RE: Леб (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Natuska85 -> RE: Леб (4.3.2013 14:37:26)

Лебот ни е слаба страна.Штом виде што и да е тестесто шизнува детето и нема шански да не му дадеш ќе плаче ќе се корне. Затоа често го кријам дома па прво ќе му дадам неговиот оброк а после седнуваме ние да јадеме и он со нас редовно леб јаде. Вчера правев калцоне дома и кифлички со мармалад, абе цел ден на леб мислам беше. Додека се печеа стоеше до шпорет и подголтнуваше дури мислам[sm=smiley36.gif].Инаку имаше и за него спешал само со кашкалав[sm=smiley36.gif] , а вечераше кифлички со мармалад[sm=smiley13.gif].




sandriana RR -> RE: Леб (4.3.2013 14:50:55)

Секогаш се обидувам ручекот да го протераме без леб-бидејки детето мое е лебар, и секако појадокот и вечерата се некоја варијанта со лепче, сметам дека нема потреба да го форсираме и за ручек. ова зборам за викенди и празници, преку недела ручекот и е во градинка, па не можам да коментирам за таму [sm=smiley1.gif].
Ако е нешто манџесто за ручек - го пасирам или блендирам погусто,и сама јаде со лажичката, па заборава на лебот, ако е цврста храна - пак се занесува во моментот дека јаде сама, и така го избегнуваме.




AnnaMolly RR -> RE: Леб (4.3.2013 15:10:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Секогаш се обидувам ручекот да го протераме без леб-бидејки детето мое е лебар, и секако појадокот и вечерата се некоја варијанта со лепче, сметам дека нема потреба да го форсираме и за ручек. ова зборам за викенди и празници, преку недела ручекот и е во градинка, па не можам да коментирам за таму [sm=smiley1.gif].
Ако е нешто манџесто за ручек - го пасирам или блендирам погусто,и сама јаде со лажичката, па заборава на лебот, ако е цврста храна - пак се занесува во моментот дека јаде сама, и така го избегнуваме.


Точно и ова сакав јас да го кажам! Значи не сум луда што не му давам леб за ручек, кога си јаде лепче во другите оброци.




elenak -> RE: Леб (4.3.2013 15:30:55)

Мојава може е уште мала, ама леб имаме само еднаш дневно на мени. Ако е во појадокот, тогаш со вечерата нема, а со ручекот скоро никогаш. Ептен ако е многу течно, ако ми се истури повеќе водичка па да згуснам. Мислам дека нема многу аир од јадење леб. Еден искусен педијатар на кој му верувам кога слабо ми напредуваше Ј во килажа ми рече: Сакаш да го згоиш детево побрзо без разлика дали ќе јаде здраво? Тогаш само давај и почесто јаглехидрати, леб, тестенини.




Bethany -> RE: Леб (4.3.2013 15:45:13)

Мојот син не е некој љубитељ на леб, а инаку се сложувам со еленак дека без лебот се може-ништо не се пропушта. Ако во јадење основа е компир или ориз тоа е најдобра замена за лебот, а пак јас лебот му ставам само во такви некои манџи како леќа или гравче, чисто ете оти така ми е повкусно.
А ретко имаме леб инаку, подобро е да изеде чиниче овесни снегулки наместо кришка леб со нешто. Не ме разберите погрешно, немам ништо против леб, туку само сакам да речам дека тој не е неопходен ако се во храната вклучени житарки на друг начин.




Maca25 -> RE: Леб (4.3.2013 15:46:15)

Јас дома леб многу ретко и давам. И така во градинка имаат и за појадок леб и за ручек со манџата им даваат леб, дома и давам леб намачкан со нешто ептен ако не знам што да и дадам да јаде. Она додуша не знам зошто некогаш си бара само леб, сув и маслинки на пр. или салата, ама тоа ретко. И бел леб не јадеме, мм може по грешка само некогаш да купи, купуваме најчесто ржан или пченкарен.




vezilka RR -> RE: Леб (4.3.2013 16:08:37)

Никола скоро и да не јаде леб, ич не го сака. Колку јаде во градинка, толку му е леб во менито. Јас евентуално му давам 2 пати во неделата најмногу, ако ептен немам што друго да му дадам за вечера, и тогаш морам да му го замаскирам со многу кашкавал или сирење. Досега никогаш му немам дадено леб со ручекот, или да му ставам во манџичка или супа. Кога самиот не го сака лебот, сметам дека нема потреба да му го давам.




dostickage -> RE: Леб (5.3.2013 13:36:56)

I V ne jade voopsto leb. Ponekogas ima denovi kade sto voopsto nema kasnato lepce.
Pred nekoe vreme bea sami so mm , i go natepal 3,5 kriski leb pa ocekuvav da mu se slosi ama nisto ne mu bidna[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Inace doma site jademe integralen leb Nutri so soncogled taka da moze da se sobere 2-3 pati nedelno vkupno da jade leb.
Ponekogas koga kupuvame belo toplo lepce od Pastel znae da ja gloda sredinata do pola ama toa e navistina retko mozebi ednas mesecno.
Inaku se drugo si jade i mnogu saka domasno meseno testo, duri znae i da mi pobara da mu napravam pita ili kiflicki. 




Mihaela 2010 -> RE: Леб (5.3.2013 13:41:21)

Nie isto koristime Nutri so soncogled,ama moevo dete ide od krajnost vo krajnost...leb namackano so nesto nejke da cue,mnogu retko ako kasne,vo mandji i stavam,a da suv leb krka,i toa ke mi rece sakam suvo lepce,ke i recam abe da ti namackam so nesto?neee suvo ,i taka znae cela kriska da si izede




Snowhite RR -> RE: Леб (14.7.2013 20:52:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mama78

Vcera slusnav od pekarite deka ete stetno bilo za decata do 3 god da jadat crn leb! Dodeka pak beliot sodrzi gluten. Sega kako da se odlucime sto e podobro za nasive dusicki? Moeto ima 8 mes i ima ruckano pavlaka so bel leb a i denes na menito imame toa.Ako imate nekoi poznavanja piset_e





sandriana RR -> RE: Леб (15.7.2013 12:05:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: mama78

Vcera slusnav od pekarite deka ete stetno bilo za decata do 3 god da jadat crn leb! Dodeka pak beliot sodrzi gluten. Sega kako da se odlucime sto e podobro za nasive dusicki? Moeto ima 8 mes i ima ruckano pavlaka so bel leb a i denes na menito imame toa.Ako imate nekoi poznavanja piset_e



Глутен секако треба да се воведе во исхраната од 6от месец, и како што не треба да се воведе прерано, не треба ни предоцна. И невнесувањето на глутен (доколку нема некоја оправдана причина, нели), си има свои последици.
Така да сметам дека каснувањето по едно лепче/кришка бел леб нема да му наштети на бебето/детето. Повеќе ми е проблем адитивите во лебот, отколку глутенот. Ако сте во можност, правете си дома лепче, но доколку немате можност, умерен внес на леб не е штетен. За црн леб не би шпекулирала, немам точни информации, иако јас досега (речиси 2 години), не сум го дала на дете.




Melanija RR -> RE: Леб (21.8.2014 23:12:36)

Јаде леб со к.млеко и јогурт, но се мислев за ситос да му ставам малку леб во зеленчуковите каши.Пробав еден ден со вртеше со глава па продолжи само каша




Melanija RR -> RE: Леб (24.7.2015 14:53:25)

Ау после 1 година контра.Околу 19месеци а види леб бара да јаде и тоа со викање.Леб на маса мора и од и тоа така сув или со нешто да му се мака.Некогаш така знаи и сам да побара.Но веќе од 21-22 месеци почнав и со ручекот да му давам за да се засити ,И така манџичка и 2 кришки леб [sm=smiley36.gif]




lukajana RR -> RE: Леб (24.7.2015 23:54:55)

Јас леб давам по малку таму каде мислам дека може да се даде ,а и Ј знае сама да побара некогаш и не и бранам ама и многу не го форсирам ако нема потреба не инсистирам




Melanija RR -> RE: Леб (25.7.2015 12:49:31)

Јас дури и бранев,ама како растеше сакаше и го заситуваше.М е дете кое јаде и количински но за ситост давам и леб со ручекот




Defne90 RR -> RE: Леб (25.7.2015 15:18:23)

Леб јадеме онолку колку што си е нормално.Ни помалку ни повеќе.Кога јадат некоја манџа во неа им го дробам,инаку така посебно не сакаат со манџа да го јадат.Инаку кога имаат нешто суво за јадење си јадат по едно до две парчиња леб со тоа.Сепак не претеруваме,се си е во границите на нормалата.[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Леб (27.7.2015 13:07:15)

Ќеркулињата ми се лебарки невидени [sm=smiley36.gif]
Прва чешалка за заби, со навршени 6 месеци, им беше младо кромитче/лукче и корка леб. Така навикнаа кога имаат мака со забите - кога им растат, да глодаат лепче.
Илина сега, со полни 10 месеци јаде една срединка лепче за појадок или вечера, намачкана со некој намаз, а за ручек не давам леб.
Тина, од лани и премина во навика од градинка да јаде сув леб ( и тоа не е повеќе од една тенка кришка) кога не знае што со себе или има потреба од грицкање. Инаку, преку недела јаде за вечера тостирано лепче со намаз ( кришка или кришкаипол).




MamaKiki -> RE: Леб (27.7.2015 15:24:38)

leb mu dadov docna na S nekade so polni 8 meseci proba gluten i posle nekoja nedela mu dadov lebce vo raka ama cesto ne znae so da pravi so nego pa go frla [sm=jezicek.gif]
nesto pred 9 meseci pocna da se odbiva od pasirana hrana samoto ,se macevme za jadenje i pocnav da mu makam so leb i si jadeshe [sm=smiley36.gif] sega e veke nekolku denovi pred polni 11 i veke jade i teleshko ako e na sitni parcenca ama cel mesec dodeka da bidam sigurna deka znae da zvaka bevme na leb barem vo 2 obroci ne jadeshe mn kolicinski ama morashe da davam za da sovlada zvakanje eve sega veke namaluva na lebot :) obozava leb namackan so puter (sreda od edno parce ) tostirana kolku da se stopi puterot i da omekne so prilog od kiselo mleko/pavlaka ili abc sirenje a cesto i varena zolca mu mesham vo "namazot' i ic ne se protivi si ja jaadi [sm=bravo.gif]
a da sestra na sovetuvalishte me iskara koga i kazav deka leb ne mu davamtoa beshe okolu 9 meseci, demek piramidata na ishrana mi kazuvala se najvaznoto i najagolemoto nivo bilo na leb, testenini, i zitni prerabotki [sm=smiley1.gif] zatoa i mnogu ne mu se sekirav periodot od okolu mesec dena deka jade poveke lebaasto




bucko mal -> RE: Леб (28.7.2015 4:53:40)


M ic ne jade leb I ako kasne malku ke go jade suv pa posle prodolzuva da jade glavno jadenje. Neznae da jade zaedno.
Za vecera obicno jade nesto namackano so leb, a ako se pogodi nesto testenini da vecerame ili nesto drugo znae so denovi da ne kasne leb.




AnnaMolly RR -> RE: Леб (28.7.2015 10:44:56)

Филип за ручек не јаде никогаш леб, само манџичка и салата.
За појадок или вечера обично си јаде леб, па сметам дека нема потреба да јаде и за ручек. Така си се научи и сега не сака лепче за ручек.




sandriana RR -> RE: Леб (2.10.2015 10:42:32)

Девојки, дискусијата по прашањето на tincule може да ја продолжиме тука - Справување со нејадењето, а искуства има и овде - Не сака да јаде




Lala* -> RE: Леб (26.11.2015 11:38:49)

Омилено нешто на малово му е леб со кашкавал, може дека кога бев трудна најмногу тоа го јадев [sm=smiley36.gif]. Уште не сме пробале корка, само средината ја јаде. Имаме две запчиња и третото ни расте, сите му се доле па ќе пробам денес да видам дали ќе ја сака да ја грицка.Може убаво ќе му дојде на непцата. [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]