temjanuska75 -> RE: Воспитување син- ќерка (22.3.2013 12:03:59)
|
Јас мислам дека при воспитувањето на син-ќерка најмногу ќе гледаат од домашното опкружување, како таткото се однесува кон мајката и обратно. Барем во мојов случај е така, јас имам и брат и сестра, а татко ми од кога знам за себе учествува во домашните обврски, 99% тој чисти со правосмукалка (подобро го прави тоа од мајками и ужива кога го прави) знае да готви, пружа алишта, пегла ( ова затоа што не му се допаѓа како пегла мајками па неговите кошули и панталони ги пегла сам) мие садови ( тоа му го забранивме откога ги видовме садовите[sm=smiley36.gif] среќа имаат сега машина), истото ова го прават и неговите браќа.Мене ова ми било нормално опкружување, јас, брат ми и сестра ми подеднакво сме придонесувале во домот, без разлика на полот. Брат ми кога на свои 15 години првпат отиде сам на одмор со друштво, се врати разочаран, вика никој не мие садови, секаде расфрлано, никој не знае да готви. Тој за неговите тогашни години знаеше да направи омлет, пудинг, дури и американски крифни[sm=smiley36.gif], бришење прашина дома и сл. Тоа било негова желба, не сме го форсирале. Ова многу му помогна кога на 19 години отиде во странство да живее сам. Мојот син го воспитувам, да може да биде самостоен и во дадена ситуација не зависи од никого, во поглед на донесување одлуки, до одржување на хигиена во домот, па до почитување на етички и морални норми. Спремна сум и на осудување од околината ( како комшиката кога се смееше како брат ми бришел прашина, а јас сум пиела кафе) и изнаоѓање начин како да не влијае тоа на него. Исто би ја воспитувала и својата ќерка доколку ја имам. Во секој случај надвор од стереотипите на машко женски работи, бидејки ниту јас сум воспитувана така, а уште покамлку планирам моето дете да го воспитувам така.
|
|
|
|