Calypso
|
Биленце, секоја ти чест... мислам, и јас сум за топол оброк, домашно зготвено јадење, и се трудам да готвам секојдневно, ама твојов претерува дефинитивно. Не можам ни да замислам како ќе ти биде кога ќе работиш, од работа ќе трчаш дома да зготвиш нешто, само за да биде тазе, а асален ручек не се прави за помалку од два часа (конкретно, јадења со месо). Инаку, и мојов знаеше да биде пребирлив. Не јадел ова, не јадел она, не јадел вака, не јадел од вчера, не јадел супа, не сакал џигери... свеки моја го научила дека секогаш има избор, односно, секогаш за ручек правела по две јадења, ако она што го планирала за себе и мажот не го јадат децата, за нив правела друго јадење. Е кај мене немаше тоа - што се зготви, тоа ќе се јаде. Ако не му се допаѓа, може леб и сирење да јаде. И да, така правеше на почетокот, ама виде не виде, не му годеше, сува храна секој ден не бива, па пројаде и супи и манџи, дури и риба јаде сега иако не јадеше воопшто, единствено ориз во тава не успеав да го натерам да јаде. Ама тоа е најмал проблем. Инаку, се трудам да готвам здраво (без масло и запршки), секој ден имаме супа и салата, плус јадењето. Не само затоа што имаме дете, и ние треба здраво да се храниме, нели? Малку повеќе експериментирам некогаш, знае да промрчи оти сака проверени вкусови, ама штом ќе проба го менува мислењето. Јас дома сум, па има денови кога навистина не ми се влегува во кујна, исто има и денови кога едноставно немам идеја што да готвам, па не се замарам. Мм не ми мрчи, ме разбира, а и знае сам да направи нешто од тоа што имаме во фрижидер, или пак излегуваме во некој ресторан, ама ова ретко. А сам си готви кога му е зорт, посебно затоа што и тој со месеци знае да биде отсутен од дома, па маката го научила да прави работи кои не ги правел порано.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
|