RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (27.7.2015 21:16:52)

taci83, мислам утре или задутре може тест[sm=smiley1.gif]




Libra88 -> RE: Инсеминација II (29.7.2015 9:19:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Добра сум денес, во лежечка положба цел ден [sm=smiley1.gif] Утрово примив прогестеронска ампула и на секои 4 дена по една да примам треба се до контролата. Со душа ја чекам неа, вака не сум опуштена и не можам целосно да се радувам.


Cestitkiiii scared, ajde samo opusteno sega i se ke bide kako sto treba [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 20:04:18)

Не знаев во која тема да пишам па викам ај тука. Среќата за мојата бременост заврши. Постојано имав исцедоци де кафени де со крв помешани, средата бев на ехо и докторот рече гледам сакус ама ептен мал можно е да не расне провери ја бетата пак. Петокот проверив, од 56.60 за една недела пораснало само на 110.8. Ми рекоа бременоста е компромитирана ( малце не ми е јасен терминов) и да прекинам со терапијата [sm=smiley13.gif] Сега чекам да добијам циклус, најверојатно преку тоа ќе го исфрлам. Да кажувам колку ми е тешко нема, претпоставувате веќе. Мислам подобро со негативен тест ќе се справев него со ова.
За причини за ова што се деси не прашав, докторот ми е на одмор па после тоа, сигурно имаше некоја причина генетска или што ти знам каква.




kapina -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 20:50:20)

A zosto ja prekina terapijata koga betahcg ne e bila padnata na nula ne e trebalo




scared RR -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 21:02:24)

Капина така ми рече докторот [sm=smiley13.gif]




kapina -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 21:43:13)

Jas dodeka ne padnese beta hcg na nula ne ja prekinuvav terapijata ni prviot ni vtoriot pat no ajde stom ednas bidnalo pak ke bide sega cekaj nekoe vreme pocekaj i odi da ispitas vrodena i steknata trombofilija ako imas IR moze da imas problem so zgrutcuvanje na krvta a glikozata ako ti e nad 5 gledaj da bide pod 5 oti glikozata znae da prave problem na implantacijata




kapina -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 21:46:32)

I jas denes placam zatoa nesto oti tocno vo ova vreme pred 2 god mi se sluci istoto kako na tebe scared potpolno istoto no gospod taka sakal toa e




scared RR -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 21:49:44)

Според докторот бетата требаше да е околу 1000 за овој период, затоа и ја прекинав. Со гликозата немам проблем ниска ми е заради метформинот, а и имаше имплантација , само што ете не раснеше. Абе убаво сакав јас да ги испитам тие генетски работи си бев и на имунологија тогаш се распрашував, ама докторов ме убеди дека проблемот кај мене е во овулацијата и дека нема потреба од тоа. Да помине некое време да се очисти организмов од аспиринов, хормониве,па од септември здравје се ќе испитам.




SOLE -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 22:01:37)

Scared многу ми е жал, животот е таков, многупати е тежок и непредвидлив но да се надеваме дека после ова ке има и убави моменти, ајде биди силна се ке помине...




kapina -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 22:34:30)

Ako pricina za blighted ovum e problem implantacijata i jas taka mislev oti ne e implantacijata problem no ginekolozite rekoa deka e problem endometriumot kako ti e i vit d ispitan li ti e odi zakazi si na transfuziologija sega i po eden mesec napravi si toa sto ti kazav




scared RR -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 22:40:08)

Соле некогаш мислам дека животов е неправеден и нефер само за нас борциве за бебе. Покрај сите маки и тешкотии ќе успееме да постигнеме нешто и тогаш пак убаво ќе не ишамара.
Капина ендометриумот ми беше над 11 мм плус примив инекција во матката за целосно да се обои, така да јас мислам проблем е нешто друго. Витамин Д пијам цело време капки. Ќе видиме што ќе испадне од испитувањава, таман и да присоберам пари доста скапо искача.




kapina -> RE: Инсеминација II (1.8.2015 22:52:31)

a kontroli praves li na nego oti jas dzabe oti piev kapki pak bese nizok vit d sega na dr wolz od eurofarm pijam vit d i e 28 900 dense megutoa vit d od 11 go kacija na 28 pocekaj eden mesec od prekinuvanjeto na aspirin i odi na transfuziologija jas mislam oti ovde ima nekoj problem kaj tebe so zgrutcuvanjeto na krvta




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (2.8.2015 17:06:30)

Скaред РР, мнoгу ми е жaл, имaме темa зa биoхемискa бременoст, нaјди јa ќе прoчитaш пoвеќе искуствa. Не губи нaдеж, штoм биднaлo еднaш ќе бидне пaк, сo тебе сме[sm=smiley31.gif][sm=zz_wavespin.gif]




scared RR -> RE: Инсеминација II (2.8.2015 19:11:52)

Јас баш се мислев дали е ова биохемиска бременост, кога е биохемиска нели бетата наеднаш опаѓа, а кај мене не беше опадната, сакусот беше уште тука ама не пораснат, па си мислев друго да не е.
Туку три дена како го прекинав утрогестанот и уште не добивам, цело време истиот кафен исцедок што го имам недела дена, малце сум загрижена дали ќе добијам да се очисти. [sm=smiley13.gif]




kapina -> RE: Инсеминација II (2.8.2015 20:42:01)

Toa e blighted ovum ne e biohemiska bremenost biohemiska e koga betahcg pokazuva bremenost no na eho ne se gleda nisto a blighted ovum e koga ima gestaciski sakus no nema embrion toa e anembrionalna bremenost go pominav jas i toa i toa




kapina -> RE: Инсеминација II (2.8.2015 20:52:29)

A proveri li dali e padnata na celo betahcg bese li na eho da vidat dali e se vo red dali e se iscisteno




pepapa -> RE: Инсеминација II (3.8.2015 1:45:29)

Devojki mojata prva inseminacija zavrsi denes neuspesno, dobiv...prodolzuvame so novi sili ponatamu, kazete mi sledna se pravese preku eden mesec sto znaci jas ke treba da se spremam vo septemvri za vtora?




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (3.8.2015 11:41:29)

pepapa, жал ми е [sm=smiley13.gif]
нема откажување, одиме понатаму, се додека не си го гушнеш бебушко [sm=smiley1.gif]

За инсеминациите се препорачува да се направи пауза од еден месец, односно два циклуси вклучувајќи го и овој што сега ти почна. Тоа значи дека во септември можеш да почнеш со подготовка и терапија за следна инсеминација, да. Каде би продолжила со следната, кај кој доктор?




malecko 87 -> RE: Инсеминација II (3.8.2015 14:54:47)

Devojki i mojata vtora inseminacija zavrsi bez uspeh dobiv toocno na 28 den sega pauza pa septemvri zdravje so novi sili za 3 da se spremame pozd




pepapa -> RE: Инсеминација II (3.8.2015 22:26:59)

Hopeful RR Навистина незнам кај кој доктор да одам... читајќи низ формутите наидов на коментари од типот не е битно кој ти ја прави и кај ја правиш инсеминација и дека не се даваат многу пари за по приватините клиники, кажувајте ваше мислење, помогнете ми...




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (3.8.2015 23:03:33)

pepapa, моето мислење е дека ниедна постапка не треба да биде про форма. Факт е дека инсеминацијата има мал процент на успех, но ако се направи внимателно, има големи шанси да успее. Јас кон ниедна од моите инсеминации не сакав да имам пристап ко да реда ради ја правам, и за среќа, докторот се посветуваше подеднакво за секоја, не беа правени само за ваучер... се изнадававме пари, точно, сите ги правев во Систина, но ете, морало да го поминам тој пат. Баш па четвртата инсеминација, таа за која најмалку се надевавме, се фати, и иако заврши со биохемиска бременост, за мене беше огромен успех и голем чекор напред.

Јас би ти препорачала да ја направиш кај доктор во кој имаш доверба и кој нема да ја прави колку да се рече, туку стварно ќе се посвети, и од тој аспект, мислам дека ама ич не сеедно кој ја прави. Ако можеш да си го дозволиш тоа, зошто да не се обидеш повторно со надеж дека ете, може баш сега ќе се фати и ќе се поштедиш од ивф терапија... Пиши ни што ќе одлучиш, од мене, а и од сите нас тука на РР, имаш поддршка за што и да се решиш [sm=smiley31.gif]




pepapa -> RE: Инсеминација II (4.8.2015 9:12:15)

Фaлa ви зa пoддшкaтa кoјa нaвистинa мнoгу ми знaчи...сеуште незнaм кaј кoј дoктoр ќе oдaм сaмo знaм декa мoрa дa тoa дa биде дoктoр кoј целoснo ке се пoсвети нa мене, штo дo сегa не беше случaј сo др.Трaјкoвски, секoјa чест зa негoвaтa стручнoст меѓутoa дoбив чувствo декa требa преку врски дa дoјдеш дo негo зa дa нaвистинa oн те вoди и прaви инсеминaцијa.

Hoperful RR тебе кoј дoктoр те вoдеше и ти ги прaвеше инсеминaциите и ин витрoтo.




Kvisko -> RE: Инсеминација II (4.8.2015 10:29:36)

Pepapa не губи надеж. Кај вас колку што знам само спермограмот е проблематичен. Ако е така имате шанса за успех. Јас три правев на ГАК. Првата демек по препорака кај Тофоски и тоа беше губење време. Пото другите две кај Трајанова која навистина ми се посвети и од се срце се трудеше да открие што не е во ред. После третата направив лапароскопија к дијагмостичка хистероскопија со ovarian drilling за да ми се среди состојбата со јајниците. Кај нас имаме повеќе фактори и ниту една инсеминација не беше успешна па последната ја правев во Ремедика чисто ради реда зашто тогаш па спермограмот ептен беше слаб а докторот зо кој се договарав за ивф инсистираше на инсеминација зашто јајниците добро ми функционираа во моментот па рече ти викај ради реда ама никогаш не се знае може нема да стигнеме до ивф сега баш ќе се фати. Стигнавме до ивф ама дијагностиката и подготовките кои ги поминав со инсеминациите само ми помогнаа во процесот. Така што ништо не е за џабе.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (4.8.2015 10:29:50)

Пепапа и малечко87, навистина ми е жал, борбата продолжува понатаму.

Во однос на инсеминациите, важно е да се спомене следново: кога се прави инсеминација на природен циклус или со блага стимулација како кломифен, мали се шансите за успех. Не дека нема успех, но многу се мали

Но кога се оди на инсеминација со гонали, естрофеми, аспирини, други инекции, појачано прогестерон и сл. како што прават во приватниве клиники, јас тоа го викам мини ИВФ процес, тогаш шансите се секако поголеми. Исто така, после такви "мини ИВФ-а" (инсеминации), ако се прави ИВФ, шансите за успех уште повеќе се зголемуваат бидејќи телото подолго време е навикнато на стимулации и хормони.

Е сега точно е дека нема правило и не се знае кога ќе бидне, од вас зависи колку имате финансиски средства на располагање за приватно третирање, а колку за државни инсеминации и потоа за ваучер преку ФЗО. Во секој случај, не се откажувајте, кога тогаш ќе бидне за сите[sm=smiley1.gif]





kapina -> RE: Инсеминација II (4.8.2015 10:31:12)

Kaj dr trajkovski i mene toa me nervirase najmnogu on samo ke me vide na eho ke kaze koga ke bide inseminacijata i nisto drugo ne mi davase nikakvi terapii i drug dr mi ja pravese samata inseminacija jas gi pravev radi reda oti znaev oti nema da bidat uspesni zaradi mnogu los spermogram




Страница: <<   < Претходна страница  72 73 [74] 75 76   Следна страница >   >>