|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Миом на матка
6.5.2009 22:39:26   
Еца
Миомите се бенигни израстоци од мазното мускулно ткиво на матката. Се јавуваат кај 20 - 50% од сите жени. Секоја трета жена, по 35-тата година од животот, има миом. Миомите растат на различни места и делови на матката.
Причината за настанувањето на миомот не е сеуште позната, но со оглед на фактот што миомите јавуваат во репродуктивниот период на жената и што нивната големина се намалува во постменопаузалниот период, сето тоа зборува во прилог на естрогената зависност на миомот
Поголем број на жени немаат никакви симптоми и кај нив може миомот случајно да се открие, при рутински гинеколошки преглед. Поголемите миоми можат да пердизвикаат неправилни, интензивни и продолжени крварења пратени со анемија, како и чувство на притисок во стомакот или чувство на надуеност. Понекогаш миомите ги притискаат околните органи како: мочниот меур и дебелото црево и на тој начин да предизвикуваат одредени тегоби. Чести се и болки во слабините.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Миом на матка
6.5.2009 22:53:47   
fibimk
Mene mi otkrija miom na matkata pred 3 godini...slucajno.Bese 2.5 cm.Najverojatno  za vreme na bremenosta koja ne bese uspesna se pojavil.Posle toa kaj mene nastapi potezok period vo zivotov vo smisla na psihicka opteretenost,kaenje i sl....sto dovede do depresija.kako rezultat dobiv poremetuvanje na ciklusot i hormonalen disbalans i imam veke 1.5 god oskudna menstruacija.Imam tenok endometrium,pa pretpostavuvam radi toa.Lekarot mi prepisa progesteron.Primolut Nor....ama od nego mi porasna miomot za zal.....na 4 cm.Gi prekinav i sega gledam da so narodni lekovi da go namalam....ako ne uspeam ke go operiram.
Inaku nemam krvarenja,osekam kako malpritisok vo dolen del....ama ne mozam so sigurnost da recam deka e od miomot! Zavisno kade e moze da pravi problem...ako sto i Elena rece!Moze i da predizvila neplodnost ako go potisnuva jajnikot!
Se otsranuva so histeroskopija.......kratok zafat,so anestezija sekako.....boli nekoj den...krvaris mozda malku.....Inaku moze povtorno dase javi.
Od narodnite lekovi na eden forum naidov na eden ednostaven recept:
2 lazici leneno seme,2 lazici med i 200 ml voda.daotstojat 36 sati vo palsticna casa,se cedi i se pie na sabalje na gladno.7 dena se pravi so po 2 lazici,a 7 dena so po edna lazica leneno seme i med.Isklucivo se zema so palsticna lazica i se cuva vo palsticna casa!
Probav 14 dena piev...ama ne otidov na kontrola...mi bese starv od neuspeh.Sega pijam uste 7 dena pa ke odam da vidam dali deluva lekot!
Ako ne ke pocnam so caevi.....poracav od Beograd!Isto i vo www.herbateka.com.eu mozete da pobarate za miomite caj:ednakva mesavina od ajducka treva,neven i kopriva.......po edna lazica se preleva so 200 ml vrela voda.otstojuva i se pie 3 pati dnevno..... 

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:29:49   
hristijana
fibimk i mene so tableti mi doaga menstruacija veke edna godina znaci li toa deka i jas imam miom?doktorot sekoj mesec me gleda na eho  i vika deka se e vo red ,se zabelezuva miomot na eho?

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:30:42   
Еца
фибимк од срце ти благодарам што го подели ова искуство со нас,зошто верувам уште многу ќе се јават на оваа тема и заедно ќе минуваме низ се што доаѓа.Можеби некој ќе рече,како не,ниту ме знаат,ниту ме познаваат,но верувај тука на рингераја сите сме семејтво во добро и лошо,тоа е нашата цел,да создадеме рингераја семејтво,и во секој момент да можеш да се потперш на некој од нас.Ако ништо друго барем да имаш со кој искрено да разговараш,во секој момент.Некогаш човек ќе се искаже и си ја олеснува душата.Голем поздрав до тебе и сите кои ја посетуваат нашата странаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:39:48   
fibimk
Hristijana....na eho segleda miomot.Ako nemas,znaci nemas.....toa e super!Jas ne dobivam so tableti....dobivam redovno na 28.29 dena,samo sto mi e mnogu oskudna...za 2 dena zavrsuva.....slabo krvarenje imam......Zatoa piev i progesteron,ama za miomot ne cinelo izgleda.Po pravilo toj raste od estrogen,a ne od progesteron,ama ete kaj mene deluvase!user posted image
Ti isto imas hormonalen disbalans.....pa mozda treba da probas so kontracepcija...obicno se regulira.Plus....obavezno pijaj ZINK.....toj e za sinteza na hormonite.Najdobro  CA+Mg+Zn......
I bez nervozi...to e najvazno.....

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:50:26   
hristijana
fifi veke vo dve godini piev poveke od deset pati Primolut nor i 5,6 pati klomofen i mene koga ke mi dojdi so tableti mi trae 2 ,3 dena i toa mnogu malku,a pred da se sluci spontaniot abortus imav sedum dena i toa mnogu.

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:53:11   
hristijana
mene doktorot neznae nisto da mi kaze samo me pregleduva i mi prepisuva primolut i vika se e vo red ajas umiram od maka nemozi vo red koga edna godina ne mi doslo prirodno ,neli treba da se najde pricinata.

(Одговор на членот hristijana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:53:59   
hristijana
zvini fibi jas fifi te napisav

(Одговор на членот hristijana)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Миом на матка
6.5.2009 23:59:20   
fibimk
Pa moras lek dabaras...toa sigurno....akone ti odgovara maticniot ginekolog smeni go.Iam podobri.Jas planiram vo SK da odam zaovaj problem.I jas porano imav 5 dena,a se ga 2-3...i toa malku sosema.....
Ama da znajs deka e od stres i nervoza...ne od abortusot....znajs kolku zeni pravat i toa po nekolku pati....ne e od toa...od psihata e...Taa udira na hormonite prvo......Se osekas depresivna,nervozna????......Jas Da....i toa podolgo vreme....poleka stresot si go remeti organizmot!
Inaku obavezno smeni lekar....i gledaj SK da odis na privatna klinika...po drugive gardovi ne se tolku dobri lekarite...veruvaj!

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот hristijana)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Миом на матка
7.5.2009 0:11:09   
hristijana
fibi sekoj razlicno dozivuva plus ovoj bese spontan abortus nie so dusa cekavme detence i najgolema tragedija bese pred 2,3 meseci maticniot mi vika ne bil siguren dali bil spontan abortus ili samo krvarenje a sto pati me gledase na eho pred da me prati na cistenje.tolku mi dojde preku glava jas ovie 2 godini niz sto pominav nemozam uste da se pamiram deka mi se sluci spontan abortus a toj i ne bil siguren sto e.togas bev resena da se otkazam od doktori i da si sedam doma ama nemozi da mi dojdi bez tableti a pred  tableti treba da me pregleda nekoj i pak se vrativ kaj nego.

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Миом на матка
7.5.2009 0:22:39   
fibimk
Definitivno Hristijana da si go smenis lekarot!Ne e nacin samo da pijas hormoni......Jas ti preporacuvam dokolku finansiski mozes da podneses,da si odis Skopje vo privatna klinika.....nisto ne te kosta.....barem ako ne ke slusnis drugo mislenje....
Gledas tvojot 2 god ne ti go resil problemot...znaci nitu ima namera da ti pomogne,Site nasive se samo parite da ti gi zemat.....samo Skopje vidi...Jas ke odam vo Histera...tamu mi preporacaa.....Ako sakas ke ti dadam tel pa zakazi pregled i odi vidi....ne cekaj...posebno koga si planiras bremenost!
Ne moze pregledot da e poskap od 1500 den.....pa mojov ovde mi zema samo zaeho 800 den,a nekogas i 1000...demek za konsultacii!Pa vo Sistina e 1500 kako sto razbrav!

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот hristijana)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Миом на матка
7.5.2009 0:52:00   
hristijana
mozi da mi go dades brojot ako sakas

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Миом на матка
7.5.2009 12:49:02   
fibimk
Eve go brojot Hristijana:
Ordinaceja za zensko zdravje HISTERA  Dr.Filip Vanevski
Bul.Kliment Ohridski 54-2/3 Skopje
Tel.02-3217972
      02-3217973
E-mail:filvan@t-home.mk

Vidi,javi se....prasaj kolku e pregled...i zakazi...moras da vidis i vtoro mislenje...ne e nacin samo hormoni da se zemaat!
Pozz i kazi sto ke storis

_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот hristijana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Миом на матка
19.11.2009 14:20:48   
big_mama817
ШТО СЕ МИОМИ
Миомите се бенигни тумори на матката. Направени се од мускулни клетки или друго ткиво. Мимомите може да се јават поединечно, во пар или пак во гроздови. Големината на миомот може да варира во дијаметар од неколку милиметри па се до 20-30 см и тежина од повеќе килограми. Најчести симптоми кај миомите на матка се: силни ментруални крварења, крварења помеѓу 2 менструации, болка во малата карлица, спонтани абортуси, може да се јави неплодност ит.н.
Повеќето жени кои имаат миоми можат да забременат, но во некои случаи во зависност од поставеноста на миомот може да се јави и неплодност.
ФАКТОРИ НА РИЗИК
Возраста. Миомите најчесто се јавуваат од 35 год. до менопаузата. После менопаузата најчесто атрофираат. Ова се случува затоа што на нивниот раст влијаат хормоните прогестерон и естроген. Во менопаузата хормоните се намалуваат, па со тоа и миомите.
Наследен фактор. Ако во Вашето семејство има некој кој боледува од оваа болест, има поголеми шанси и самите да заболите.
Дебелина. Кај жените со преголема телесна тежина, зачестеноста на миомите е 2-3 пати поголема.
Навики во исхраната. Миомите почесто се јавуваат кај жени кои јадат многу црвено месо.
ПОДЕЛБА НА МИОМИТЕ СПРЕМА МЕСТОТО НА КОЕ СЕ НАОЃААТВо зависност од местото на кое се наоѓаат миомите се делат на повеќе групи:
  • Субмукозни – растат непосредно под обвивката на матката, во нејзината внатрешност. Можат да бидат причина за тешки или продолжени крварења.
  • Интрамурални – растат во ѕидот на матката, помеѓу мускулните клетки.
  • Субсерозни – растат на надворешната страна на матката. Ако се големи и притискаат на бешиката можат да предизвикаат проблеми со мокрењето, ако се на задниот дел од матката можат да предизвикаат болки во долниот дел од грбот, ако пак притискаат на ректумот можат да предизвикаат констипација.
  • Како посебна група ќе ги издвоиме петелкастите миоми – растат на петелка (дршка), можат да се наоѓаат во матката или надвор од неа.

СИМПТОМИМиомите понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и често можат да бидат откриени при рутински прегледи. Но понекогаш можат да предизвикаат:
  • Тешки менструални крварења.
  • Продолжени менструални крварења или крварење помеѓу 2 менструации.
  • Притисок или болка во малата карлица.
  • Неможност за мокрење или често мокрење (доколку притискаат на бешиката).
  • Болка во долниот дел од грбот.
  • Констипација.

МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИМиомите обично не се опасни но понекогаш може да предизвикаат и проблеми:
  • Aко миомот го надрасне неговиот доток на крв, може да почне да предизвикува болка или дури и треска. Ова се јавува како последица на изумирањето на неговото ткиво. Исто така и петелкастите миоми може да предизвикаат болка ако се усука петелката и се прекине доводот на крвта во миомот.
  • Тешките крварења може да доведат до анемија.
  • Доколку се работи за субмукозни миоми, може да го спречат имплантирањето на ембрионот.
  • Зависно од поставеноста и големината, миомите понекогаш можат да ги блокираат јајцеводите.
  • Според некои испитувања стапката на спонтани абортуси кај жените со миоми е нешто поголема.
  • Понекогаш за време на бременоста можат да предизвикаат силна болка, особено помеѓу првото и второто тромесечие.
  • Во бременоста миомите можат да пораснат. Сепак повеќето од миомите во бременоста се со стабилна големина.

ТРЕТМАН НА МИОМИТЕДали ќе има потреба од третман на миомот се одлучува врз основа на тоа дали тој предизвикува нелагодност, од возраста на пациентката и од тоа дали таа има намера да раѓа. Кај повеќето од миомите нема потреба од никаква интервенција.
МедикаментиПонекогаш во случај на болка се даваат медикаменти од типот на Ибупрофен. Доколку жената има јаки крварења се дава и железо за да не дојде до анемија. Понекогаш се препишуваат и орални контрацептиви, кои го намалуваат крварењето и го спречуваат растот на миомите. Истото може да се постигне и со давање на прогестерон во вид на инекции.
Хируршки интервенции
Миомектомија – оперативен зафат при кој се отсрануваат миомите, без при тоа да се отстрани и дел од здравото ткиво. Се препорачува за жени кои имаат намера да раѓаат. Миомектомијата може да се изврши како класична операција на стомакот, лапароскопски или хистероскопски. Изборот на видот на операцијата зависни од место положбата и големината на миомот. Негативна страна е што после операцијата може да се појават нови миоми.
Хистероктомија – операција при која се отстранува целата матка. Оваа операција е единствена сигурна гаранција дека миомите нема повторно да се појават. Се прави во случај на големи миоми со тешки крварења, ако жената нема намера веќе да раѓа деца и ако не се наоѓа близу до менопаузата. Може да се изврши како класична операција или во случај на помал миом и лапароскопски.
Ендометријална аблација – се уништува ендометриумот. После оваа операција кај половина од жените веќе не се јавува крварење, а кај повеќето од останатите е многу намалено. Негативна страна е што после овој зафат, жената повеќе не може да раѓа.
Миолиза – во миомот се внесува посебна игла и со пуштање на електрична струја или замрзнување миомот се уништува. Обично операцијата е лапароскопска.
Емболизација на миомот – многу мали парченца пластика или гел се внесуваат во крвниот сад кој го снабдува со крв миомот и се спречува дотокот на крв. Тоа предизвикува миомот да се намали. Се применува кај жени кои не сакаат повеќе да раѓаат.

извор:твое бебе

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот fibimk)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Миом на матка
19.11.2009 15:05:00   
Anushka
јас 2005 си го оперирав моето миомче и си направив место за мојата ќерка ... трет царски. И ич не ми е жал.
Боље спречити него лечити!
П.С.: одев јас така редовно на прегледи на гин. Па волкав е миомот, па онолкав... па пораснал од минатиот пат итн. Па му реков на докторот: несакам да го одгледувам во матка ко` да ми е дете. Вадете го!

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Миом на матка
1.12.2009 13:44:25   
arh_diz
Повекето гинеколози кажуваат дека доколку миомот не претставува проблем нетреба да се пипка , посебно ова сакам да го напоменам на оние што немаат деца сеуште.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Миом на матка
6.12.2009 12:22:11   
ripce
Миом на матката

Миомoт на матката е ( бенигни ) доброќуден тумор на матката.
Причините за појавата на миомoт сеуште се непознати. Се знае дека миомoт е хормонски зависен тумор и дека за неговиот раст неопходен услов се естрогените.
Миомoт расте при давање на естрогенска терапија и бременост, а се намалува за време на менопауза. Се развива често кај жени со покачена телесна тежина, хипертензија и мастопатија. Честа е и комбинацијата на миом со ендометриоза,  хиперплазија на едометриумот и полицистични јајници. Миомите можат да бидат со големина од оризово зрно до големина на детска глава. 
Можат да се сретнат три основни вида:
субсерозни -
расположени на површината на матката,
интрамурални - расположени во самиот ѕид на матката и
субмукозни,
кои проминираат во лигавицата на матката. Има и миоми сместени во грлото на матката, таканаречени цервикални миоми. При појава на миом во ligg.latum тој миом се нарекува интерлигаментарен. Миомите имаат бледорозеникава боја.

Клинички симптоми
Во најголем број од случаевите предизвикуват абнормално ендометриjално крварење - хиперменореја, метрорагија, менометрорагија. Типот и големината на крварењето претежно зависат од локализацијата на миомите. Најобилно крварење има кај субмукозните миоми. Болки нормално нема, но може да се јават за време на овулација или пред појава на циклус. Болка може да има при торзија на миом ( усукување ) при што тој некротизира. При некроза се зголемува и телесната темперaтура и се покачуват леукоцитите. Поголемите миоми можат да предизвикат компресија на соседните органи, како на пример мочен меур, уретер, ректум и други. Миомите на матката можат да предизвикаат и стерилитет (брачна неплодност ), а при постигнување на бременост и спонтан абортус.

Дијагноза – се поставува најчесто со помошта на ултразвучен апарат.

Лекување – Начинот на лекување зависи од возраста на пациентката, локализацијата на миомoт, симптоматологијата, прогнозата за можните компликации и од изкуството на специjалистот. Под набљудување можат да се остават пациентки без симптоми, но при сигурна диjагноза, локализација и големина на миомoт. Контролни прегледи се прават на секои 6 месеци. Конзервативното лекување е во насока на анемијата и крварењето. При често, обилно и продолжително крварење лекувањето е по оперативен пат.

Миомите се доброќудни тумори и изклучително ретко поминуват во малигна болест ( сарком ).

< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 12:23:29 >

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Миом на матка
6.12.2009 15:48:46   
arh_diz
Во Америка секоја 4 бела жена и секоја 2 црна жена имаат миоми и раѓаат деца без знацителни проблеми

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Миом на матка
13.1.2010 12:32:41   
arh_diz
Na rastot na miomite vlijae nacinot na iishrana i nacinot na zivot. Treba da se izbegnuva stresni situacii , hronicen umor nedostatok na son,.Regularno treba da se zanimavate so nekoj sport , treba da se jade sto poveke ovosje i zelencuk da se pijat svezi sokoi.So toa moze da se namali estoerogen vo vasiot porganizam i da se namali miomata

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Миом на матка
13.1.2010 12:35:14   
mother 29
ima i genetska predispozicija..baba mi od majka e operisana,majka mi e operisana opd miom na matkata .................user posted image sega ne mora da znaci,megutoa se ostava prostoruser posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Миом на матка
22.5.2010 0:42:08   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktor2

Zdravo jas sum Viktorija.Imaf 24 miomi prvo bev vo Sistina tamo nesto se zanesuvaa  deka ima moznost da ne uspeat da gi izvadat site i deka ke mi ja izvadat matkata.Otidov kaj profesor Stojovski koj me primi mnogu profesionalno,mi objasni se iako mn ne zboruva kontaktot mu e strogo profesionalen.Me operirase i mi gi pokaza duri i sliki od miomite i se zaprepastiv.Doznav od anesteziologot na operacijata deka bila izuzetno teska no jas nisto ne cuvstvuvam i me pusti 4 den da si odam.Prezadovolna sum i srdecno ti go preporacuvam.Dokolku e potrebno mozam da vi dadam negov kontakt.Pozdrav


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Миом на матка
22.5.2010 23:50:36   
suzeto
ovaj lek go najdov nekade za miomi cisti
1.HRASTOVA KORA
1 litar vode staviti da provri, dodati 2 ravne supene kasike Hrastove kore i
kuvati 3-4 min. Skloniti sa vatre, poklopiti i ostaviti da se ohladi do
temperature za ispiranje. Procediti i ispirati se irigatorom ili pumpicom za
vaginalno ispiranje

2.KANTARION CAJ
1 litar vode staviti da provri, dodati dve ravne supene kasike kantarion caja (NE KUVATI). Poklopiti i cekati da se ohladi do temperature za ispiranje. Od cele kolicine uzeti 200 grama i popiti a ostatkom se isprati irigatorom ili pumpicom za vaginalno ispiranje.

3.KANTARIONOVO ULJE
Svako vece tampon nakvasiti kantarionovim uljem i tamponirati preko noci.

4.MATICNI MLEC
Ujutru i uvece, najmanje pola sata pre jela uzeti po jednu plasticnu ili drvenu kasiku (nikako metalnu!!!!). Mlec polizati kao lizalicu, ne gutati vec da polako sklizne niz grlo. Teglice drzati u frizideru.

NAPOMENA!!!!

TRETMAN KORISTITI PRVIH SEDAM DANA SVAKO VECE I ISPIRATI SE CAJEVIMA NAIZMENICNO: (JEDNO VECE HRASTOVA KORA, JEDNO VECE KANTARION CAJ). DO KRAJA TERAPIJE TRETMAN KORISTITI NAIZMENICNO DVA PUTA NEDELJNO. TRETMAN NE KORISTITI ZA VREME CIKLUSA.

Caj od crvenog zdravca je namenjen za muskarce i mogu jos piti propolis, maticni mlec i jabukovo sirce i med.


jas nikako da go pocnam koga e vidov pumpata za ispirajne me fati stravuser posted image user posted image

< Поракaта ја уредил suzeto -- 22.5.2010 23:51:14 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Миом на матка
22.5.2010 23:56:23   
suzeto

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

фибимк од срце ти благодарам што го подели ова искуство со нас,зошто верувам уште многу ќе се јават на оваа тема и заедно ќе минуваме низ се што доаѓа.Можеби некој ќе рече,како не,ниту ме знаат,ниту ме познаваат,но верувај тука на рингераја сите сме семејтво во добро и лошо,тоа е нашата цел,да создадеме рингераја семејтво,и во секој момент да можеш да се потперш на некој од нас.Ако ништо друго барем да имаш со кој искрено да разговараш,во секој момент.Некогаш човек ќе се искаже и си ја олеснува душата.Голем поздрав до тебе и сите кои ја посетуваат нашата странаuser posted image user posted image user posted image

user posted image user posted image da tuka sme semejstvo. tuka mozam da si ja kazam makata mi olesnuva ..podobro mozis da spodelis problem so nekoj sto ne te poznava i sto pominal niz slicno iskustvo, nego nekoj prijatel sto ne moze nisto da ti kazi,pomogni itn......samo te gleda i nisto ne kazuvauser posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Миом на матка
23.5.2010 0:06:49   
Maca25
Кога дознав дека сум бремена, отидов кај матичниот гинеколог и освен тоа што констатираше бременост, ми рече дека најверојатно имам миом. Се извадив од памет. Ми рече дека бременоста може да се одржува и со миомот и дека не треба да паничам. Ми даде и снимка од плодот, која ја однесов на гинекологија, кај докторка (пријателка ) и таа според снимката ми рече дека изгледа како миом, но треба да се почека до следниот преглед ( за да не ме изложувале на прегледи секој ден во рана бременост) и да се види. Јас имав многу нередовен циклус, хормонално пореметување - висок пролактин, низок естроген, хипотиреоза, многу често ми се јавуваа цисти на двата јајника и затоа се цудеа докториве како јас останав бремена. Не можев да издржам и закажав преглед во Систина каде што ми не се виде ни М од миом. Среќна си отидов дома и после 8 месеци ја родив мојата кукла.
Затоа, моја препорака - побарајте повеќе мислења и тоа во различни болници (и никогаш не кажувајте пред време што ви рекле другите доктори).


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Миом на матка
16.6.2010 16:07:11   
fibimk
I jas ke se pofalam deka go otstraniv miomot.....samo sto ne  bese eden tuku mi istavija 3 miomi.Edniot intramuralen za koj znaev i zaradi kogo otidov bese 4cm,a drugite dva bea subzerozni,znaci nadvoresni po 2 cm(bile na petelka).Se pravev laparaskopski vo Remedika,kaj Dimitrov .Si zaminav utredenta.Sega sum na kontrola po mesec dena.
Ne osekam recisi nisto,nekogas malku bolka na ranite,taka da se nadevam sve ke bide vo red.Inaku nema vrska deka ako nemas dete rodeno ne treba da gi cepkas miomite...bas naprotiv zaradi moznost od spontan abortus ili ostetuvanje na plodot zaradi nivno rastenje za vreme na bremenosta se preporacuva pred zabremenuvanje da se trgnat.


_____________________________

You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?