Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Проверка на проодност на каналите 23.12.2013 22:23:22
marijamajce
Здравоо
Треба месецов да правам ХСГ во Систина но испадна седиментацијата некако височка 19 ми е :( До колку треба да е за да може да се направи хсг? Утре треба да се договорам со докторката ама матичната ми рече многу ми била висока
< Поракaта ја уредил marijamajce -- 23.12.2013 22:24:10 >
RE: Проверка на проодност на каналите 23.12.2013 22:27:47
Melanija RR
marijamajce добре дојде на Рингераја
Потребно е седиментацијата да ти биде до 12, провери следен месец па ќе те советуваат дали и како да ја намалиш
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Проверка на проодност на каналите 7.1.2014 16:21:23
marijamajce
Zdravoo Naredna nedela ke pravam hsg pa da prasam nesto oti ne mi kazaa seuste nisto. Treba gladna/zedna da sum? Dali treba da mi se prazni crevata? Dodeka go pravat hsgto mi kazaa naocari nekoi davale za zastita tocno li e toa?
RE: Проверка на проодност на каналите 7.1.2014 19:35:25
Melanija RR
marijamajce кај првавев во приватна ординација кај др.Толовски, околу 13 часот. Нормално доручкувана ,никакво празнење не е потребно ниту се ставаат наочари и постапкака трае 5 мин. Со лесно па пиши ни
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 9:13:59
nataly86
Нјадобро јави се и прашај бидејќи како што гледаш зависи од болница до болница. Јас се имам снимано и во државна и во приватна ама двата пати сум била прочистена и гладна,
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 13:07:27
Hopeful RR
marijamajce, јас правев ХСГ во Систина и немаше никаква посебна процедура. Ти закажуваат на конкретен ден од циклус, мислам 10ти, ни јадење посебно, ни пиење, ни наочари. Стварно е 5 минути, но да те предупредам дека може да те боли, индивидуално е. Мене тоа ми беше страшно болно искуство, но, одма е готово. После тоа имаше слабо крварење некој ден-два.
Поздрав и пиши ни
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 13:36:37
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
marijamajce, јас правев ХСГ во Систина и немаше никаква посебна процедура. Ти закажуваат на конкретен ден од циклус, мислам 10ти, ни јадење посебно, ни пиење, ни наочари. Стварно е 5 минути, но да те предупредам дека може да те боли, индивидуално е. Мене тоа ми беше страшно болно искуство, но, одма е готово. После тоа имаше слабо крварење некој ден-два.
Поздрав и пиши ни
Потполно исто правев и јас. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 13:49:41
marijamajce
Fala ti Hopeful najmnoguu samo da te prasam koga pravese sega brzo li? I dali ti baraa brisevi i kaj koj doktor pravese :) Sorry vaka so prasanjava I dali znaete zasto ima krvarenje posle toa malku me plasi toa nekako
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 13:53:04
LoveableMe RR
Мене ми бараа само седиментација, ако добро се сеќавам пред 1,5 година. Поради постапката што ти вбризгуваат течност во матката и јајцеводите, нормално е да се јави малку крварење, но запира по 1-2 дена. Позз
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 15:58:50
Zoya
Јас правев во април кај Толовски, не е баш скоро ама мислам дека иста е процедурата. Ја правев негде 8-9 ден од циклус и ми бараа само седиментација. Никакво прочистување, никакви наочари. Ја правев попладне и во текот на денот, нормално јадев. Каде и да правиш прашај ги за препораки. Инаку и јас имав болно искуство и крварење имав многу малку, само неколку саати после снимката. Мене ми дадоа неколку дена и капсули да пијам после тоа, ама искрено не се сеќавам кои. Со лесно, па пиши како си поминала. Ништо страшно, брзо поминува.
_____________________________
Обиди од 2012; IUI x 4 = /; HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип) IVF #1 - /
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 16:26:15
Hopeful RR
Еј да, ме потсетивте, и мене ми дадоа терапија некоја после тоа... ако добро се сеќавам, ерготил капки за крварењето и оние хормонските во две бои, ги заборавив Инаку, баш сега ги гледав документите, ХСГ правев на 19.7.2012 г... бааги одамна Крварењето е нормално, сепак има боцкање. Брисеви и крвни слики не ми бараа, само ниска седиментација. Ништо страшно не е. Моја препорака - направи го што побргу, и не само заради тоа што ќе се види што-како има, но и затоа што во многу случаи остануваат бремени 2-3 месеци после постапката
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 18:40:52
marijamajce
fala vi epten na site, mislam antibiotik davaat posle toa za da se spreci infekcija, bar taka imam slusano, me zacudi zasto vaķvi ti dale na tebe hopeful kako nablizuva vremevo cela sum potresena haha
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 19:02:28
Melanija RR
Нема потреба од потресување, така полошо правиш.Ова ти е важно испитување па мора да се опуштиш.Викаат дека ако се стегаш можно е да не се видело целосно се.Пет минути работа и ќе ти препишат антибиотик да се спречи евентуална инфекција и затоа се препорачува да се има чисти резултати од брисеви.
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Проверка на проодност на каналите 8.1.2014 23:29:37
vesna_ja
Zdravo nova sum jas tuka no ve imam citano od porano :) Vaka sakame so mazmi detence no se nemame obideno seuste , ginekologot kaj sto do sega si idev na redovni pregledi pri eho pregled rece deka se somneva na septum, I mi rece pred da pokusame za detence da napravam HSG za da se postedam sebesi od abortusi i slicni raboti , ako vo slucaj ima septum da go vadime. Iskreno mene mi e mnogu glupo da pravam hsg bez obideno za bebe no isto me plasi i toa ako ostanam bremena da go izgubam.Sovetce nekoe? :)))))\
RE: Проверка на проодност на каналите 9.1.2014 10:46:30
Zoya
Здраво Vesna_ja, зависи каде е поставен сепумот и која е неговата големина може да претставува проблем за забременување или да е причина за спонтан абортус. Меѓутоа, исто така има и жени кои останале бремени, износеле цела бременост и родиле без да знаат дека имаат септум. Сѐ е индивидуално. Знам дека не ти е лесно да донесеш одлука што да правиш, но јас сепак би рекла дека подобро е да ја направиш проверката и да знаеш на што си. Тоа е мое мислење, сигурна сум дека поискусните рингерајки ќе го дадат и своето мислење. Што и да одлучиш ти посакувам со лесно и што поскоро да дојдеш до твоите Па, пиши ни што си одлучила
_____________________________
Обиди од 2012; IUI x 4 = /; HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип) IVF #1 - /
RE: Проверка на проодност на каналите 10.1.2014 12:00:16
Hopeful RR
Мое мислење е дека штом се видело дека има септум, тој треба да се отстрани. Блазе си им на оние кои знаеле или не знаеле дека го имаат но не им направил проблеми, но сепак, мене не ми се прифаќаше тој ризик и го отстранив. Секако направи ХСГ за да знаеш и каналите дали се во ред, не само септумот, а за после тоа јас би ти препорачала да го остраниш. Мал - голем, се е релативно. Тие дури знаеле и да растат во тек на бременост... Инаку, може и мене ми дале антибиотици после ХСГ-то, веќе не се сеќавам
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Проверка на проодност на каналите 10.1.2014 12:09:48
Kvisko
Ако има и најмал сомнеж за септум обавезно треба да се провери се и ако го има веднаш отсратување. Камо среќа јас да знаев дека имам септум, немаше да додје до missed abortion .Тоа е верувај ми мнооогу потешко од било која процедура. Кај мене заради положбата на матката не можело да се види пред да останам бремена па дури и се сомневаа дали имам или немам септум и при киретажата. Тоа е тоа. Затоа обавезно отсранување на септум па бременост. После ХСГ јас пиев и антибиотик и кортикостеорид затоа што ми отпушуваа еден јацевод па да се превенира повторно запушување. Антибиотикот е задолжителен. Крварев два-три дена по малку.
RE: Проверка на проодност на каналите 10.1.2014 13:21:52
vesna_ja
Fala na odgovorite i jas istoto go zborev so mazmi podobro ova nego drugo nesto , baska toa sto sum rh negativen faktor a on rh pozitiven pa nejkam dopolnitelni komplikacii , kade mi preporacuvate da pravam, kvisko kade pravese ti?
RE: Проверка на проодност на каналите 10.1.2014 14:49:51
Zoya
Vesna_ja јас правев во Систина. На форумов има тема хистероскопија, па тука можеш да прочиташ искуства на останатите рингерајки. (се надевам ОК го поставив линкот) Што и да те интересира прашувај
< Поракaта ја уредил Zoya -- 10.1.2014 14:51:19 >
_____________________________
Обиди од 2012; IUI x 4 = /; HSC 2013 (отстранет септум, изваден полип) IVF #1 - /
RE: Проверка на проодност на каналите 13.1.2014 16:00:25
Hopeful RR
Vesna_ja, како си? Направи ХСГ? Прво тоа, па после хистероскопија ако треба, не мисли на се одеднаш. Јас исто така правев во Систина, не е не знам колку скапа процедурата - околу 4000 ден беше, провери да не е поскапено.
Пиши ни
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Проверка на проодност на каналите 13.1.2014 17:55:27
Kvisko
Vesna_ja јас ја правев во Тетово, таму си најдов термин. Не знам колку точно се плаќа ама секаде државно ако ја правиш не е скапо. Не е ни приватно нешто прескапо.
RE: Проверка на проодност на каналите 13.1.2014 19:44:10
andrijance90
Se blizi i moevo HSG i iskreno mi prpa imam uste nekoj den da ispijam od primolut nor i da cekam da dobijam da ispitam sedimentacija pa posle da zakazam . Vesna_ja jas ke go pravam vo Sistina kaj doktor Mitko Ivanovski :) I ic nemaj gajle i jas sum vo ista situacija kako tebe, se somnevaat na zatnuvanje na kanalite i septum pa pred da pravime bebce ke se proveri na hsg sto i kako e. Uzivaj i napravi si go, se sto treba za bebceto e, taka si mislam jas
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.