|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Воспитување на детето
28.10.2013 11:38:15   
rina13
Верувам дека не постојат лоши родители, секој може да употребува каков сака начин на воспитување во зависност лични преференци, желби и цели. Да, детето треба да се насочува кон почитување на добри вредности и создавање на доби манири, но апсолутно не можете да кажете за некој родител дека дигнал раце затоа што не постапува според вашите родителски стандарди. Не сметам дека треба да се крши детскиот карактер ниту темперамент, се додека тоа не наштетува некому секако првиот момент кога тоа ќе го направи треба да се санкциориа, пренасочи перекори соодветно. Во суштина детскиот карактер се формира од 5 до 8години но првите три од несвесниот период се темели на личноста така што било кој обид нешто да наметнете може подоцна да резултира во проблем но и не мора да значи.
Децата во никој случај според мене не треба да бидат копија на родителите, станува збор за засебни личности кои ќе си го тераат својот животен пат врз оснва на своите на не вашите желби. Не, не сакам детето да се плаши од авотритети, да ја наведнува кичмата кога пред неа стои друг човек со некоја си функција, сакам да научи да се слуша себе своите желби, да не се покорува на крајот сите сме само луѓе и треба да го поминеме животот најдобро што можеме, да го иживееме со полн здив. Јас сум ја родила, ќе се трудам со сите сили да и вдахнам честити особини, но ќе ја пуштам сама да одлучи каква ќе биде, каде ќе оди и како ќе постапувва, а јас секогаш ќе бидам тука за неа не да ја кренам кога ќе падне туку да и помогнам сама да стане, да се бори и никогаш да не се предава. На крајот на краиштата дошла на светов за да живее а не јас да живеам преку неа, нејзините соништа сакам да бидат само нејзини а не моите неостварени идеи. Апсолутно секогаш каде и да ја однесе животот што и да направи колку и тоа според другите да биде грешно ќе и дадам на знаење дека има каде да се врати, има на чие рамо да заплаче има кој да ја сфати и никогаш да ја осуди.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Воспитување на детето
3.12.2013 20:24:48   
Martins mom
Женски, јас имам сериозен проблем со Мартин. Детево мое тотално се измени, постојано бара внимание иако вниманието на сите е нон стоп кон него. Намерно тоа го правиме откако се роди Ана. Беше многу умен дури бев трудна, заедно го галевме мешето, му пеевме, ме прашуваше сирот дали ќе го сакам кога ќе се роди бебето, дали е убав и милион такви чувствителни прашања. По тоа утврдив дека ситуацијата го погодува и затоа се трудиме да сме внимателни со него. Е сега почна проблемот. Од ко ќе стане од спиење, па дури да легне навечер, мене животот ми е кошмар од него. Се однесува агресивно кон сите, плука кај ќе стигне и мачка, единствен муабет му се безобразни работи, не ми одговара на прашањата, не игра сам, па дури и да го заиграш не е заинтересиран, цртаните не го интересираат повеќе, не можам ни на телефон да зборнам од него, само пишти или плаче, нормално не зборува. Денес изгубив контрола и го плеснав убаво, ама и тоа не допре до него, почна уште толку да се лигави и да зборува погрдни зборови. Не си го препознавам детето, не знам каде згрешив. Ете сега ги пуштив со мм да излезат малце да се излуфтира, ама ми се јави мм на тел и ми рече дека исто бил неподнослив. Не дава со мм дома муабет да направиме, нон стоп е тој центар пажњата. Со арно не бива, мм вели строго да пробаме. Ај плиц дајте совет што да правам. Денот ми го прави кошмар. Бебето ми е тотално запоставено, не стигам да го подржам во раце ни 5 минути, оти нон стоп сум зафатена со Мартинuser posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Воспитување на детето
4.12.2013 9:20:12   
niki
draga Martins mom,
pred nekoe vreme ti go procitav postot vo temata "Dali vaseto dete pcue?" i nemav vreme da ti odgovoram iako mnogu me izrevoltira odnesuvanjeto na vasata okolina so Martin, a najmnogu sto vo seto toa ucestvuva i go podrzuva tvojot maz negoviot tatko. i sega istiot toj tatko predlaga za ona sto sam e odgovoren i sto e negov proizvod da pocnete da se odnesuvate postrogo so deteto? na koj nacin postrogo, moram da prasam? da go karate, tepate i kaznuvate za ona sto site vie okolu nego go ucite.
kade gresis? gresis vo stavot koj go imas za svoeto bitisuvanje vo taa kuka, za stavot koj go imas kon roditelstvoto i za se ona sto premolcuvas i nemo posmatras dodeka se slucuva pred tvoi oci a ne reagiras na vreme zarad nekoj mir vo kuka.
ne sugeriram da se razvedes, da ne bidam pogresno razbrana, ama treba i moras ti tamu da pokazes zabi i site negativni vlijanija da gi seces od start pocnuvajki od maz ti, pa posle site po red
imam procitano od tebe deka i ne mozes protiv site niv, no i toa ti e pogresno viduvanje, bidejki ako sakas da imas vospitani i razbrani deca na koi ke bides gorda ti treba i moras da deluvas protiv site niv
znam deka niv (svekrvata, svekorot, deverot, komsiite) nema da gi smenis sto i da napravis, no i te kako mozes da kontroliras kako ti se odnesuvaat so deteto, ne go pustaj sam kaj niv a koga si so nego i ke pocnat od nego da pravat paljaco prekinuvaj gi vo istiot moment, na deteto da mu kazes deka toa sto go ucat ne e ni malku zabavno, deka na toj nacin ne mu pokazuvaat ljubov tuku go iskoristuvaat za potsmevanje i deka taka baba i dedo koi si go sakaat vnuceto ne pravat (ova i tie da go cujat)
a so mt ke se raspravas vo vasite cetiri zida, bez publika, bez toj da ja ima poddrskata od mama tate i bate, na ramnopravni pozicii

Martin e ljubomoren na bebeto i ke bide uste dolgo, ke treba mnogu vreme da posvetite na razgovor na taa tema, no toa ne znaci deka za se treba da mu popustate, granici treba da mu postavite i prvo vie da gi pocituvate pa posle od nego da ocekuvate toj da pocne da gi pocituva
placenjeto vristenjeto se isto taka i del od golemiot emocionalen naboj koj decata go cuvstvuvaat vo toj period i ne se nauceni da gi kontroliraat, ne znaat da prepoznaat sto cuvstvuvaat za jasno da kazat i ke treba vie vozrasnite da mu pomognete taka sto na negovite cuvstva ke im dadete iminja, ke go naucite da gi prepoznava i da gi izrazuva so zborovi, ke mu kazuvas i povtoruvas deka e vo red da bide i ljut i besen i ljubomoren i tazen i sreken i ke mu objasnis kako sekoe od tie cuvstva izgleda sto predizvikuva vo nas so sopstveni primeri, koga i zosto ti si se cuvstuvala luto besno, srkno, tazno, no deka ne e vo red da zaradi tie cuvstva bide agresiven so nikogo i da zboruva bezobrazluci nitu da place i vristi, bidejki taka cuvstvata nema da isceznat a resenie za problemot koj gi predizvikuva nema da najdete
ubava komunikacija so dete se postignuva taka sto na sekojdnevnite kmekanja ne se odgovara odma i vednas samo za da se prekine kmekanjeto, tuku so nasocuvanje sto e pozelno da se kaze za da se dobie toa sto se saka
primer:
toj: Saaaaaaaaaaakaaaaaaaaaaaam vooooooooooodaaaaaaa!!!
ti: Pobaraj ubavo "Mamo moze da dobijam casa voda".
toj na pocetok ke se tegne i ke izbegnuva da kaze verojatno i ke dojdete i do vristenje i pistenje no ako ti istraes i ne mu go ispolnis baranjeto se dodeka ne go izrazi so jasna razgovetna recenica bez kmekanje, naskoro ke vidis i promena vo negovoto odnesuvanje
ne odgovara na prasanja, togas i ti ne razgovaraj so nego i sekoj razgovor koj ke vklucuva pogrdni bezobrazni zborovi prekinuvaj go so recenicata Se dodeka zboruvas loso i ne mi se izvinis za se ona sto me teras da te slusam ne sakam da razgovaram so tebe i ne mu obrnuvaj vnimanie, raboti si nesto
ako bilo sto isprlja daj mu krpa da iscisti i smisli nekoja kazna ako ne saka da cisti, nekoja zabrana na nesto sto mnogu saka

sepak najvazno od se e so mt da postignete dogovor da vulgariziranjeto na komunikacijata so deteto od okolinata go sosecete vo koren i nego moras da go nateras da svati deka za toa treba da te poddrzi pred negovite roditeli i komsii

moras seriozno da porabotis so deteto na ovaa tema bidejki ako sega izgubite kontrola nad nego za godina dve koga ke trgne na skolo uste potesko ke ti bide da se izboris bidejki togas nema ni da mozes da kontroliras sto se ke sobere od drugite deca i kolku bezobrazen i aroganten ke bide so nastavnicite, to povlekuva ponatamu da bide izbegnuvan od fini deca i za druzenje da mu ostanat nekoi slicni nemu so koi verojatno i ucenjeto ke mu bide vo vtor plan

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Воспитување на детето
4.12.2013 14:54:53   
Martins mom
Многу ти благодарам ники user posted image user posted image Знам јас дека имам поголем проблем со возрасните, отколку со Мартин. Овде сите се со бурен темперамент и мистери олвејс рајт, само јас се трудам (и сум) смирена и не повишувам тон. Не можам 100% да имам контрола над детето од нивното влијание, едноставно не е возможно...и да, пред да се роди малата, попрво со него ќе се разберев, него со баба му.На пример, кога ќе му даваше благо пред ручек, неа не ја одучив да го прави тоа, ама малиот го научив да не зема кога баба и дедо ќе му даваат благо пред ручек. Мојот проблем моментално е неговата ужасна потреба за внимание. Ете сега седнав на компјутер оти тој се заигра со количиња. И ете го, ме виде и дојде над мене, да ми стои пред монитор, а и 2 пати ми го исклучи. Немам право значи на живот од ова детеuser posted image
Кога го игнорираш одма оди да ја мавне со некој предмет сестра му, оти знае дека ќе му станеш, не можеш да седиш рамнодушенuser posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Воспитување на детето
4.12.2013 15:12:30   
vezilka RR
Еве една тема за Прилагодување а постарото дете кон бебето. Се надевам дека искуствата ќе помгнат и дека ќе изнајдеш решение.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Воспитување на детето
10.12.2013 10:55:03   
Mihaela 2010
Da ne pisuvam vo fazite na deteto bidejki spomnavme vospituvanje pa tuka ke pisam
Nie doma postojano nesto zborime,ukazuvame,kazuvame sto e pravilno a sto ne i M sekogas vnimatelno slusa sto mie posebno drago
e sega ima periodi koga ke ja fati inat i kako se da pagja vo voda,vikam dobro ova vo edno uvo vleglo vo drugo izleglo..
zborime koga sme nadvor izlezeni deka koga ima koli da ne se pusta od mene da me drzi za race,da ne go vadi salot od usta i takvi raboti,nekogas e poslusna nekogas tera inaet...no sum primetila koga izleguvame so drugarce nejzino taa kako da saka da se dokaze i toags moeto zboruvanje i ukazuvanje izleguva na videlina i sfakjam deka ne bilo zaludno zboruvanjeto,duri na devojceto mu vika,vidi jas ja nosam kapata,ne ja vadi ladno e,ili za salot,ili i kazuva deka treba majka i cvrsto da ja drzi za raka,posto ima koli...ili me prasuva dali moze da potrcka,i vikam moze samo bidi vnimatelna a taa dobro mamo,epten e poslusna,koga ke sedneme na slatki taa kako da saka da se dokaze sama jade,sama pie sokce nekako abe detevo umno umno so da vi kazuvam...sepak i ostanalo nesto od zboruvanjeto,ama doma ete si znae da se opusti i da ne me slusa..bitno razbrala od makotrpnoto zboruvanje..user posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Воспитување на детето
10.12.2013 12:29:44   
mommy_angels RR
А уште е мала ,ама се трудиме колку е можно да ја учиме на добри манири.Е сега си наидов на проблем.Ние секогаш и викаме повели,фала , браво и тн , а ја приметувам во последно време дека кога ми дава нешто ми вика "НА". Бидејќи детето е цело време со мене и мм и знам дека не е он нас,го прибала од градинкаuser posted image . Што педагог беше тоа кога на децата им вика "НА " user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Воспитување на детето
10.12.2013 13:31:30   
vezilka RR
Можеби и е од другите деца. Битно да се повторува правилниот збор почесто и ќе сконта. Децата се како сунѓери, се впиваат иако нам некогаш ни се чини дека не не слушаат. Сега Никола кога го прекоруваме за нешто што не бил умен, се прави дека не не слуша, ја врти главата на друга страна, ама ако, јас пак си кажувам. и по неколку минути, кога ќе му помине лутината, го прашувам за тоа што сум му го зборувала и гледам дека ме слушал, и тгаш прифаќа и вика мамао ќе бидам умен.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Воспитување на детето
11.3.2014 12:44:30   
deluxe
Разговорот е преместен во соодветната тема ТУКА

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 11.3.2014 12:45:03 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 14:43:52   
Martins mom
Мамички, ај ве молам малку хелп, 1000глави сигурно се попаметни од една. И да ве замолам на старт без осудувања, остри критики итн, оти сум емотивно ептен слаба, на раб на нервен слом, така да многу ќе ми штети , ќе ме докрајчи. Доволно ми е што сама се јадам одвнатре...ми треба некој предлог, начин на постапување...нешто било што што би ми помогнало. Знаете дека кога ми се роди малата, Мартин го смени однесувањето и по разни перипетии, посета на психолози, дрн врн, состојбата ни е уште полоша. Детево не може да седи ниту секунда во едно место, не може да се концентрира, по цел ден демолира низ дома, се одвикна да зборува, само вика , писка и плаче, а најголемиот кошмар ми е тоа што некогаш заинает ми се моча во гаки. Ќе земе некој предмет, последно на пример беше вазната и дури да одам до него -тој ја акнува и ја крши...истото ми го направи и со наочарите , телефонот, значи единствена задача му е да уништува. Не го интересираат веќе ни цртани, ни игри, не знае да се заигра со ништо. Дури и да седнеш да играш со него, нема шанса, не те ни слуша, туку одма се глупира. Пробавме да не правиме биг дил околу сето тоа, да го игнорираме, да не придаваме важност, ама не е возможно, не ни е сеедно да ни ги скрши сите прозори и огледала низ дома. За него повеќе никој не е авторитет, ништо не го прави ни среќен.Пробав и со построго, џабе е.Од тоа што се дере нон стоп доби воспаление на средното уво ,па сме на антибиотик, абре се уништува детево со сила, а јас со него. Заради неговото однесување никој не сака ни да го почува на 5 мин, а со тоа мене ми е уште потешкоuser posted image user posted image user posted image Уништена сумuser posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 14:58:09   
Goddess*
Majka,dali deteto posetuva gradinka ili zabavishte???

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 15:25:22   
Martins mom
Не посетува градинка, а нема ни да посетува.Не сакам да се повторувам со мојот став за градинките.Во секој случај, во местото кај што живеам нема во близина градинка, а и најблиската е со ужасни услови и поќар сум да не оди, отколку да оди. Нема ментално здравје, без физичко здравје!!!

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Goddess*)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 15:57:12   
Dreamline
Sega i da sakas e pogresen moment da go pustis vo gradinka.... tuku ste probale li da go potkupite? da go iznesete da mu kupite nekoja igracka? nesto da napravite da se cuvstvuva poseben deka ocigledno e ljubomoren na pomalata sestra.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 16:30:58   
Goddess*
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Не посетува градинка, а нема ни да посетува.Не сакам да се повторувам со мојот став за градинките.Во секој случај, во местото кај што живеам нема во близина градинка, а и најблиската е со ужасни услови и поќар сум да не оди, отколку да оди. Нема ментално здравје, без физичко здравје!!!


Vidi Martin moms,tvoe dete ,tvoi pravila,ama da znaesh i tvoj rezultat na vospituvanje...jas ednash napishav na temava deka deteto ti pati,so toa shto go ostavash na luge da go chuvaat/prichuvaat koi shto ne pokazuvaat nikakva griza,ni zaenteresiranost,ni nekakva zelba,chuvan so pcovki i po nekoj udar od vreme na vreme,rezultatot eve go...
Na sekoe dete mu treba socijalizacija,igranje so deca,a gradinkata e naj idealniot izbor za sekoe dete,tamo vprochem uchat shto e red,disciplina,razno razni igri koi se za nivna vozrast,drugaruvanje,vishokot energija tamu go troshat,ama pak ke kazam sekoj si znae najdobro za svoeto dete.


< Поракaта ја уредил Goddess* -- 25.4.2014 16:42:25 >

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 21:16:24   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Мамички, ај ве молам малку хелп, 1000глави сигурно се попаметни од една. И да ве замолам на старт без осудувања, остри критики итн, оти сум емотивно ептен слаба, на раб на нервен слом, така да многу ќе ми штети , ќе ме докрајчи. Доволно ми е што сама се јадам одвнатре...ми треба некој предлог, начин на постапување...нешто било што што би ми помогнало. Знаете дека кога ми се роди малата, Мартин го смени однесувањето и по разни перипетии, посета на психолози, дрн врн, состојбата ни е уште полоша. Детево не може да седи ниту секунда во едно место, не може да се концентрира, по цел ден демолира низ дома, се одвикна да зборува, само вика , писка и плаче, а најголемиот кошмар ми е тоа што некогаш заинает ми се моча во гаки. Ќе земе некој предмет, последно на пример беше вазната и дури да одам до него -тој ја акнува и ја крши...истото ми го направи и со наочарите , телефонот, значи единствена задача му е да уништува. Не го интересираат веќе ни цртани, ни игри, не знае да се заигра со ништо. Дури и да седнеш да играш со него, нема шанса, не те ни слуша, туку одма се глупира. Пробавме да не правиме биг дил околу сето тоа, да го игнорираме, да не придаваме важност, ама не е возможно, не ни е сеедно да ни ги скрши сите прозори и огледала низ дома. За него повеќе никој не е авторитет, ништо не го прави ни среќен.Пробав и со построго, џабе е.Од тоа што се дере нон стоп доби воспаление на средното уво ,па сме на антибиотик, абре се уништува детево со сила, а јас со него. Заради неговото однесување никој не сака ни да го почува на 5 мин, а со тоа мене ми е уште потешкоuser posted image user posted image user posted image Уништена сумuser posted image user posted image



МартинсМам,те разбирам потполно како се чувствуваш.И кај нас до некаде е слична ситуацијата со ќерката која иако е 7 години постара од бебето,ги разбира работите како стојат,сепак појави голема доза на љубомора.На почетокот беше рамнодушна кон бебето,но како тоа растеше,растеше и нејзината љубомора.На секој можен начин пробуваше да ни го привлече вниманието(измислуваше болести,плачеше,се лутеше за се и сл.)До ден денес таа е љубоморна на братчето,но за разлика од порано сега пробува и физички да се пресметува со него,а тоа е мало(20месеци).Цело време сум на штрек со неа кога е во негова близина знае да го клооцне,турне искуби за коса.Сум разговарала смирено,сум ја казнувала и ниту едното,ниту другото не даде резултат.Единствено ми помогна тоа што пред неа пробувам да ја пофалувам за се што прави,да ја дигам до облаци за некои т.н добри дела што ќе ги направи.Едноставно ја правам дека таа е мојот центар на универзумот.Кога се галиме двете и нагласувам дека таа е моето прво и големо бебе,а бате е малото бебе кое ништо не разбира,а таа е мноу послушна а тој неuser posted image И се некои такви политики и водам демек ти си супер(се разбира бебето сеуште не знае што го критикувамеuser posted image )
Пробајте да го пофалувате за се што прави,пр. натерај го нешто да однесе-донесе,и при тоа речи му гласно браво,аплаудирај му,па кога тато ќе се врати за тоа пофали го,па и тој да го пофали и така на тој начин да му се врати самодовербата на детето.Тој е сега збунет ,пробај без да викаш во ниту еден момент да го вратиш в колосек.Секој ден одвојувај барем 1 час за вас двајца(само ти и тој)ќерката нека ја причува маж ти,или свекрвата,вие двајца одете во најблискиот парк,јадете сладолед,лулајте се прави се што обожавал тој ,пред да се случи оваа промена кај него.Пробај вака барем 1 месец посвеувај му се само него(ама без присуство на бебето) мислам дека ќе се среди.И при тоа гледај да бидеш максимално смирена и нежна со него,без викање и карањеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Воспитување на детето
25.4.2014 21:54:42   
niki
Martins mom zapisete go na nekoj sport kade ke ja trosi energijata
Postojano provejuva deka ne sedi miren, mislam deka ne razbiram sto ocekuvas i podrazbiras pod sedenje miren, toj e sepak aktivno dete na koe mu treba fizicka aktivnost da ja istrosi energijata sto mu e visok
Kolku cesto si igra so drugi deca na negova vozrast na otvoren prostor
Za krsenjeto po doma jas ne bi trcala da gi spasuvam stvarite ama posle prvoto namerno krsenje bi smislila nekoja drakonska kazna sto ke ja zapamti za cel zivot
I iskrena ke bidam ama navistina se cudam kako toa dozvoluvate edno zgepce od 4 godini tolku negativno da se odnesuva i da tie seriozni prekrsoci da ne gi sosecete vo koren uste vo nivniot zacetok
Da ne se plasis premnogu od sopstvenoto dete i da odis po linija na pomal otpor
Ok se i fizicko i psihicko zdravje ama pa vo ime na toa ne ke se ucam da gazam po jajca i da dozvolam detule da mi se kacuva na glava i da me terozira pa ako sum mu majka
Veke pocnuvam da mislam deka od mnogu obidi da se munse ugodi i pogodi se otislo vo krajnost

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Воспитување на детето
26.4.2014 0:28:12   
Snowhite RR
Мартинс мам на моменти како себеси да се читам, иако не е до тој степен и кај нас само се вика по дома, Михаил цело време ја задева Јана, таа му го има веќе стравот земено и само што ќе и се приближи дури и ништо да не и направи таа само писка, единствен начин да биде мирно и тивко дома е да му се пуштат цртани на компјутер или на тв, ама па така не можеме да го станеме од пред компјтер и се прашувам што е полошо да седи пред компјтер неколку часа или да ја задева сестра му, па ние да викаме по него, па после ние двајцата да се скараме, па мм ќе замини надвор итн.
Сепак лесно е да се зборува од страна, потполно те разбирам како ти е и знам дека е многу напорно и ако никој не сака да го чува него, тогаш сигурно ќе сакаат да го причуваат бебето, па вие излезете сами со него, додека спие бебето ти целосно посвети му се, ако треба ништо дома не работи играј си со него, разговарај со него, не знам што да ти кажам друго, кога ни кај нас не е сјајно и кога и кај нас е слична ситуација

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Воспитување на детето
26.4.2014 1:28:53   
Defne90 RR
И јас те разбирам Мартинс мам и точно знам низ што поминуваш.Значи и кај нас беше истата ситуација кога го донесовме бебето дома.Едно влегување со него дома првиот пат и мислам дека поголемиот синко целосно се измени од тој момент.Значи стана толку многу љубоморен на братчето што само гледаше да ми го види грбот и да го удри со нешто.И верувај ми и јас бев како тебе на работ на нервен слом.Постојано викаше и се дереше по дома,кршеше,исто и ние почнавме во гаќи да мочаме од инает,го гледаше бебето со цуцлата и тој посака да има,кога почнавме да го ставаме во дубалка и тој си се качуваше во неа и си седеше.Му ги земаше дојачињата и пиеше вода од нив демек и тој бил бебе,дури и едно време значи до толку стаса љубомората што постојано ме влечеше и упорно бараше и тој да цица.И гледаше ептен тажно додека го дојам помалото што дури и избегнував да го дојам пред него.И цело време само ми повторуваше упорно и ме прашуваше дали го сакам иако тој прави белја.И стана толку многу агресивен што не сакаше да си игра ни со дечињата на улица ниту пак знаеше да седи мирен и да се заигра пак сам.Постојано изведуваше по нешто се со цел да ме извади от такт и да си ја искаже љубомората за да му олени.И верувај пробав со сите воспитно казненеи мерки,ама ништо не вроди со успех.И така заклучив дека е многу подобро наместо што ке го карам постојано и му викам да го фалам за добро направените работи па макар се работело и за најобични нешта.Пробај да му даваш некои задачи и задолженија по дома за на тој начин тој да почне да се чувствува корисен со тоа што помогнал.Додека чистиш да речеме дај му и нему крпа и тој нека чисти со тебе или додека усисуваш замоли го да ги подместува оние полесните предмети.Исто ангажирај го и околу обврските околу бебето,на пример кога го пресоблекуваш замоли го да ти додене пелена или додека го бањаш замоли га ете да ти ги додава сапунот и сунѓерор,па и тој да се чувствува како да е дел од животот на бебето.Исто се согласувам со делукс погоре да си одделите барем час два дневно време и тоа посветено само на поголемото без присуство на бебето,значи како што напиша делукс нека го причува некој од домашните па така вие ова време искористете го за прошетка до парк за играње на неговите омилени игри или за цртање и боење.сеедно значи за работи што го прават М среќен.И верувам дека со тек на време ситуацијата ќе се подобри.А со сите тие случувања можам само да ти кажам да не се обвинуваш себе си за тоа затоа што ти воопшто не ис виновна за неговото однесување.Јас верувам дека М има огромна љубов,внимание и посветеност,но едноставно некои деца многу потешко се помируваат со фактот дека веќе не се сами и додека да увидат дека мама ги сака подеднакво и него и бебето се однесуваат така.Само напред стисни заби и не се откажувај,знам лесно е вака отстрана некој да те советува и да ти кажува тешко е тоа во пракса да се направи затоа што не секогаш работите одат плански,тоа ретко кога се случува.Значи само огромно внимание и љубов како и тоа детето да се почувствува корисно за сите во семејството.И многу многу пофалби за секоја корисна работа што ќе ја направи па макар се работело и за ситница,тоа за детското срце значи најмногу.Поздрав мартинс мам и ви посакувам многу среќа.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Воспитување на детето
26.4.2014 14:10:44   
Martins mom
Еден од психолозите кај што. Бевме ми вика: Го сакаш ли ти мт? Ја нормално Дааа,ми вика како би реагирала ти ако тој дома донесе помлада,згодна женска и цело време се вртка околу неа? Па,нормално би збеснала. Ете гледаш, се е во ред со твоето дете,реакциите му се нормални и оправдани. Е точно,ама мене ми недостига моето дете што беше претходно...Друг психолог па ме советуваше да не се притресуваме премногу околу М,не мора да го фалиме и воздигнуваме толку оти уште повеќе ќе се вообрази и ќе бара уште и уште внимание.Колку побрзо се навикне на ситуацијата дека има уште еден освен него,толку побрзо би се средила состојбата.
И да,јас одвојувам време само за нас,ама и тогаш нејќе да игра со мене,гледа да ме извади од такт,иако се воздржувам.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Воспитување на детето
26.4.2014 15:35:59   
vezilka RR
Судејќи според ова дури ни псохолозите немаат единствен став. Вееојатно оти сите деца се различни и им треба различен пристап. Ти најдобро си фо познаваш детето и длабоко во себе мора да го имаш одговорот. Не тргнувај од туѓи искуства, не дека се злонамерни, но не знаеш дали се соодверни за вашиот случј. Тргни од детето. Обиди се да дознаеш што тој навистина сака. Зошто е нервозен и агресивен, зошто намерно ве предизвикува. Ама тој да ти каже, а не да претпоставиш дека е заради Ана. Па после од таа точка да тргнеш ќе ти каже. Значи јас не можам да ти зноеувам од позиција на искуство, туку само нафрлам идеја.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 26.4.2014 15:38:49 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Воспитување на детето
26.4.2014 18:52:59   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Еден од психолозите кај што. Бевме ми вика: Го сакаш ли ти мт? Ја нормално Дааа,ми вика како би реагирала ти ако тој дома донесе помлада,згодна женска и цело време се вртка околу неа? Па,нормално би збеснала. Ете гледаш, се е во ред со твоето дете,реакциите му се нормални и оправдани. Е точно,ама мене ми недостига моето дете што беше претходно...Друг психолог па ме советуваше да не се притресуваме премногу околу М,не мора да го фалиме и воздигнуваме толку оти уште повеќе ќе се вообрази и ќе бара уште и уште внимание.Колку побрзо се навикне на ситуацијата дека има уште еден освен него,толку побрзо би се средила состојбата.
И да,јас одвојувам време само за нас,ама и тогаш нејќе да игра со мене,гледа да ме извади од такт,иако се воздржувам.


Iskreno mene da me sovetuvale psiholozi ko ovie tvoive bi im rekla bukvalno: Ma daj ne seri
Razbiram jas dete da bide ljubomorno na novo bratce sestrice ama vo onoj moment koga ke se trgne vo demoliranje na domot seto razbiranje bi mi isceznalo i mnogu malku bi razmisluvala dali ke mu ja povredam licnosta so kritikuvanje na odnesuvanjeto i sankcioniranje na istoto a mnogu poveke bi razmisluvala do kaj ke doturkame ako ignoriram i se obiduvam da go razberam i opravdam
I bogami se cudam za sto bi mozela da go falam za da se voobrazi ako negoviot arsenal na odnesuvanje podrazbira pcovki nasilstvo unistuvanje i postojano provociranje na sited domasni
Navistina i mene me interesira koj e negoviot odgovor na prasanjeto zosto pravi taka
Si go prasala



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Воспитување на детето
27.4.2014 9:08:23   
Felly RR
И мене баш ме интересираше што ви рекле психолозите, и каков совет ви дале. ВО ред е дека таквото однесување на М е нормално, ама сепак мора да има некоја граница. Знам, пиша дека си пробала и со убаво и со построго, ама јас сепак ќе ти речам да дозволиш некогаш и „да те извади од такт“ па да му кажеш малку со повисок тон дека тоа што го прави воопшто не е убаво и многу те лути кога прави така. И кажи му се убаво, со причина објасни му. Не само да ,му викаш дека не смее да го фрла телефонот, туку кажи му дека телефонот ако падне ќе се распие/скрши и тогаш нема да можеме да се јавиме кај тато кога е на работа или нешто сл.
Ако сте излезени во парк двајцата сами а тој збеснува, кажи му дека - јас излегов со тебе зошто сакам да си поминеме убаво заедно, а ти ако не сакаш, и ако се однесуваш неубаво, тогаш ќе си одиме. Не смеете да го игнорирате таквото однесување, зошто тој со тоа бара внимание, ама мора да му укажете дека тоа што го прави не е во ред.
Пофалбата функционира кај некои деца, ама кај некои повеќе има ефект критиката. Посветувај му внимание, ама ако почне да крши/вика и сл. кажи му дека тоа воопшто не е убаво и нема да си играш со него се додека не почне да се однесува убаво.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Воспитување на детето
8.5.2014 23:47:23   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

ako nekoj najde kategorija kade sto moze da ja stavi temava slobodno neka prefrli.Baram mislenje i sobet.ili jas sum nepismena ili detevo mi e zbesnato.znaci za 1 nedela ke napravime 14 meseci.deteto mi e epten svoeglavo pravi se kako sto ke mu tekne.sakam da go naucam na raboti koi treba da gi pravi i koi ne treba da pravi.mi zboruvam no ne pokazuva znaci za zainteresiranost za toa sto mu go kazuvam.dodeka ne mu viknam deka nestoto sto go ravi ne smee da go pravi toa ne se otkazuva.ne sakam uste od sega so karanje da pocnuvam.odvreme navreme e nervozno ajde si velam od zabite mozebi e.vo faza na prooduvanje sme no toj nekoe vreme saka samo da lazi bez obidi da odi a nekogas ne se zastanuva so odenje.odvreme navreme bara i vo dubak da sedne sto smetam deka vekje e golem za toa.sakam da go zaigram so igri i igracki koi sto smetam deka ke vlijaat dobro za negoviot razvoj no samo sto ke go namestam za igranje toj si zaminuva,znaci nikako ne mozam da go zaigram.vnimanieto mozam da mu go privlecam so NODY na YOUTUBE.se sto ke fati vo ustago stava ne si igra.edino igrame so racinjata nodzinjata...ne znam sto e rabotata.kako pomalo do 10tina meseci bese pozainteresirano sega pravi samo nemu sto mu e kejf.ne slusa drugi.ve molam za mislenje nekakov sovet....vo plan sum da go pustam vo gradinka zasto mislam deka so deca pa i nepoznati mozebi poveke ke nauci nesto.ili mozebi so mene mu e dosadno pa taka mi pravi....user posted image sto mislite vie?



_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Воспитување на детето
9.5.2014 0:02:05   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

ako nekoj najde kategorija kade sto moze da ja stavi temava slobodno neka prefrli.Baram mislenje i sobet.ili jas sum nepismena ili detevo mi e zbesnato.znaci za 1 nedela ke napravime 14 meseci.deteto mi e epten svoeglavo pravi se kako sto ke mu tekne.sakam da go naucam na raboti koi treba da gi pravi i koi ne treba da pravi.mi zboruvam no ne pokazuva znaci za zainteresiranost za toa sto mu go kazuvam.dodeka ne mu viknam deka nestoto sto go ravi ne smee da go pravi toa ne se otkazuva.ne sakam uste od sega so karanje da pocnuvam.odvreme navreme e nervozno ajde si velam od zabite mozebi e.vo faza na prooduvanje sme no toj nekoe vreme saka samo da lazi bez obidi da odi a nekogas ne se zastanuva so odenje.odvreme navreme bara i vo dubak da sedne sto smetam deka vekje e golem za toa.sakam da go zaigram so igri i igracki koi sto smetam deka ke vlijaat dobro za negoviot razvoj no samo sto ke go namestam za igranje toj si zaminuva,znaci nikako ne mozam da go zaigram.vnimanieto mozam da mu go privlecam so NODY na YOUTUBE.se sto ke fati vo ustago stava ne si igra.edino igrame so racinjata nodzinjata...ne znam sto e rabotata.kako pomalo do 10tina meseci bese pozainteresirano sega pravi samo nemu sto mu e kejf.ne slusa drugi.ve molam za mislenje nekakov sovet....vo plan sum da go pustam vo gradinka zasto mislam deka so deca pa i nepoznati mozebi poveke ke nauci nesto.ili mozebi so mene mu e dosadno pa taka mi pravi....user posted image sto mislite vie?




Марчи јас имам синче кое има 20 месеци.И тој во одредени периоди знае да има вакви испади.Секое дете пројавува вакво однесување, веројатно се работи за монотонија кај детето,која е комбинирана со нервозата од запчињата како што кажа претходно.Конкретно кај нас вакво однесување се појави претходниве недели,кога времето беше врнежливо и ладно и не можевме да излегуваме во двор да си трчка.Тогаш бидејќи беше само дома,затворен во една соба,буквално збесна.Се што ќе земеше беше беља,кршеше,кемкаше со ништо не сакаше да игра...user posted image И се тоа беше поради монотонија.Не знам дали имате двор,но доколку немате излезете во прак,неколку часа да се измори,на тераса, нека смени,купете нова играчка,па пробајте со неа да играте двајцата.Кај нас голем ефект имаа коцките ,многу го заинтересираа,сега веќе самиот пробува да ги реди. Набавете сликовници,па покажувај му слики ,или било какви списанија со слики,малите деца тоа ги интересира.Нас ни послужија списанијата од сестра му од училиште,па така научивме за коњчето,магарето и сите животни какви звуци испуштаатuser posted image Со викање и нервоза ништо нема да постигнеш.Пробај смени му ја тактиката,наместо тоа да манипулира со тебе,манипулирај го тиuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Воспитување на детето
9.5.2014 0:42:36   
marchi
Mnogu vi blagodaram Deluxe RR sto mojot problem go prenasocivte tuka i vasiot komentar bas mi bese dobredojden.vsusnost vo pravo ste.sakam na pravilen nacin bez nervozi i vikanje da go izdignam zasto znam deka tie ispadi negativno vlijaat vrz razvojot na deteto.vsusnost nemu sega mu e omileno da lazi i da turka kola demek ja vozi user posted image epa ke go poslusam vasiot sovet za nova igracka i ke mu kupam nekolku vo takov stil,za vozenje user posted image se nadevam deka ke pomogne.no za prooduvanje ima denovi kade da ne recam go mrzi pa epten retko odi ili odi ako go drziz za race.mislam 14 meseci veke treba da odi samostojno i toa dobro da go sovlada odenjeto no moevo nekako zabusava user posted image toa malku me zagrizuva

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?