blue_blue -> RE: Проверка на проодност на каналите (24.8.2010 16:51:40)
|
Здраво ЈЕЛЕНА АЦЕ, Лапароскопија се прави за многу состојби. Може да биде само дијагностичка, односно само да се влезе со тенок оптички кабел на кој има микронска камера и да се видат внатрешните органи за да може да се дијагностицира некоај состојба. Најчесто (за да не се прави по два пати бидејќи се изведува со целосна анестезија) додека се дијагностицира се внесува преку мал рез кај папокот исто така мал инструмент со кој ласерски се сече некое ткиво кое треба да се отсрани. Докторот ја гледа состојбата внатре на екран (камерата му снима) и така работи. За да може подобро да види се вбризгува CO2 гас за да може подобро да се разликуваат органите (затоа може после интервенцијата да те боли малку кај едната плешка, да осеќаш како да те притиска нешто). Кај мене се правеше оваа интервенција зошто имав вродена аномалија на матката - вишок ткиво кое е на средина на матката и тоа ткиво ја дели матката на два дела, а кај мене го блокираше и влезот во каналите. Лапароскопски беше извадено тоа ткиво, т.е. исечено за да си биде матката со својата нормална форма. Интервенцијата трае пола саат, после си на интензивна нега едно 3-4 саати и после те спуштаат на оддел и остануваш таа вечер во болница. Ништо не е страшно, следниот ден малку осеќав болки во стомакот и толку. ИЗВОРНА ПОРАКА: JELENA ACE Zdravo na site dali ke moze da mi kazete sto e i zosto se pravi laparaskopija
|
|
|
|