big_mama817 -> RE: Миом на матка (19.11.2009 14:20:48)
|
ШТО СЕ МИОМИ Миомите се бенигни тумори на матката. Направени се од мускулни клетки или друго ткиво. Мимомите може да се јават поединечно, во пар или пак во гроздови. Големината на миомот може да варира во дијаметар од неколку милиметри па се до 20-30 см и тежина од повеќе килограми. Најчести симптоми кај миомите на матка се: силни ментруални крварења, крварења помеѓу 2 менструации, болка во малата карлица, спонтани абортуси, може да се јави неплодност ит.н. Повеќето жени кои имаат миоми можат да забременат, но во некои случаи во зависност од поставеноста на миомот може да се јави и неплодност. ФАКТОРИ НА РИЗИК Возраста. Миомите најчесто се јавуваат од 35 год. до менопаузата. После менопаузата најчесто атрофираат. Ова се случува затоа што на нивниот раст влијаат хормоните прогестерон и естроген. Во менопаузата хормоните се намалуваат, па со тоа и миомите. Наследен фактор. Ако во Вашето семејство има некој кој боледува од оваа болест, има поголеми шанси и самите да заболите. Дебелина. Кај жените со преголема телесна тежина, зачестеноста на миомите е 2-3 пати поголема. Навики во исхраната. Миомите почесто се јавуваат кај жени кои јадат многу црвено месо. ПОДЕЛБА НА МИОМИТЕ СПРЕМА МЕСТОТО НА КОЕ СЕ НАОЃААТВо зависност од местото на кое се наоѓаат миомите се делат на повеќе групи: - Субмукозни – растат непосредно под обвивката на матката, во нејзината внатрешност. Можат да бидат причина за тешки или продолжени крварења.
- Интрамурални – растат во ѕидот на матката, помеѓу мускулните клетки.
- Субсерозни – растат на надворешната страна на матката. Ако се големи и притискаат на бешиката можат да предизвикаат проблеми со мокрењето, ако се на задниот дел од матката можат да предизвикаат болки во долниот дел од грбот, ако пак притискаат на ректумот можат да предизвикаат констипација.
- Како посебна група ќе ги издвоиме петелкастите миоми – растат на петелка (дршка), можат да се наоѓаат во матката или надвор од неа.
СИМПТОМИМиомите понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и често можат да бидат откриени при рутински прегледи. Но понекогаш можат да предизвикаат: - Тешки менструални крварења.
- Продолжени менструални крварења или крварење помеѓу 2 менструации.
- Притисок или болка во малата карлица.
- Неможност за мокрење или често мокрење (доколку притискаат на бешиката).
- Болка во долниот дел од грбот.
- Констипација.
МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИМиомите обично не се опасни но понекогаш може да предизвикаат и проблеми: - Aко миомот го надрасне неговиот доток на крв, може да почне да предизвикува болка или дури и треска. Ова се јавува како последица на изумирањето на неговото ткиво. Исто така и петелкастите миоми може да предизвикаат болка ако се усука петелката и се прекине доводот на крвта во миомот.
- Тешките крварења може да доведат до анемија.
- Доколку се работи за субмукозни миоми, може да го спречат имплантирањето на ембрионот.
- Зависно од поставеноста и големината, миомите понекогаш можат да ги блокираат јајцеводите.
- Според некои испитувања стапката на спонтани абортуси кај жените со миоми е нешто поголема.
- Понекогаш за време на бременоста можат да предизвикаат силна болка, особено помеѓу првото и второто тромесечие.
- Во бременоста миомите можат да пораснат. Сепак повеќето од миомите во бременоста се со стабилна големина.
ТРЕТМАН НА МИОМИТЕДали ќе има потреба од третман на миомот се одлучува врз основа на тоа дали тој предизвикува нелагодност, од возраста на пациентката и од тоа дали таа има намера да раѓа. Кај повеќето од миомите нема потреба од никаква интервенција. МедикаментиПонекогаш во случај на болка се даваат медикаменти од типот на Ибупрофен. Доколку жената има јаки крварења се дава и железо за да не дојде до анемија. Понекогаш се препишуваат и орални контрацептиви, кои го намалуваат крварењето и го спречуваат растот на миомите. Истото може да се постигне и со давање на прогестерон во вид на инекции. Хируршки интервенции Миомектомија – оперативен зафат при кој се отсрануваат миомите, без при тоа да се отстрани и дел од здравото ткиво. Се препорачува за жени кои имаат намера да раѓаат. Миомектомијата може да се изврши како класична операција на стомакот, лапароскопски или хистероскопски. Изборот на видот на операцијата зависни од место положбата и големината на миомот. Негативна страна е што после операцијата може да се појават нови миоми. Хистероктомија – операција при која се отстранува целата матка. Оваа операција е единствена сигурна гаранција дека миомите нема повторно да се појават. Се прави во случај на големи миоми со тешки крварења, ако жената нема намера веќе да раѓа деца и ако не се наоѓа близу до менопаузата. Може да се изврши како класична операција или во случај на помал миом и лапароскопски. Ендометријална аблација – се уништува ендометриумот. После оваа операција кај половина од жените веќе не се јавува крварење, а кај повеќето од останатите е многу намалено. Негативна страна е што после овој зафат, жената повеќе не може да раѓа. Миолиза – во миомот се внесува посебна игла и со пуштање на електрична струја или замрзнување миомот се уништува. Обично операцијата е лапароскопска. Емболизација на миомот – многу мали парченца пластика или гел се внесуваат во крвниот сад кој го снабдува со крв миомот и се спречува дотокот на крв. Тоа предизвикува миомот да се намали. Се применува кај жени кои не сакаат повеќе да раѓаат. извор:твое бебе
|
|
|
|