|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
8.10.2015 2:02:21   
Despinka
A kliknav na linkceto tuka i mi vika deka temata e izbrisana ili premestena taka da ne uspeav da vlezam za da pisam termince :/

(Одговор на членот Despinka)
Непосредна врска до пораките: 1476
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
8.10.2015 4:10:07   
lukajana RR
Despinka ајде пробај Тука да запишеш, сигурно има некој проблем ,се измешале темите



< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 8.10.2015 4:11:11 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Despinka)
Непосредна врска до пораките: 1477
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
8.10.2015 15:12:49   
Despinka
Da se prijaviv, ok e ova linkce fala ti...

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1478
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
9.10.2015 1:03:46   
Melanija RR
Пазете се user posted image блуза или џемпер плус не е на одмет и повеќе витамини. Повеќе совети за тие стрии кои сите не мачеле има во темата ТУКА и една фина статија од Рингераја ТУКА

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Despinka)
Непосредна врска до пораките: 1479
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
16.10.2015 17:02:02   
Bea
Ете сме ние после скринингот во 21 недела. Го направив кај Димчев, детално го прегледа синко и фала богу се е во ред.
Конечно му го видовме лиценцето иако пак го имаше едното раче на носето :)
Крвната слика исто ми е во ред, се мислам дали да инсистирам на брисеви, бидејќи матичната ми рече само доколку има индикации.
Следно гледање ми препорача од 28 до 30 недела здравје.
Уф, камен ми падна од срцево :)

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1480
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
16.10.2015 19:27:12   
lolla RR
Bea Димчев од Систина е супер доктор, јас сум презадоволна од двата прегледа кај него, заради него останав да се породам во Систина. Браво што се е добро, така нека си биде до термин.

Не сум пишала, од Адамаова сум крајно незадоволна, од 27 недела па до 34 кај неа на ехо бебето мое не растеше, си остана на 27 недела, и 1400 гр, додека Димчев точно погоди у се роди нешто повеќе од 2 кг. Епа не е мала утка за Адамова и 200 евра што и ги оставив за прегледи.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1481
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
17.10.2015 10:25:38   
Kvisko
Беа супер вести. Само нека расте бебчо и нека биде се во ред и понатаму.

Моево од старт се мери малку помало од гестациската недела ама тоа може да ми е од покасната овулација. Јас сум си задоволна од Адамова и иако имав намера да прекинам да одам кај неа после втор скрининг, матичната ми рече сега пак да одам за да бидеме сигурно дека се е во ред. Во Среда на точно 28 недела нешто мало се гледаше па вчера бев пак и се свртело па се мери поголемо. Тоа со тежината врска нема зашто многу зависи од положбата на бебето, што би рекла мајка ми за вас само една инка за слушање на срцето имаше а сега само се паничите те ова на ехо се видело те она. Сега во Понеделник ќе одам пак кај Адамова чисто да ги мери протоците зашто во Македонија за мерење протоци од неа наводно немало поголем стручњак според матичната и според упте двајца други лекари. Димчев не знам да го коментирам ама и за него имам слушано од ептен позитивни до ептен негативни искуства на блиски. Кому како се погодило. Матичната ми вели сите сме луѓе и секому може да се случи да згепи тоа е тоа. Битно само некоја виша сила да ни ги чува бебчињата.

Уште да пишам во Понеделник ќе одам во Санте Плус зашто Адамова сега е таму па ќе пишам ако сакате впечатоци од како ми се видела болницата ако затреба некому. Вака на закажување ептен лесно закажав зашто веројатно немаат уште многу пациени се сама одбрав и ден и саат.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 17.10.2015 10:27:22 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1482
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
17.10.2015 11:17:37   
Melanija RR
Да др.Адамова е во Санте плус ,Kvisko баш ме интересира како е таму и твој впечаток и од прегледотuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1483
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
17.10.2015 23:30:44   
Bea
И јас имав слушано за Димчев крајности, но на крај излегува секој со своето искуство. Мене навистина убав впечаток ми остави, дури и се замислив наредната контрола во 28 кај него да ја правам, а не во Ремедика.
Kvisko, нормално е до 2 недели отстапување, а и на 3 различни места да отидеш - различни мерки ќе добиеш. Викаат суво овошје повеќе да се јаде за зголемување на тежината на плодот- урми, суви смокви, кајсии, па пробај.
Како си со тежина и железо?
Јас сум 6кг поправена до сега, се надевам нема многу да забегам.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1484
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
18.10.2015 13:40:01   
bitolcanka82
Zdravo devojki.I jas sum popravena 6 kg. Vo vtornik gi zedov rezultatite od krvta zelezoto mi e 16 ama hemoglobinot 105.Kazete reshenie za tahikardijata veke nekolku dena ja imam so nizok pritisok a puls 95 duri i kako aritmija osekam ne mi e prijatno a i se plasham pa rekov da ne imate nekoj sovet.Skriningot vo 21 nedela mi e vo cetvrtok..pozz za site

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1485
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
18.10.2015 17:41:45   
Kvisko
Bea skrining nemas vo 28 nedela. Vo 32 e skrining za rast i razvoj. Vo 27/28 mozes da odis samo kaj maticnata na eho cisto da se vidi dali e se vo red. MMene taka mi rekoa i Adamova i maticnata. Kaj mene ova so protocite i merenjeto e zaradi baranje na lekarite od transfuziologija inaku ne bi pravela nisto osven eho kaj maticnata. Maticnata mi objasni deka vo 27/28 eeventualno se odelo na uste eden pregled za srceto ako ne se videlo dobro vo 20-22 ama vo Sistina insistiraat deka ima skrining taa nedela od komercijalni pricini. Isto pisuva i sekade na internet. Sepak ti reshi si.
Za kilaza sum nekade plus 10 i krvnata slika pocna malku da mi odi nadolu pa pred da dobijam anemija preventivno mi dada maticnata Legofer i c vutamin i pak folna.
Bitolcanka toa lupanje na srceto e normalno za ovoj period barem jas taka citav ama ako e pocesto ili mnogu neprijatno treba konsultaciha so lekar.

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 1486
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
19.10.2015 8:24:49   
Bea
Bitolcanka, баш ми е мило што си добро! Јас и пред бременоста имав низок притисок 90/60, сега ми доаѓа мах 110/70. Имам читано доста за низок крвен притисок и забрзан пулс, генералната констатација е дека се додека на организмот не му смета, во смисла на вртоглавици, непријатност, несвестица - не би требало да има проблем.
И мене хемоглобинот ми е на долна граница 11.6, а серумско железо 17.6 - тоа е ок. Кога влегов во второ тромесечие почнав со pre-mama duo мултивитамини + омега 3, дополнително витамин C од 1000 mg и магнезиум како што си земав 2 x 250 mg.
Кај и да се свртам наоколу настинки, вируси, стомачни вируси... Ми е страв во кино да отидам. Чувајте се мамички!

Kvisko, знам дека нема скрининг во 28 недела, така и го разбрав Димчев - само контрола и веројатно да ме наведе на породување кај нив :) Здравје боже до тогаш, имам време за размислувањe.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1487
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
19.10.2015 15:52:29   
Kvisko
Bea тоа е тоа. Веројатно ќе те тера да си се породиш кај нив. Нормално штом еднаш ќе отидеш нема да те пуштат.
Таков е и мојот впечаток од Sante plus. Одма ми земаа телефонски број нормално нели да ми се јавуваат. Сега за сега сум на мисла да си ги откачам. Ќе ме следи матичната а за породување Ремедика или ГАК.
Е сега впечатокот од Sante. Имаше малку пациенти. Веднаш влегов кај докторката. Ме зачуди што на пулт ми ја задржаа личната карта ама тоа е тоа. Инаку ехото е нормално најново од сите што сум ги видела и има голем телевизор во собата за преглед за да може убаво да се гледа бебето. Ехото некогаш само вади мерка па докторката потоа мора да исклучи рачно и на крај не и извади перцентили за протоците. Сеуште не е се уходано како што треба зашто е ново. Чекалната е мала ама сега за сега е ОК. Цените ми се видоа поскапи од Ремедика веројатно во ранг со Систина се.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1488
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
22.10.2015 21:47:10   
bitolcanka82
Devojki ajde i jas da pisham. Denes imav skrining sum 21+3, definitivno se mashko i zensko super se razvivaat, jas nemam nikakvi poteshkotii osven sho mislam deka klavam nekontrolirano na tezina ama toa e samo site zdravi zivi da sme.Mi mereja i dolzina na grloto na matkata >4sm(toa bilo super) ispituvav i d dimeri 996 i tie se dobri, pa srekno na site prodolzuvame ponatamu.. user posted image user posted image Presrekna sum so momce i devojce!!!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1489
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
26.10.2015 9:25:34   
Bea
Здраво мешиња, како сте?
Гледам не сум пишала минатиот пат, патував службено минатата недела за Германија и еве фала богу се вратив и добро се осеќам.
Многу дилеми имав дали да патувам - дека со авион, па трансфери... ама се изначитав по нетов дека нема ограничувања за летање. И матичната докторка и Димчев ми дадоа зелено светло, а и мм беше многу supportive, па се решив некако.
Фино поминав, сабајлево се слушнав со докторката, па се договривме да го ѕирнеме бебето и да измериме грло. ММ ми се лути дека не го оставам на раат бебушот, ама он не го разбира чуството на одговорност што го има мајката додека го носи бебето.
Понекогаш мислам дека кај мажите свеста за постоењето на бебето постепено се гради. Секое ехо е се' повоодушевен од тоа тоа што го гледа и му станува пореално. Вчера за прв пат и самиот го почуствува бебето преку меше :)

Инаку готово, се збогувам постепено со старата гаредорба, ќе морам да купам неколку труднички стварчици. Другарка ми ми даде едни труднички фармерки од H&M, одлични се, ама не можам да носам фармерки на работа. Во Ваикики ништо не успевам да најдам, во една продавница во ГТЦ во подрум бев, ама луѓе - толку напорна продавачка во живот не сум видела и решив да не влегувам таму веќе. Ќе појдам неделава во тие бутици во Буњаковец трговскиот, па ваљда ќе најдам нешто.

Бацки до мешињата!





(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 1490
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
27.10.2015 1:06:34   
Despinka
Bea vo bunjakivec e istata tipka gazdarica :) i jas taka pominav so nejze i tamu i tamu :) i preterizam se so cenite tie dve prodavnici... Bolje ne idi da ne se napnesh uste tolku :D a waikiki idi vo ramstore, vo citymall i capitol segde imash razlicni raboti pa moze ke najdesh neshto po tvoj vkus...

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1491
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
27.10.2015 9:51:54   
LoveableMe RR
Мешковци, повеќе искуства за облеката, имаме ТУКА. user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Despinka)
Непосредна врска до пораките: 1492
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
27.10.2015 11:04:52   
Kvisko
Беа не очекувај ништо посебно од трудничката гардероба. јас викендов бев и до Солун и се некако ми е безизразно и сиво, црно, тегет и толку. тек тук нешто боја да се види. Бев и во H&M и во Prenatal и на уште две три места и секаде е исто. Купив само трудничка јакна од H&M за да ја поминам зимава со голем мешко во неа и решив дека повеќе не купувам плус гардероба. Имам два пара панталони, едни од Waikiki тегет и едни од Prenatal маслинести и неколку труднички џемперчиња и ќе комбинирам со ролките што ги имав од претходно вчера баш пробав една и ми е прилично растегната преку мешко ама ќе помине со џмепер преку неа таман малку да развеселам комбинации.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1493
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.11.2015 12:49:58   
Bea
Одамна не сум пишала нешто во темата, па да се пријавам со денешни информации.
Кај матичната на контрола сум во четврток, денес бев да се боцнам за крвна слика. И ги симнувам резултатите од нет, отварам - прва вредност седиментација 78!!! ШОК!!! Инстант срцебиење, бебушко почнува да мрда, јас не знам главата кај ми е.
Ајде одма чичко гугл, па се инфромирав дека седиментација кај неанемични трудници во втора половина од бременост може и до 90 да оди. Пак некако многу ме се виде вредноста, па ајде и свртев на докторката. Она па ми вика - абе зашто си испитувала седиментација, тоа кај трудници не се ни проверува!!! И ме смири малку, ми објасни дека се додека леукоцитите се во нормални граници или благо покачени - седиментацијата кај трудници нема посебна дијагностичка вредност.
Уффф ми дојде душата на место. Другите параметри се во граници на нормала, покачен ми е холестеролот, ама морам да признаам дека претерав периодов со некоја чудна потреба за бурек, вртена пита и симитки user posted image
Инаку сум полни 25 недели (+1 ден). Се галиме со мешко, си раскажуваме догодовштини, имаме и име user posted image Ми се појави линеа нигра на стомакот и така. Почнав ноќе да имам малку проблеми со вртењето и грчеви понекогаш ми се јавуваат во ногата. Зимам Mg 2x250 + во трудничките витамини има некоја количина. Исто така забушавам со домашни обврски user posted image , а на работа си донесов перниче за канцелариската столица :)
Едвај чекам да го видам на контрола. Секогаш ме фаќа паника пред ехо, не можам да го надминам тој страв, ама ете - се трудам да мислам позитивно и на бебушко да му пренесам позитивни мисли и многу, многу љубов!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 1494
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.11.2015 13:29:49   
wanna be mum
Еве ме и мене тука 14+1 ја започнав 15та недела user posted image Чуден е секој нов момент, на пример полека губењето на симптомите, не ми се лоши веќе, мало гадење од време на време, посвежа сум, се е поинаку од првите 3 месеци кага бев по цел ден во вц.
И вас ви беше така на влезот во тромесечието? Ќе се навикнуваме на нови моменти тоа е user posted image user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 1495
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.11.2015 14:48:55   
Melanija RR
Bea на секоја втора друдница забораваат да и кажат дека не се испитува седиментација,ниту холестерол во бременост.Си постои кратка крвна слика , или ти трудничка крвна слика user posted image

wanna be mum во најубавото тромесечје си user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 1496
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.11.2015 16:18:25   
Bea
Melanija, сега знам :) На првата крвна слика воопшто ги немав овие вредности, а сега земав упат од матичен лекар (не гинеколог) и ми беше издаден за комплетна крвна слика. Ајде, битно да е се во ред.

Него, труднички, сакав да ве прашам - што ви се случува со градите? Мене после првото зголемување во 2-3 месец, не ми се зголемија од тогаш. СО истите прслучиња си останав. Може ли да е поврзано со млекото и можноста за доење понатаму? Немам ни болки, не ги чувствувам тешки, само имам изразени вени и потемнети ареоли.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1497
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
10.11.2015 17:51:48   
bitolcanka82
Bea i jas se prashuvam istoto..Gradite si se nepromeneti, niti teshki, niti bolni niti zgolemeni i jas sum so istite prslucinja..Isto kako tebe samo so izraziti veni i temni areoli.Ajde neka ni odgovorat nekoi so iskustvo

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 1498
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
11.11.2015 11:26:14   
sandriana RR
Девојки, не се грижете за градите - сите сме со различен одговор кон хормоните user posted image .
Сеуште е рано да бидат тврди, а не дај Боже да бидат болни.
Во принцип, во бременост градите се евентуално отечени, но не презначително (јас до породување речиси носев ист градник), поосетливи - да, потемни ареоли и може поизразени брадавки, и изразени вени.
Сегашната состојба нема корелација со лактацијата подоцна.Негде после 30та недела може да забележите, но не мора, лачење на колострум (да ви бидат влажни и лепливи брадавките). Лактацијата се стимулира после породување, самото бебе со цицањето ја стимулира и регулира, како и хормоналниот статус после породувањето.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 1499
   RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до...
11.11.2015 14:40:21   
Kvisko
Мене во втор триместар не ми пораснаа скоро ич градите. Некаде кај 27/28 недела почнаа пак да ме подболуваат како на почеток и ми се зголемија. Сега носам два броја поголеми корпи од пред бременост. Ама не ми се тврди и болни, немам ни колострум. Сите вени ми се гледаат и ареолите ми се темни и толку.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1500
Страница:   <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?