AnnaMolly RR -> RE: ви одат ли на нерви децата (14.5.2013 22:35:27)
|
Во последно време ептен ми оди на нерви зашто ич не ме слуша ни мене, ни татко му. Сум му рекла Немој да удираш врата, стаклена е ќе се скрши, тој се залетува и со сета сила ја треска вратата. Друг пример Филип, зел вози колички по ѕид, по стаклената маса. Викам Немој на маса, доле вози си. Ќе земе и уште 100 колички на маса ќе донесе да вози. Со убаво, со лошо сум пробала, со објаснување до бескрај, со примери, со компромиси, со плескање по газе... Кога нешто ќе си науми, наумено е. Е, сега, има и добри денови, не е секогаш вака. На пример од 7 дена во неделата, 3 е добар, мирен, послушен, 4 е ѕверче :) Близнак во хороскоп, со две лица :))) Нејсе, ќе помине и тоа. Ама НАААААААААЈМНОООООООООГУУУУУУУУУ ме нервира неговата опсесија со коса! Не можам веќе, на секое негово пиење сок/вода/млеко МОРАААААААА да ме фаќа за коса, да си ги трие очите со прамен коса, си го трие лицето со коса, аман веќе оќелавев :) Сум се врзувала со марама, сум го карала, сум го плашела за да не ме фаќа за коса ама нема шанси.
|
|
|
|