Палешка РР -> RE: Проверка на проодност на каналите (4.9.2010 9:49:01)
|
Овде е се убаво објаснето, прочитај си babyhope ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka ШТО СЕ ЈАЈЦЕВОДИ Јајцеводите се дел од репродуктивниот систем на жената. Тие ја поврзуваат матката со јајниците. Врската на јајцеводите со јајниците не е директна, туку јајцеводите завршуваат во близина на јајниците. [image]http://tvoebebe.com/ZACNUVANJE/organi5.gif[/image] Градба на женскиот репродуктивен систем Улогата на јајцеводите е незаменлива. Во нив се одигрува средбата, односно оплодувањето на јајце клетката со сперматозоидот. Откатко ќе биде ослободена јајце клетката од јајникот, јајцеводите треба да ја прифатат и да почнат да ја транспортираат до матката. Во исто време сперматозоидот треба да навлезе преку матката во јајцеводите, за да ја оплоди јајце клетката. Потоа улогата на јајцеводите е да ја пренесат оплодената јајце клетка до матката. Транспортот на јајце клетката во јајцеводите, со своето треперење го овозможуваат нежните влакненца во нивната внатрешност. НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ Доколку јајцеводите се оштетени, односно непроодни, нема да може да дојде до средба на јајце клетката со сперматозоидот. Со самото тоа оплодувањето е невозможно. Исто така, во случај на оштетени, но нецелосно непроодни јајцеводи, зголемена е шансата за вонматерична бременост. Доколку јајцеводите не ја пренесат оплодената јајце клетка, до матката, ембрионот ќе продолжи да се развива во јајцеводот, односно ќе дојде до ектопична или вонматерична бременост. Причина за непроодност на јацеводите може да бидат прираслиците или лузни, кои настануваат најчесто заради некоја инфекција. Понекогаш блокадата во јајцеводите е предизвикана од хидросалпингс. Тоа е проширување на јајцеводите, исполнето со течност и исто така е последица на инфекција. ПРИЧИНИ КОИ ДОВЕДУВААТ ДО НЕПРООДНОСТ НА ЈАЦЕВОДИТЕ Причината често пати не се знае, но некои фактори можат да го зголемат ризикот: - Воспалителна болест на малата карлица. Ова е најчестата причина. Најчесто е предизвикана од сексуално преносливи болести како Хламидија или Гонореја. Особено голема е опасноста, ако не биде навреме лечена.
- Абортус.
- Ендометриоза.
- Претходна операција на стомакот и сл.
ДИЈАГНОЗА НА НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ Непроодните јајцеводи најчесто немаат никакви симптоми. Нивната дијагноза се поставуа со: ХСГ или хистеро-салпинго-графија. Тоа е рентгенско снимање на јацеводите. Со катетар се вбризгува контрастна течност низ грлото на матката. Конрастот ја исполнува матката и доколку се проодни јајцеводите се излева во малата карлица. Доколку јајцеводите се блокирани, течноста не може да пробие во нив. Снимањето наместо со рентген, може да биде и со ултразвук. Тоа е ХССГ или ултра-соно-хистеро-салпинго-графија. Позитивна страна на овој метод е што може да има терапевтско дејство, односно во случај на помало затнување (послаби прираслици во внатрешноста на јајцеводите) може да дојде до нивно отпушување. Често пати доаѓа до забременување во рок од неколку месеци после снимањето. Негативна страна е што понекогаш може да се добијат лажни резултати. Најчесто се работи за лажно позитивни резултати. Ова се случува затоа што под притисок течноста може да пробие низ јајцеводите, но потоа тие пак остануваат затворени. Дијагностичка лапароскопска операција. Се прави мал рез на стомакот на жената и преку вметнување на минијатурна камера во стомакот, на екран се гледа каква е состојбата на внатрешните органи. Оваа дијагносностичка метода е со 100% сигурност. ШАНСИТЕ ЗА БРЕМЕНОСТ КАЈ НЕПРООДНОСТ НА ЈАЈЦЕВОДИТЕ Ако се работи за непроодност само на едниот од јајцеводите, не би требало да има проблем со забременувањето. Овулацијата се случува наизменично на двата јајника, па ако јајникот на страната на здравиот јајцевод функционира, ќе дојде до бременост при овулација од тој јајник. Можеби само ќе треба подолго време за зачнување. Сепак ако се работи за хидросалпингс, често пати бременоста е оневозможена иако другиот јајцевод е здрав. Течноста која истекува од хидросалпингсот може да го оневозможува имплантирањето на ембрионот во матката. Во случај на хидросапингс, препорачливо е отсранување на јацеводот на кој се наоѓа. Доколку се работа за блокираност на двата јајцеводи, бременоста по природен пат е невозможна. ТРЕТМАН КАЈ НЕПРООДНИ ЈАЈЦЕВОДИ Доколку јајцеводите се непроодни има 2 алтернативи: Лапароскопска операција за отстранување на лузните и прираслиците. Операцијата може да биде успешна ако јајцеводите не се многу оштетени и нема многу прираслици. Во случај на многу прираслици се препорачува директно одење со ин витро. Вонтелесно оплодување - ИВФ. Кај оваа метода јајце клетките се земаат од јајниците и се оплодуваат надвор од телото на жената. После неколку дена оплодената јајце клетка се враќа во матката. На тој начин се избегнувааат јајцеводите и нема никаква пречка за забременување. Доколку се работи за хидросалпингс, прво се отсранува јајцеводот, па се прави ИВФ.
|
|
|
|