mami2 -> RE: Воспитување син- ќерка (20.3.2013 10:22:42)
|
имам и син и ќерка, ги воспитувам во насока на еднаквост, рамноправност и оградување од половите разлики, речиси во се, сем онаму каде физичките а полово зависни предиспозиции се пресудни. Од друга страна децата најмногу учат од моделите со кои се во секојдневен контакт, па за среќа мм е тип на родител кој речиси ги прави истите работи како и јас (малку мм заостанува во готвењето, а јас во технички интервенции во домот). Да сумирам, мојот посакуван воспитен модел и опкружувањето, т.е. примерот што го даваме јас и мм сме на иста линија. Но тоа не е доволно, има многу други фактори. Прво, афинитетите на детето што доаѓаат од лични карактеристики. Машкото од бебе е љубител на кујната, нема шанса да не дојде ако нешто се прави и да учествува, малава сега почна да го имитира ама онака колку да не биде покуса. Од друга страна па главни играчки и се кујната, бебињата, приборот за јадење мала домаќинка е. Крај не им се наоѓа. Второ, пошироката околина, роднини, влијание на градинка, не се воопшто занемарливи, па така за машкото црвените долни тренерки станаа женски и се мисли дали да ги облече Трето, книгите што ги читаме се полни со полови стереотипи, Пепелашка риба под, а Пикси тренира фудбал и станува пират исклучиво со неговите машки пријатели Стимулацијата преку играчките е друг аспект, мора ли сите „домаќински играчки“ да се прават во розева боја. Има уште фактори што придонесуваат децата од мали нозе да прифатат полово одредени улоги, и за себе си признавам дека ја изгубив борбата со нив, се трудам само преку личен пример и со ненапорен говор да покажам и посочам дека секој од нив може да однесува во склад со своите капацитети и да ги занемари очекувањата на околината.
|
|
|
|