minerva -> RE: Проверка на проодност на каналите (19.9.2010 22:15:42)
|
Здраво дечки, ве следам веќе подолго време и сум многу пријатно изненадена од целата поддршка што си ја пружате едни на други и начинот на кој со заеднички сили се борите. Решив да ви се приклучам и да го споделам моето искуство со HSG. Го правев на ГАК, пред 10 дена. Се` што ви е потребно од документација е упат од матичен, плаво картонче и крвна слика со седиментација. Имам слушнато за некои искуства дека таму на лице место ја проверуваат седиментацијата, но мене такво нешто не ми направија, туку ми кажаа да си донесам сама резултати од крвта. И покрај тоа што имав проверено крв пред 1,5 месец со супер седиментација, сепак сакаа пак да правам и резултатите да ми бидат најнови. Затоа, мој совет е да си имате спремено крвна слика однапред и тоа не постара од една недела. Седиментацијата треба да биде максимум 10, за да може да се спроведе снимањето. Не сум сигурна дали го прават ова испитување секој ден, бидејќи е во координација со Радиологија. Тим од ГАК се организира и оди на радиологија, а однапред се договорени. Така што мислам дека прво закажуваат барем 5-6 души, за еден-двајца не знам дали ќе одат. Го кажувам ова од причина што мене за малку ќе ме зезнеа. Отидов во понеделник, велам да закажам за снимање, кој ден да дојдам, велат дојди во петок (btw, снимањето се прави од 5-9 ден, најубаво на 7-8, и тоа на завршена менструација, две-три капки не пречат, но крварењето да е престанато). Одам во петок и ми кажуваат дека нема да има снимање, бидејќи Радиологија си ги поврзала празниците и не работат. Ме пресече, велам во понеделник ќе ми биде доцна, а не сакам пак да го одложам снимањето како прошлиот месец. Ајде брзо во Воена болница, знам дека и таму прават HSG, ама таа ми вели, до пред некој месец снимале, но сега веќе не, бидејќи немаат гинеколог. Бев решена да не чекам до следниот месец повторно и да одам на приваатно кај Толовски. Но, пред тоа ми падна сомнително како може на клиника да се поврзат 5 дена за празници и да нема никакво снимање, сигурно има некои итни случаи. Се вратив пак, овојпат на Радиологија да ги прашам дали се затворени, ми велат работиме и снимаме, може ти кажале така бидејќи тие си поврзале празници, па се вадат на нас. Трк назад на ГАК, кога таму истата сестра кога ме биде колку сум наапана, наудрено вели ах, добро што се врати еве БАШ СЕГА ми јавија дека ќе има снимање. Мој совет е, јавете се штом ќе ви почне циклусот, за да си закажете, не за друго, колку да ве имаат на ум и да бројат, бидејќи ако не се соберат доволно пациентки можно е да ви кажат да дојдете друг ден. Бидете упорни и не се откажувајте. Одете порано, накај 8 сабајле и фатете го редот, бидејќи прво има шетање наваму/натаму по шалтери, за да ви ги спремат документите. Инаку, испитувањето е многу кратко, не подолго од 5 минути, зборам со сите тракатанци, од влегување до излегување. А самата постапка кога го вбризгува контрастот трае 30 сек., така да што и да е се издржува. Мене многу ме болеше, ама претерано, бев спремна на болка, ама не до тој степен. Испадна матката супер, каналите ми се проодни, ама се извијугани, бидејќи имаат прираслици. Причина за ова најверојатно е мојата операција на слепо црево кога бев дете (друга причина може да биде јака инфекција, а јас никогаш сум немала). Секоја оперативна постапка на абдоменот предизвикува прираслици како нормален процес на заздравување на организмот, па така кај мене се јавиле. Тоа е и причината зошто толку ме болело, бидејќи кога контрастот оди низ каналите, ги поместува од дотогашната позиција, тие прскаат, се кинат и тоа е тоа што боли. Сега ќе се обидуваме некои 2-3 месеци, матичниот кажа дека HSG за овој проблем делува терапевтски, ама ако не биде ништо, тогаш не ми гине лапароскопија. Инаку, на ГАК кошта 700 ден. со картонче, а кај Толовски е 4,000 ден.
|
|
|
|