MikiSonce -> RE: Проверка на проодност на каналите (5.6.2012 15:48:14)
|
Sajna, прво треба да се смириш. Со повраќање секој ден ќе си направиш триста други компликации. Еве јас ќе ти го кажам моето искуство... И јас исто многу читав пред да одам. Некои девојки викаат дека боли, некои дека не боли воопшто. Мене ме болеше МНОГУ. Ти го кажувам ова не да те уплашам туку да те спремам и за таа опција. Мене другарка ми ме убеди дека нема врска тоа и ништо не боли. И после знам и се јавив и саат време ја пцуев зашто не ми кажала колку боли. Бев многу лута и на луѓето со кои зборев и на гинкологот што ме убедуваа дека не боли воопшто. ОВА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА И ТЕБЕ ЌЕ ТЕ БОЛИ. Само дека може и да те заболи. Е сега, дури и да заболи, добро е што тоа трае 10тина секунди, буквално. Тие се страшните, после е се издржливо. Знам дека и дури вриснав силно сега ми е срам од докторот (ама изгледа не му е првпат). После тоа боли помалку, ама сепак, осеќав болки цел ден. Прво неможев да си одам, чекав во чекална половина час да се смирам, и од болката, но повеќе од шокот. И уште подобро, после тоа ќе знаеш на што си. Ако е се ок, одма ќе заборавиш на болката. Ако има некој проблем, ќе знаеш каде треба да се насочи лекувањето. HSG помага и за отпушување на помали запушувања на каналите, па често после HSG може да се случи и бременост. Мораш да најдеш храброст и да се смириш. Тек не очекуваат болки, ама слатки, се мора да се издржи!!!
|
|
|
|