Палешка РР -> RE: Ви одат ли на нерви децата (24.2.2014 8:56:26)
|
Леле Не да ми оди на нерви, ми иде косава да си ја кубам...од такт ме вади кога ќе дојде време за спиење. Еве пример од сношти: Легнува во 22:15, измочкана, сокче напиена, куклите легнати да спијат, ставени пижами - се. И почнува: Мамо, уште една голтка сокче да се напиев? Мамо ја слушам Мина дека плачи да ја легнам до мене? Мамо ме чеша ногава запали ја ламбата да видам. Мамо, Мина ми кажа дека сака и Јаготка да легни до неа...Мамо, на Јаготка и се какало, ми кажа...Мамо - не - мене сега ми се кака...Мамо што мислиш, спие сега Маша? А со Медвед спие? Мамо еве до десет да избројам и заспивам...Мамо, ај и на англиски да бројам...Мамо, ај раскажи ми за Пепелашка...Мамо, ај сега јас да ти раскажам...(ова трае 45 минути) Јас: Миа спијај Taa: Како да спијам, не не оставаш да спијам, само зборуваш, кога се спија не се зборува - Ина ми кажа...Досадна една, невоспитана...главата ми ја пукна, не изводи... Миа ти зборуваш не јас: Па морам да ти кажам - не зборувај, кога се спие не се зборува, Ина ми кажа...невоспитана една...ме заболе главата од тебе. Татко и (погласно): Миа престани! Таа: Тато, само ти не ме сакаш, мене сите ме сакаат, само ти не ме сакаш. Татко и почнува да ја гали: Ама како не те сакам, те сакам најмногу во светот, уба таа...и ја гали ја гали (таа молчи) и по едно 5 минути престанува да ја гали: Таа: Гали ме тато...ама нешто ме боли грбов, масирај ме...и на ракава масирај ме...и на ногава ме боли...Тато ме боли и вратов, запали ја ламбата да најдам крем... Заспа дури во 23:30 со судни маки...и секоја вечер така заспива. Не да ми оди на нерви....а жал ми е ја ја потчукнам по газето...[sm=zmeden.gif]
|
|
|
|