RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


kapina -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 16:38:26)

Ogtt test imas li napraveno




Bebulka1 -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 16:41:46)

Девојки се имам испитано се.. И имунологија и кариотип.. Се е во ред.. Денес испитав хормони ПРОЛАКТИНОТ ми е 35,5 висок.. Деновиве пак ќе го проверам и за д одредиме терапија...




kapina -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 20:08:05)

A histeroskopija imas li napraveno ona e najbitna od ispituvanjata koga doaga do spontani abortusi vitamin d imas li ispitano ako nemas obavezno napravi si histeroskopija pred inseminacijata




Bebulka1 -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 20:13:00)

Немам хистероскопија направено, од поимот. "немаш потреба, се е во ред" [sm=zz_banghead.gif]
Деновиве ќе правев хсг и да се спремам за инсеминација, но болницата на државно каде што ќе одев ја реновирале и докторите не одат таму... Баксуз невиден..

А и ради пролактинот неможам хсг да правам така да, боцкањето следниот месец ќе биди на природно




kapina -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 20:13:57)

Te prasuvam oti i jas imav spontan abortus vo 6 nedela i biohemiska bremenost i mi otkrijaa oti imam pregrada na matkata i vrodena trombofilija i sega na 16 februari imav nekoe malo krvarenje i bev kaj maticniot gin i mi vika oti nemam ni folikuli ni ovulacija posle otidov na privaten gin otkako mi zadocni ciklusot 4 dena i mi rece oti nema vrska ti si edna zdrava zena si imala i ovulacija i se ovie denovi se utepav od placenje od maticniot gin na privatno me gledase gin na 4d eho




kapina -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 20:24:39)

Nema vrska so histeroskopija se gleda suplinata na matkata kade se implantira embrionot i te kako ima potreba stom se gubat bremenosti jas toplo ti ja preporacuvam dr trajanova za taa rabota




kapina -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 20:27:53)

I jas imav visok prolaktin i toa 80 sega e vo red pijam bromergon nekolku god i hipofizata e uredna a prethodno se sirese sega e ok pijam plus kelp ili kombo algi za nea sekojden najdobri se




Bebulka1 -> RE: Инсеминација II (14.3.2017 20:29:01)

Се надевам ќе се среди и кај мене...
Ти пишав и лична порака :)




Kvisko -> RE: Инсеминација II (15.3.2017 13:00:59)

bebulka1 јас имав еден missed абортус заради септум на матка. Не знам како никој не ти предлоќил барем хсг за да се види анатомија на матката. Ако тоа не е во ред џабе се друго е во ред. Инсистирај барем на хсг. Ако има нешто анатомски што не е во ред и таму ќе се покаже. Сепак најдобро е хистероскопија.




Anexy -> RE: Инсеминација II (10.9.2017 22:17:36)

Ме интересира колкави се шансите за успешна инсеминација со дијагноза на спермограм олигозооспермија? Дали има некој позитивно искуство :(
И дали некој има искуство со д-р Дејан Сарчевски за подобрување на спермограм? За тие што не знаат тој се занимава со квантна медицина. Гарантира дека со 7-10 третмани има подобрување за 50%, а гарантира 100% успех. Фала ви однапред




kapina -> RE: Инсеминација II (11.9.2017 21:18:46)

A da probate vie so vitamini da go sredete spermogramot nie imame astenozoospermia i mm pie maticen mlec polen acerola i med i jade jatki sekojden plus pie l karnitin cink i vit c oligovit qoenzim q10 vit e folna kiselina omega3 i 6 i 9 i astaksantin




KikiBiki -> RE: Инсеминација II (1.10.2017 16:50:02)

Батки, правев инсеменација на 21 септември, па ве молам кажете успешност на инсеменации со пцо. Бев стимулирана со гонал ф и примив овитрел. Ова ми е прва инсеменација, ме убива чекањето, до наредната сабота треба да чекам, иначе инсеменацијата беше кај Др. Митко Ивановски во Систина




kapina -> RE: Инсеминација II (1.10.2017 22:42:01)

Kikibiki srecno




alekce83 -> RE: Инсеминација II (17.10.2017 11:36:56)

Здрави членки. Еве и јас да ви се приклучам на темава. Во брак сум две години а активно почнавме со зачнување точно една година. Пред некое време матичниот гинеколог ми сугерираше да направам ХСГ. Излезе дека имам превртена матка. По тоа се упатив кај д-р Митко Ивановски во Систина и направив хормонални испитувања. Генерално беа добри но има еден хормон, АМХ кој што ми е со многу мала вредноста. Решивме да правиме инсемимација. Моментално сум во период кога пијам хормони по шема, почнав со Ovunorm витамини, на 4ти ден од меструација пиев Естроген и Коломифен, а на 8ми, 9ти и 10ти ден примив инекција Гонал Ф. Денес ми е 10тиот ден и ќе ја примам последната Гонал а утре (среда) имам закажано контрока кај д-р Ивановски за да види дали е создаден услов за инсемимација. Многу сум исплашена и загрижена бидејќи сѐ ова ми е толку непознато, од тој тип на луѓе сум што не сакам да чепкам по интернет и да се исплашам уште повеќе. Тука ми е најсигурно, си даваме подршка и се советуваме затоа и решив да го споделам со вас моето искуство.




kapina -> RE: Инсеминација II (17.10.2017 19:52:50)

A zasto so nizok amh te maci so inseminacii zasto ne se spremate za IVF koga veke ti se niski rezervite na jk




alekce83 -> RE: Инсеминација II (18.10.2017 21:18:59)

Драги членки. Денес бев на контрола и вестите се добри, создадени се фолекулите и има услов за инсемимација. Докторот ми даде уште две Гонал Ф да ги примам одеднаш а утре рано (од 6-7) треба да ја примам стоп инекцијата. Во петок ќе правиме инсемимација[sm=smiley1.gif]




lara36 -> RE: Инсеминација II (19.10.2017 16:14:16)

Alekce ne si igraj igracki napravete edna inseminacija koga veke ste pocnale i pravo na ivf so nizok AMH ne se pravi inseminacija ke gi izgubis i tie jajce kletki sto gi imas mene stvarno ne mi e jasno kako moze da ti predlozi inseminacija.




MademoiselleNina -> RE: Инсеминација II (20.10.2017 11:55:59)

ИЗВОРНА ПОРАКА: alekce83

Драги членки. Денес бев на контрола и вестите се добри, создадени се фолекулите и има услов за инсемимација. Докторот ми даде уште две Гонал Ф да ги примам одеднаш а утре рано (од 6-7) треба да ја примам стоп инекцијата. Во петок ќе правиме инсемимација[sm=smiley1.gif]

Ајде со среќа и со позитивни мисли, ќе биде. Никогаш не се знае... :) Моја пријателка, баш сличен случај како тебе и од прва инсеминација има близнаци. Затоа глава горе, позитивна мисла и верба!





alekce83 -> RE: Инсеминација II (21.10.2017 11:19:40)

Најпрво ти благодарам MademoiselleNina на убавите желби и позитивното искуство што ми го посочи.
Во врска со мислењата на членките Kapina I Lara36 морам да бидам искрена и да ви кажам дека внесовте немир и вознемиреност во мене. Мислев дека тука, на форумов ќе добијам кураж, совети и подршка. Знам дека намерата не ви е лоша но успеавте буквално расположението да ми го расипете. Ова е мојот последен пост бидејќи не сакам да влијаат одредени коментари на мене.
За одлуката за инсемимација одлучив прво јас а потоа и докторот кој е еден од најдобрите специјалисти во оваа област. А дека се мачам воопшто не ми е проблем бидејќи целта е најубава и најбитна, ќе пробам буквално сѐ. А вие драги членки останете ми во добро здравје и расположение.




kapina -> RE: Инсеминација II (21.10.2017 18:55:06)

Ti si znaes no so amh nizok realno inseminacija e samo gubenje vreme ne nemir tuku realnost ti e toa




Soned1 -> RE: Инсеминација II (23.10.2017 0:55:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: alekce83

Најпрво ти благодарам MademoiselleNina на убавите желби и позитивното искуство што ми го посочи.
Во врска со мислењата на членките Kapina I Lara36 морам да бидам искрена и да ви кажам дека внесовте немир и вознемиреност во мене. Мислев дека тука, на форумов ќе добијам кураж, совети и подршка. Знам дека намерата не ви е лоша но успеавте буквално расположението да ми го расипете. Ова е мојот последен пост бидејќи не сакам да влијаат одредени коментари на мене.
За одлуката за инсемимација одлучив прво јас а потоа и докторот кој е еден од најдобрите специјалисти во оваа област. А дека се мачам воопшто не ми е проблем бидејќи целта е најубава и најбитна, ќе пробам буквално сѐ. А вие драги членки останете ми во добро здравје и расположение.


Alekce, со среќа нека ти е, ти посакувам успешна инсеминација!

Немој да замериш и да се вознемируваш поради одредени коментари, повеќе од нас поминале низ повеќе постапки и веројатно малку сме отрпнале во текот на се, што според мене е природен начин на справување со сите емоции со кои се соочуваме...
Најдобро е да му веруваш на докторот, он најдобро може да ја процени вашата состојба, штом се одлучил за инсеминација, сигурно заклучил дека има шанси за позитивен исход.




lara36 -> RE: Инсеминација II (29.10.2017 16:15:52)

Alekce prvo mnogu se izvinuvam sto sum ti stvorila nemir nesakajki e koga ke se izgoris sakas bilo koj da go predupredis da ne gi pravi istite greski.istata dijagnoza so istiot dr 2 inseminacii kako mali ivf bea nadez sto da ti kazuvam dr siguren deka ke bide jas presrekna i na kraj nisto.sega sum momentalno so vtoro ivf cekam da pominat 2 nedwli za rezultat ama od site tie lekarstva rezervata se namaluva uste poveke jas ovoj pat edvaj 1 embrion imav.ti posakuvam da ti bide prva i posledna ne edno dve naednas da ti placat i uste ednas izvini.




Kiraca -> RE: Инсеминација II (18.11.2017 23:19:51)

Zenicki, toplo preporacuvam na sekoj da ja proba kombinacijata od 5 bilki od Bilna Apteka Matija. I pomogna na moja prijatelka koja 3 god. se macese da zatrudni, vredi da se proba.




Страница: <<   < Претходна страница  79 80 81 82 [83]