RE: Конјунктивитис (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Maca25 -> RE: Конјунктивитис (27.9.2010 1:01:48)

Нина си закачи коњуктивитис, најверојатно во градинка. Кај неа се работи за вирусен коњуктивит, прследен со јак секрет од носот ( леплив и зелен), слаба кашлица и едно око кое беше убавооо зафатено и кое беше целото во крв. Исто така и покачена температура 2 дена. Носето и течеше цела недела, мислевме дека не е ништо страшно, и ставав капки Аква марис бејби, но еден ден ја земаме од градинка и гледам дека едното окце и е малце зацрвенето. Ноќта качи 39.5 температура и што ќе видам - целото окце во крв, едвај го отвори, цело залепено и и течеа крвави солзи. Веднаш ја однесовме на клиника, од таму не препратија на 100 места,а никој не ја прегледа убаво. Сабајлето во 7 право кај матичната, во румунска болница, таа не прати на очно во румунска за да и го исчистат окцето, ама докторката воопшто не сакаше ни да ја погледне, само му рече на мм : Однеси го детето надвор, многу плаче, јас на мајката ќе и објаснам. Каква одвратна жена. И даде Тобрекс и тоа на секој саат да и ставаме по една капка. Но, не можев да се ослонам на мислењето на оваа жена и отидовме на очна клиника. Докторот кој ја прегледа дури и сакаше да не задржи во болница, се додека не се исчисти окцето, но поради вирусите кои постојат и кои би можела да ги добие решивме да останеме дома, а да доаѓаме на чистење само таму. Тој ни ги даде истите капки, со тоа што на 6 саати и се става по 1 капка, а не на секој саат, маст Тобрекс, антибиотик, капки за нос и 4-5 пати на ден исмивање до раствор со бетадине.
Денеска и е малце од малце подобро, модрото околу окото помина, секрет од окото нема, ама уште е целотот крваво.




Тања РР -> RE: коњуктивитис (27.12.2010 23:10:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: deana

Moeto bebence ima 2,5 meseci i za celo vreme ima bakterija stafilococus aurelius vo ocinata, probavme kapki za oci i mast za oci no sepak gurelkite od ocinata ne se gubat.Dali ima nekoj slicno iskusvo?


ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Zdravo Deana!Kaj moeto vtoro dete taa bakterija ne sledese nekoj si tri-cetiri meseci.Toa e bakterija koja lesno se dobiva po pat na kontakt so lice koe ja ima t.e. nositel na istata.Edinstven spas od nea se visoko higienskite normi od strana na vozrasnite koi se vo kontakt so bebeto.Za terapija Tobrex,Ciprinol kapki i chloramphenicol mast a dokolku po dadenata terapija brisot e pozitiven bi te sovetuvala i clenovite od poblisokoto semejstvo da im se napraravi bris.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Мојата ќерка ја имаше оваа бактерија пред неколку месеци. Сега не знам дали терапијата е иста кај дете од 18 месеци и од 2,5 месеци, но можам да кажам како ние се справивме со оваа многу досадна и лесно пренослива бактерија. Тобрекс капки, а пред спиење Хлорамфеникол маст. Исто така често измивање на окцето со ладна вода и бришење исклучиво со стерилна газа. 




sinolicka -> RE: коњуктивитис (27.12.2010 23:18:43)

maca25 pa vie mnogu ste se izmacile so konjuktivitisot. ne znaev deka e tolku opasen.matej dobi od gradinka ama malku mu bese zacrveneto ednoto okce a drugoto poveke a ne ni se pravea gurelki.mat,lekarka ni dade tobreks kapki 3x1 i mast florahemikol navecer ,cela nedela . za 2-3 dena ni pomina ama terapijata ja prodolzivme do kraj da ne mu se poftori




jovanka -> RE: коњуктивитис (27.12.2010 23:29:19)

Bidejki nie za mesec dena dvapati konjuktivit.Eve sovet citam mnogu gi koristite Tobrex nie ovoj pat od oftamologot dobivme terapija Ciloxan kapki 4x1 i chloraphenicol mast za navecer i higienata na max.nivo.Ovaa terapija 7-10 dena a brisot povtorete go po dve nedeli od krajniot den na terapijata nemojte vednas posle 3-5 od terapijata.




danced -> RE: коњуктивитис (28.12.2010 0:29:36)

 и ние ја имавме бактеријата stafilococus aurelius  користевме капки тобрекс 15 дена не помина и потоа ни дадоа капки Гентамицин стававме уште 7 дена и сега е во ред.




Maca25 -> RE: коњуктивитис (29.12.2010 0:26:46)

Најчесто се дава тобрекс, а знам дека има и други.
Инаку докторот кој ја прегледа нина на очно ни рече дека тој неговото дете би го лечел само со ладна вода и бетадине. Но, нормално тој е специјалист и може тоа да си го дозволи. А ние, обичните пациенти, мора да користиме разноразни лекови за да се излечиме.
Освен тоа што и стававме на нина капки и маст и ние користевме, затоа што и кај нас се појави коњуктивитис. Правевме брис 5 дена откако прекинавме со терапија.





Snowhite RR -> RE: коњуктивитис (29.12.2010 16:39:10)

И Михаил ја имаше оваа бактерија и покрај другата терапија, докторката ни рече да му го измивам лицето со ocuflesh капки, значи не со камилица или нешто друго само со овие и навистина после терапијата се уште имаше гурелчина и кога му капнав од овие капки наредниот ден веќе немаше. Инаку не одат на рецепт и се некаде 300 ден, ама се две шишенца во паковање, јас купив само едно, значи ги делат, за 150 ден. Пробајте со нив.




lukas -> RE: коњуктивитис (29.12.2010 17:03:18)

nezz dali e ova toa no vcera koga go zaspivav lukas vo koseto od okoto imase gurelka tecna,go zaspav ,sabajleto stana celosno dvete ocinja so gurelcinja,zalepeno go pominav samo so gaza i so topla voda.sega nema nisto ama sega citam nezz dali e ova kunjuktivitis..strasno e ili?
posto treba da trgaam na pat a vo apteka na mm mu rekoja deka e mal za bilo kakvi kapki..ne sme otideni nikade malku e nastinat mozno e od sto e nastinat ovaa da se javuva..?




jovanka -> RE: коњуктивитис (29.12.2010 17:21:53)

Pred da zapocnes so bilo kakva terapija zemi bris od oci,nos i grlo za da se utvrdi dali navistina stanuva za bakteriska infekcija.Potoa so rezultatot dokolku se utvrdi prisutnost na nekoja bakterija vo ocite vednas kaj oftamolog za da vi utvrdi terapija.Sega pocesto izmivaj mu gi ocinjata i so voda i so kamilica,samo so negovo peskirce brisenje bidejki navistina mnogu brzo se prenesuva.




lukas -> RE: коњуктивитис (29.12.2010 17:29:51)

фала јованка!ке пробам прво со камилица..




lukas -> RE: коњуктивитис (29.12.2010 17:30:48)

а уште ова нема ништо преку ден ама навечер и од сабајле има?
ај ако има и утре па ке се јавам утре кај матичната!!позз фала




Felly RR -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 13:03:33)

Еве и МАтеа закачи некој конјуктивитис. Прво само носето и течеше, ама сега почна и да кашла, и плус очињата пред некој ден и беа залепени кога се разбуди. Ставаме капки ТОбрекс, и само вчера што ставивме, веќе денеска не и беа залепени кога се разбуди.




Felly RR -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 13:08:49)

Конјуктивитис е воспаление на очите, кое се појавува како компликација на акутни респираторни инфекциски заболувања. Заштитете ги очите!

Лекување

При лекување на конјуктивитис се користат специјални раствори (доколку станува збор за вирусна природа на болеста) или специјални капки за очи (доколку станува збор за бактериска природа на болеста) и други препарати со локално дејство.

Доколку болеста има тешка форма, се препорачува примање на антивирусни или антибактериски препарати за пиење, според соодветните шеми за лекување. Во најтешки случаи, болните се лекуваат во болница.

Незаменлив превентивен и лековит ефект при инфекциско заболување на очите има сребрената вода бидејќи вирусите и бактериите, кои предизвикуваат инфекциски болести на очите, не се отпорни на неа.

Луѓето кои имале ваков проблем препорачуваат и испирање со вода и билки кое има смирувачко дејство.

Додадете лажица трева во врела вода, оставете да се олади и процедете, а потоа измијте ги очите. Пробајте со цвет од невен, камилица, цветни ливчиња од роза, листови малина и цвет од бозел. Земајте ехинацеа за да го зајакнете имунитетот.
Тенки кришки краставица, или ладни кесички чај кога ќе се стават на затворени очи го ублажува воспалението. Најсигурен и најстар лек е облогата со камилица.

Совет плус: Најдобар начин да се започне третманот против конјуктивитис е да се адаптира пациентот на храна исклучително од свежо овошје на недела дена. Во овој режим на исхрана, три оброка на ден треба да содржат свежо и сезонско овошје. Бананите не треба да се конзумираат.
Извор:нотформен




Felly RR -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 13:09:43)

Дали имате пробано со некои од другиве чаеви што се тука споменати - освен со камилица?




JovanaJ -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 13:17:04)

Felly nas obicno ako e virusno mu pominuva samo. A ako e bakterisko normalno so kapki kako sto velis ete Tobrex/Maxidex i sl...
Za Kamilica mi ima receno ocnata lekarka deka sodrzi mnogu sitni ronki koi sto dopolnitelno go draznat okoto i da ne ja upotrebuvame. Navistina bese taka bidejki ne mu se podobruvase voopsto od kamilicata. A posle ovoj sovet ne ni pomislv da probuvam so drugi caevi...bev skepticna deka ke pomognat...




Calypso -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 13:17:13)

Kamilica ne e preporacliva za ocite, barem ne kaj deca, a za drugi caevi ne znam. Najubavo se cistat ocite so tupferce so topla voda, i po potreba soodveten lek, zavisno od kakva priroda e konjunktivitisot.
Felly, ako vi e preporacan Tobreks od lekar, ne se stava samo eden den, mora barem pet dena da se stava. Barem taka mi kazal pedijatar.




JovanaJ -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 13:19:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso


Felly, ako vi e preporacan Tobreks od lekar, ne se stava samo eden den, mora barem pet dena da se stava. Barem taka mi kazal pedijatar.

Tocno. Duri i poveke dena najcesto po procena na sostojbata na okoto kaj deteto. Nie sme gi stavale i do 10 dena koga epten bese vospaleno.




Maca25 -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 14:08:02)

Тобрекс се става мин. 5 дена на 8 часа. Уставри треба по препорака на лекар да се одреди дозата.
Др. Дума - специјалист од Клиника, ни има кажано никако да не се става камилица, да се измива често окцето со чиста вода и да се брише со стерилна газа ( со тапкање) и тоа мин. 7 дена.




Felly RR -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 18:10:14)

За Тобрексот знам дека треба минимум 5 дена. Всушност нас докторката ни рече 10 дена и тоа 4 пати по 2 капки. Ама зарем на 6 саати треба да и давам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Јас само преку ден и ставав вчера, и кога беше бебе еднаш и беше воспалено окцето, и ставав исто Тобрекс, ама мислам дека не по саати.




Snowhite RR -> RE: коњуктивитис (24.2.2012 19:24:14)

Не на 6 саати, па нема да ја будиш ноќе, туку преку ден стави и 3-4 пати, јас така правев со тобрексот, а хлорамфеникол маст не ти рече навечер пред спиење?




Felly RR -> RE: коњуктивитис (25.2.2012 19:54:19)

И ставив и хлорамфеникол, ама отпосле видов дека на неа пишува да се употреби во рок од еден месец од отворањето, а мене ми беше отворена одамна. [sm=zmeden.gif] До душа и не и ставив многу, оти не ми дозволи, ама сега ми е мисла.[sm=smiley13.gif]
А еве и мене ми се јави на двете очи - што можам јас да ставам сега?




Maca25 -> RE: коњуктивитис (26.2.2012 0:24:27)

Истото!! Пазете, многу лесно се пренесува. Ти сега можеш пак на М. да и пренесеш!




vezilka RR -> RE: коњуктивитис (23.5.2012 16:17:59)

Дали може нешто превентивно да се направи за коњуктивитисов? Ете внука ми го закачи, денес и трет ден со капките, а по цел ден се заедно. Денес и малиот внук, како да имал нешто белко на ошињата, ќе видиме кога ќе си дојдеме од работа. Никола бил добар, ама ако толку лесно се пренесува, треба да очекуваме и кај него. Не можеме да ги изолираме оти мајка ми на куп ги чува сите три, нема кој друг. Дали ако 2-3 пати го измивам со газичка натопена во водичка би помогнало, превентивно, кој знае [sm=zmeden.gif].




Beatris -> RE: коњуктивитис (23.5.2012 16:19:39)

Па сигурно нема да му штети, а може да има некое фајде, уште подобро, можеш со камилица или физиолошки раствор.




Felly RR -> RE: Коњуктивитис (25.5.2012 9:59:14)

Везилке, како поминавте? АКо децата се во контакт многу лесно се пренесеува. А за чистењето, погоре неколкумина имаа пишано дека не треба со камилица, дека така повеќе се надразнува окото.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>