Леб (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


mis. -> Леб (16.10.2009 18:43:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: anica


Од која возраст почнавте да јадете лепче?




nadica -> RE: Леб (16.10.2009 19:24:43)

откога почнавме со дохранување некаде 5-6 мецеци по малку кога јадевме и дававме и неа по 1 залак




BEBICA -> RE: Леб (16.10.2009 19:39:33)

Jas na Monika prv pat i dadov leb na 10 meseci poradi toa sto porano ne mozev zatoa sto nemozese da zvaka a i po preporaka na pedijatarot ne i davav.




mis. -> RE: Леб (17.10.2009 0:43:57)

Па на 9 па и порано веќе почнав со леб бидејќи веќе јадеше храна со глутен а и се караше кога ќе не види како јадеме па морав да му дадам инаку плачки.




Еца -> RE: Леб (17.10.2009 0:47:16)

па веќе на 6-7 месеци кога почна и да седи и во столче ќе ја ставев корката во раце и си ги чешкаше жлебинките.Само обавезно до неа седев да не заголта во случај поголемо парче[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Леб (17.10.2009 8:57:24)

ние на 6-7 месеци по малку од срединката а потоа и корка, Дамјан многу сака леб.




bordan -> RE: Леб (18.10.2009 12:58:50)

Denes prvpat mu staviv lebce vo kiselo mleko i jadese ama nekako mu bese cudno.Nemame uste zabcinja i samo sredinata ja potopiv so mlekoto.Inaku Oleg uste malku ke napolni 8meseci




ripce -> RE: Леб (18.10.2009 17:47:09)

Бордан и ние уште 9 дена ќе наполниме 8 месеци, пред неколку дена првпат пробавме лепче и многу го сакаме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Леб (19.10.2009 11:48:17)

па негде околу 5 месец [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami -> RE: Леб (19.10.2009 11:51:29)

тука некаде 7-8 откако излезе првото запче, а сега обожава леб, ништо без него, го фаќа и се шета по цела куќа со векна леб во раце и гризе сам, никако да му крши некој и недај боже да му го побара лебот- па моите сега си купуваат по два леба- еден за нив еден за Лука[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Maca25 -> RE: Леб (30.10.2009 18:53:48)

Јас не сакав да и давам леб толку рано, таа си сака. немаше пробано, а пушташе рачиња накај лебот. И и дадов. Сега кога ќе види дека некој јаде одма со дубакот се пушта и гледа дали ќе каснеш лепче. Многу сака леб [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].  лебарка моја




mami -> RE: Леб (30.10.2009 18:54:36)

давај и слободно, не за друго- си ги чешка непцата така па полесно и е за запчињата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mis. -> RE: Леб (30.10.2009 18:55:26)

Стефан обожава леб.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Felly RR -> RE: Леб (3.3.2011 21:14:44)

Мојава е многу голема лебарка, да и дадеш само леб ќе се изнајаде, а дај и леб со путер, со мармалад, со еурокрем.......со било што (или макнато во манџа)....одма ќе го плукне. Како да ја научам да јаде лепче намачкано со нешто друго




Snowhite RR -> RE: Леб (4.3.2011 16:50:51)

И Михаил многу јадеше леб, ама сега во последно време, помалку некако, додуша многу работи што ги јадеше претходно сега не ги сака
Период е мислам Фели, ќе си почни да јади и леб, не се секирај, кој е тој што не јади леб




Џесика -> RE: Леб (4.3.2011 20:12:04)

Исто и Борјан само леб сака, едно време со путер и рендан кашкавал јадеше, сега „се отрака“ па приметува, се посегнува сам да го земе залачето и ако го осети намачкано, го фрла... Фели пробај да го маскираш мачканото, мотај го внатре во лебот, дур да го разџвака нема да може да го плукне... е после второто залаче дали ќе го лапне, не знам... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Maca25 -> RE: Леб (4.3.2011 23:11:05)

Јас Нина не ја терам да јаде леб. Поважно ми е да го изеде целиот ручек, како на пр. денес изеде полн тањир спанаќ со павлака без леб. Ако и дадам и леб од ручекот ништо нема да изеде. Леб јаде кога е болна, и тоа само како попара со јогурт. Некогаш знае да земе едно парче и да го чепка и трошки да јаде, ама гледам што помалце леб да и давам, повеќе да е на зеленчук и овошје.
Гледам сега погоре на темава и се присеќавам како беше кога проба леб за прв пат. И кифлички од пекарата на мајка ми. Мислам дека цел ден имаше кифла во рака. Сега кифлите повеќе ги лиже ( како сладолед) отколку што ги јаде.




Felly RR -> RE: Леб (5.3.2011 9:59:13)

И јас не сакам да јаде многу леб, Snowhite изгледа погрешно ме разбрала. Таа јаде леб, ама само леб, ако и го макнам во некоја манџичка одма го плука и бара само леб да јаде. Прашањето ми беше како да ја научам дека лебот се јаде со нешто друго во комбинација, а не така леб со леб[sm=smiley36.gif]. И не можеме да седнеме сите заедно да јадиме, зошто нели ќе има леб на маста извадено, и таа нема да сака уста д аотвори нешто друго да касне, туку само леб. И затоа чекам прво таа да се најади, да касне зеленчук, мевце, па после го вадам лебот и почнуваме ние да јадиме.[sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Леб (5.3.2011 11:31:52)

И јас не сум за многу леб јадење, зошто ако му дадам леб, побрзо ќе се засити и месото и зеленчукот ќе останат, ама бабиве викаат дека требало со ручекот леб да јади, па ќе ти кажам тие како прават(зошто претежно со нив руча, јас сум на работа тоа време) во месото и зленчукот што го варат, го оставаат потечно и му дробат леб и така јади, а јас кога јади од нашиот ручек му макам, ама некогаш сака, некогаш не, некогаш само леб сака, а некогаш само од ручекот без леб.
Што се грижиш Фели, мала е, ќе се научи дека лебот се јади со ручек




Viktori -> RE: Леб (5.3.2011 19:00:41)

Јас не памтам баш кога прв пат пробале лепче, ама сепак беше пред 8-9 месеци. Лебот поточно корката ни служеше некогаш место гума за заби.

Јас и сега не ги нудам леб за ручек. Еден перод Б јадеше многу леб, ама сега веќе не.

Ако бебињата јадат ориз, компир, грашак, боранија што ќе им леб? На нив не им треба нешто да им држи ситост само, туку баш квалитетна храна.

Читав една книга за исхрана поодамна, сеа не сум ја отворила ама дефиниција за бело брашно, сол и бел шеќер беше бела смрт...




Pepelaska * -> RE: Леб (21.4.2011 22:28:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Јас не памтам баш кога прв пат пробале лепче, ама сепак беше пред 8-9 месеци. Лебот по
Ако бебињата јадат ориз, компир, грашак, боранија што ќе им леб? На нив не им треба нешто да им држи ситост само, туку баш квалитетна храна.

Читав една книга за исхрана поодамна, сеа не сум ја отворила ама дефиниција за бело брашно, сол и бел шеќер беше бела смрт...


Е ај де, требало ситост да му држи на бебето, а инаку моево кога јадат сите гледа по тањирите и вика,му дадов еднаш трошка ја излапа сегао обавезно по неколку тровчиња си крка ,ама како џвака како старо некое многу е смешен[sm=smiley36.gif]




mamamoni -> RE: Леб (26.5.2011 13:11:03)

вчера прв пат и дадов сосем малку лебче со јогурт, не гледаше кај што јадиме и ми беше жал, бараше уште ама не сакам да ја учам со леб нема другиве работи да ми ги јади




AnnaMolly RR -> RE: Леб (26.5.2011 13:29:43)

Јас кога го хранам Филип го ставам на неговото столче за хранење и му го доближувам до маса, а на масата му ставам трошки леб. Не му давам да јаде лепче, туку јас го хранам, а тој одвреме-навреме си става по некоја трошка во уста. Ама повеќе си игра со нив и многу е мирен така. Само ако јаде супа за ручек му ставам лепче внатре издробено, ама ако не јаде ништо друго освен супа. 




Pepelaska * -> RE: Леб (26.5.2011 13:36:31)

Леле ние маки мачиме со леб, поточно јас, Мартин лапа леб може и цел да изеде а што е најтрагично си му даваат , ќе го оставам јас абе за 5 мин ќе ме снема ќе го најдам со полна уста лебови, милион пати кажав и пак, јас му готвам јадење тие му пикаат леб не можам повеќе ќе пукнам , знам дека нема ништо лошо да му биде од лебот ама ме нервира такво понашање бе, мене ме нема тие лебот на маса,




Octavia -> RE: Леб (26.5.2011 13:36:41)

Ќерка ми многу сака лепче [sm=smiley1.gif] Буквално се кара кога ќе види дека јадеме, сака и таа. Порано и давав по неколку тровчиња, ама сега почнавме по повеќе. На пр. едно тенко парче со крем сирење го јаде без проблем (без корките, нормално) а имаме само една годинка. И она што ме чуди, кога јаде леб, како ништо да не јаде. Може цел ручек да си го изеде, и после сака леб. Или ако јаде намачкано лепче, после може да јаде кашичка [sm=zmeden.gif]. А слабичка е, не е буце некое. Ме тешат дека сите дечиња сакале леб, ама мене ме чуди ова. Не и давам леб секој ден, на 2-3 дена, најмногу заради адитивите што ги има во него, ама мм ме „кара“ дека ако сака не треба да и ускратувам, посебно затоа што е слабичка, демек, немало да и пречи [sm=zmeden.gif]




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>