мили4ка -> RE: Проверка на проодност на каналите (28.1.2014 20:36:23)
|
Здраво девојки, јас цело време ве читкам па еве решив и јас да се регистрирам и да ви пишам [sm=smiley1.gif] андријанце90 мила, исто и јас не знаев што да правам и кој ден да го сметам за 1, бидејки немав добиено 3 месеци,а требаше на третиот ден од кога ке добијам да испитам хормони, и пред неколку дена добив, едниот ден имав црни капки, наредните 3 дена малку црвеникаво, значи само кога ке одев во вц имав а потоа немав ништо, па потоа добив убаво, а пред тоа се јавив кај мојата пријателка (таа е сестра во плодност) па таа ми кажа дека 3 ден се смета кога ке почне да ти течи, така вчера мене ми беше 3 ден, па бев да прегледам хормони, но резултатите не се баш најдобри, па така гинекологот ми препорача од 8 до 12 ден да одам за да ја проверам проодноста на каналите, па потоа да ми даде терапија, не се плашам од болката која можеби ке ја имам но се плашам за тоа што ако каналите не се проодни, дали знаете што е наредно после тоа, се лекува тоа?исто така ме интересира дали можеби знаете колку време терапија е потребна за хормоните да си дојдат на нормала? уф знам дека кај секој е индивидуално, но многу сум загрижена [sm=smiley13.gif] Се извинувам за овај предолг пост ... поздравче до сите
|
|
|
|