувања, како прво ми престанаа мачнините, лошењето и повраканјето и ми се поврати апетитот, и второ видовме дека бебињата ке бидат машки, инаку сега влегувам во 18та недела, терапија си примам уште клексан, кринон, фолна, аспирин 100, магнезиум 2*250мг, и мултивитамински со ДХЛ. А за втор скрининг Петановски ми рече да идам во 20та недела но овајпат решив да идам на ГАК па бев кај матичниот да земам упат и прв термин беше на 20ти јануари а тогас ми се фака 22ра недела,незнам дали ке биде касно, а тогаш пак исто имам закажано кај Петановски и ке ми дојде едно по едно, или незнам дали пак да си идам кај Елена Петрова во 20та недела user posted image
Поздравче до сите

(Одговор на членот angelce moe)
Непосредна врска до пораките: 1533
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
23.12.2015 12:43:57   
wanna be mum
Соле мене ми рекоа минатата недела дека поубаво е бебето во 22ра да се гледа поголемко е и ме закажаа за тогаш, така да немаш гајле можиш и тогаш,
Туку јас да прашам бебињата секој ден ви мрдаат ? хихихи таман препознав што е мрдањето и денес и вчера не ја осеќам

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 1534
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
23.12.2015 14:40:00   
Kvisko
Sole вториот скрининг се прави од 20 до 22 недела така што се си е ОК од аспект на датуми. Ти посакувам убав втор скрининг.

WannabeMum пред 26/27 недела не се осеќа секој ден барем кај мене беше така. Јас почнав да го осеќам некаде во 24 недела зашто посетлката ми на преден ѕид а можеби и тогаш увидов дека е тоа мрдање а не е кркорење на цреваuser posted image user posted image . Без гајле битно да го чувствуваш еднаш на неколку дена. После 28 недела би требало секој ден да се чувствува до тогаш не баш.

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 1535
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
7.1.2016 11:51:36   
kuklicka30
Zdravo na site mamicki jas se prefrlam tuka sega sum 13 nedela konecno imav prethodno 3 spontani abortusi user posted image no imam kerkicka 3 godini i sega sakam da ve prasam jas primam utrogestan aspirin i fembion dali nekoja odvas ja prima ovaa terapija i do koja nedela se pijat utrogestanot i aspirinot

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1536
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.1.2016 20:49:34   
wanna be mum
Nema pravilo, toa e tvoja terapija i do koga ke kaze lekarot do togas, cestitki, ubavo e ova tromesecie polesnicko, baska prv pat bebuska klocnuva, prekrasno e :)

(Одговор на членот kuklicka30)
Непосредна врска до пораките: 1537
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
13.1.2016 9:25:49   
SOLE
kuklicka 30, и јас усте пијам аспирин, фолна, и кринон гел (тоа е прогестерон како сто е и утрогестанот) и плус магнезиум по 2 на ден, мултивитамински за трудници и фероглобин за крвта сто ми е слаба, инаку сум во 20та недела, втор скрининг имам закажано на 20ти јануари (22ра недела) и едваи чекам да ги видам бебушките, инаку ептен почнав да ги осекам многу мрдаат и стварно чувството е прекрасно и неописливо user posted image , . Поздрав и уживај во второ тромесечие user posted image

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 1538
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
15.1.2016 8:28:17   
kuklicka30
fala vi mnogu a koga prv pat go osetivte bebeto da mrtka user posted image jas sum 14 nedela

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 1539
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
15.1.2016 11:36:57   
lukajana RR
kuklicka30 рано е за првите движења посебно ако ти е прва бременост ама кај сите е различно некои порано некои подоцна почнуваат да го чувствуваат бебето.
Имаме тема Тука=Првите движења на бебето има различни искуства ѕирни ја user posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 15.1.2016 11:38:15 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот kuklicka30)
Непосредна врска до пораките: 1540
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
21.1.2016 15:13:52   
scared RR
Девојки кога точно се влага во второ тромесечие? Некаде пишува 12+1 некаде 13+1 си веке во второ user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1541
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
23.1.2016 14:18:54   
SOLE
Scared RR јас мислам дека со полни 12 недели кога влезеш во 13та веке си второ тромесечие user posted image ,
А мене ме интересира во 22ра недела колку треба да биде должината на цервиксот, барав и неможев да ја најдам темата, нели и тема имаше?

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 1542
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
23.1.2016 14:29:05   
Hopeful RR
SOLE, многу ми е мило што те читам тука и што гледам дека си 22 недела user posted image Браво, само нека расте и нека се развива! Се виде дали е дунде или куре? user posted image

Темата за должина на цервикс во бременост е ОВДЕ. Се надевам дека е се ок кај тебе user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 1543
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
23.1.2016 14:31:48   
Melanija RR
Sole темата е оваа КЛИК ,нема некоја табела се е од искуства по различни недели. Нешто се сомневаш, или само те интересира?

Може ова ќе ти помогне
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


Нормална должина на грлото на матката изнесува 40-50 мм, но во текот на бременоста нормално е да се намалува
16-20 недела, вообичаено должината изнесува 40-45 мм
24-28 недела, вообичаено изнесува 35-40мм
32-36 недела, вообичаено изнесува 30-35мм

Доколку во 20 недела грлото е скратено под 25 мм, тоа може да биде знак дека породувањето може да се случи во 36 г.н. но кај тебе не е ни под 25, така што сметам дека немаш место за паника. Само одмарај повеќе и става го утрегестанот, и се ќе биде во ред.



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 1544
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
23.1.2016 15:59:28   
SOLE
Фала ви девојкии, бев кај Петановски на контрола ми правеше и вагинален преглед рече дека е затворено и тврдо и било добро но на извештајот пишува должина на цервикс 3 см а знам еднаш случајно прочитав дека треба да биде повеке од 3 см па некако се исплашив, инаку Петановски во глобала беше задоволен рече се е добро и на ехо бебчињата беа супер нормални за таа недела, исто напредуваат и да Hopeful веке знаеме дека се со куриња user posted image user posted image двечките како твоите, само нека се добри,здрави и прави тоа ми е најбитно! user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1545
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
26.1.2016 9:27:35   
mimidjon
SOLE не сум упатена баш овде но сега гледам дека и ти носиш близначиња ох срценца и јас сум со две уште не ги знам половите сега за две недели ке одам на преглед па може ке се видат што се тогаш ке бидам 18 та неделе.Би сакала во порака ако имаш време да ми појасниш што поточни ти правеа на овој преглед во која недела го правеше ,многу ке ми е од помош.Знаеш мене ми е прва бременост и со две па малку ми е страв-паника шо како од целата ситуација .Убав ден мешиња убави.

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 1546
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
26.1.2016 10:34:32   
Hopeful RR
SOLE, супер! Ќе си имаш двајца дечковци по дома user posted image Ајде нека растат и нека се развиваат како и досега, да си продолжат, па ќе споделуваме искуства!
Mimidjon, не знаев дека и ти си со близначиња, супер! Ќе имаме многу заедничко user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот mimidjon)
Непосредна врска до пораките: 1547
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
26.1.2016 12:17:43   
mimidjon
Да миличка и јас сум со две срценца во мене многу ми недостигаат информации за бременоста зошто не е исто со две и со едно бебенца знаеш и ти најдобро.Каке и да прочитам само вашето бебенце вака вашето бебенце онака а нашите бебенца како... user posted image искрено ме замислувате со соле со пронцовите се молам барем едното да е женско но сепак како биде така да се живи и здрави да растат големи .Кога ке имаш време пиши ми нешто како помина општо во бременоста порагајот...но кога ке имаш време

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1548
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
26.1.2016 12:46:44   
blue_blue
mimidijon, ич да не се секираш толку многу - две, едно - бременост е бременост може и со едно и со две да имаш и да немаш проблеми. Јас немав ама баш никакви, по книга се - две од почеток се ок, мало крварење во 7-ма недела ама одма престана...понатака освен повраќање ништо друго...се сосем нормално. истите прегледи се прават во истите недели и со едно и со две, разлика нема...постои само мала веројатност од прерано породување дека две, па може да нема место, ама и тоа не мора да значи. Моите се родени во 38+5 и тоа на закаѓан царски...така да не се стресувај...ако ти е уредна бременоста се исто се прави како и со едно дете, само што нели трае подолго прегледот дека мора да видат две деца. Колку што се сеќавам одев на прегледи секој месец, редовни прегледи и нели на крвна слика. Имав еден специјален преглед мислам во 2о недела или така нешто и после во 27-28 за срце и развој на органи и толку....друго ништо посебно. Правев амнио цинтеза во 18 недела ама на мое барање и инсистирање, докторот не мислеше дека треба...и тоа..терај како што ти кажува лекарот и не му ја мисли премногу

(Одговор на членот mimidjon)
Непосредна врска до пораките: 1549
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
26.1.2016 13:03:43   
Hopeful RR
Еве го времето, заспаа, па да пишам набрзинка додека не се разбудиле user posted image

И мене ми беше така, малку има информации за близначка бременост и секаде само паники - полека, не е исто како со едно бебе, ризици ризици... цело време бев во грч и уплашена. Барав долго време апликација за бременост со близнаци ама не постои, па си симнав обична и сурфав на нет за како е со близнаци, има на babycentre секоја недела податоци за сите промени.

Кај близначка бременост се е различно од единечна - не смее некоја голема физичка активност (освен благо пешачење со пауза и седнување на максимум саат време), не смее диета (мора мин. 25 кг да се поправиш за да имаат добра родилна тежина), мора да се пази на притисок, и мора мнооогу мирување.

Телото се шири со брзина на светлината, болките во карлицата и матката се поинтензивни од обично, расте побрзо и пошироко, магнезиум по дупли дози и стомакот одма рипнува, сигурно го приметуваш тоа user posted image Отоците на стапалата и нозете се појавуваат порано, но мене во 8 и 9 месец ми исчезнаа скроз, глуждовите ми беа само коски, така што не е страшно.

На работа одев до недела дена пред породување, ме фаќаше с'клет дома и ок беше. Скоро до крај возев, после веќе ме носеше мм, преголема бев user posted image

Беа свртени многу чудно пред породување, едниот со нозете надоле, а другиот попречно врз него, што беше апсолутна индикација за царски рез. Потоа се свртеа и двајцата беа со нозете надоле, што е сепак за со царски, но малку поедноставно за вадење. Породувањето беше во 37 недела, почнаа да стареат постелките и ми закажаа царски следниот ден. Се родија со 2240 и 2600, што е одлично, беа во инкубатор само неколку часа и после се најнормално. Лесно се оправив од царскиот, раната брзо се среди, немав никаков проблем кога дојдов дома, се си правев најнормално. Малце се мачевме со цицање, дека малечки и немаа сила, ама тоа друг муабет, здравје ќе го збориме накнадно user posted image

Во однос на полот, и ние сакавме машко и девојче, за рамнотежа, и некако последна опција ни беа две машки, ама сега не би ги сменила за ништо. Не можам да ти опишам какво задоволство е со двајца дечковци по дома, љубов најголема. Па се смешкаат, флертуваат, гушкаат, бацуваат... а бе ми се плаче од милина. Плус, ако се две машки или две женски, поедноставно и поевтино е за облека - ако се различни мора од се да купуваш различно user posted image Се зезам, дај боже да се здрави прави, што и да се, ќе ги сакаш најмногу на свет user posted image



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот mimidjon)
Непосредна врска до пораките: 1550
Страница:   <<   < Претходна страница  60 61 [62] 63 64   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  60 61 [62] 63 64   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?