RE: Коњуктивитис (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


vezilka RR -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 9:17:06)

Никола обавезно има црвенило во очите..




Ring -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 9:24:05)

Miana moze da i e zakrvaveno od infekcijata, moze se reaktivni kapilari.....od moe iskustvo i ocnite lekari ja davaat taa terapija, Mozes pak da si ja odneses na ocen doktor da si sigurna
Stavaj i kapki preku den i mast navecer, cesto mijte racinja i bi trebalo da se sredi, mozes i so kamilica da i gi mies ocinjata
Ubavo e da i napravis brisevi od koga ke zavrsis so terapijata, da vidis dali se iscistila infekcijata (samo ako pravite brisevi nemojte da miete ocinja koga ke stane )

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Mene najmnogu me plasi deka belkata vo ocite i e zakrvavena,osobeno vo ednoto oko....I staviv i jas kapki Tobreks i ja namackav so hloramfenikol..Utrovo koga stana ednoto oko i bese malce zalepeno adrugoto recisi voopsto ne bese zalepeno..Mene me plasi toa deka i se krvavi ocite..Aj kazete koga vasitde decinja imale konjuktivit dali im bile krvavi ocite?





bebe82 -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 9:36:04)

Sekogas i se crveni ocite koga ima konjuktivit. Na belkata ima bas ona kako ispukani kapilari kako sto kaza Ring.




miana -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 10:30:07)

Vi blagodaram za odgovoritee...Vo meguvreme se javiv kaj doktorkata i taa mi kaza deka e normalno i da prodolzam so kapkite i masta ....




masa -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 10:49:29)

miana се надевам дека брзо ќе ви помине.И ние имаме проблем со коњуктивитот и тоа од мали по неколку пати во годината фаќа.Баш пред некоја недела имавме и од очен лекар ни ја дадоа истата терапија тобрекс капки + хлорамфеникол маст и зависи од сликата колку е тешка толку честа и терапијата со тоа што додека се лепат очињата ние стававме 3пати капки и 3 пати маст потоа уште неколку дена 3пати капки и само навечер маст,а капките ги ставаме 7 до 10 дена зависи од сликата.Мене очен лекар ми има кажано дека тобрекс капки се најдобри за деца и јас секогаш ги имам дома зошто се знае да ни се случи во недела или некој празник и веќе знам што е и не се ни јавувам налекар иако првиот пат многу испаничив и се исплашив зошто незнаев што е,а се погоди 2ри август,а ние наредниот ден на одмор тргавме (таква ни е среќата [sm=smiley1.gif])Мислам и дека подобро ти е со ладна камилица да миеш иако и физиолошки можеш да користиш ако е многу залепено за да се одлепи полесно,но камилицата покрај што мие и смирува и има антибактериско дејство.Не се секирај малку е досадно,но не е страшно!




Felly RR -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 11:40:38)

Миана сигурно се работи за појака инфекција штом и било отечено и црвено окото. Ќе и се среди со терапијата. Само да си знаете дека и тобрексот и хлорамфениколот имаат рок на траење 1 месец откако ќе се отворат. А дексаметазон мислам само 1 недела.




miana -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 11:50:59)

Ne be srcka...Deksametazonot gi imam kupeno pred dve godini mozda,ama ne mi se voopsto otvoreni ( mi gi dade doktorkata koga se somnevav deka se drlavat ocite i mi rece ako se vlosi da i davam ,ama ne gi ni otvorivme ) i imaat rok do 09/2013
a drugive kapki i mastot,vcera gi kupivme vo apteka.... Ne sum dotolku zaveana da stavam stari lekovi na decinja,gi citam obavezno pred da dadam i proveruvam rokovi duri i koga gi kupuvam...[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Коњуктивитис (21.3.2013 12:25:05)

Миана, па не пишав јас за тебе. Пишав општо за сите мајки што го имаат тој проблем - да си знаат. Еве мене на пр ми се случи - на Матеа и се зацрвени окото - беше викенд, и матичната не работеше, свеки вика јас имам капки (што ставала некогаш), реков дај да ги видам, оти знам дека тобрексот траат еден месец откако ќе ги отвориш, а гледам овие од свеки - една недела. А може да се случи некогаш да избрзаме да не прочитаме упатство, затоа јас пишав да знаат и другите.




dragan4e -> RE: коњуктивитис (3.11.2013 15:52:26)

majki dali toreksot e isto sto i citeral nam ni gi dadoa citeral ve molam za pomos




Martins mom -> RE: коњуктивитис (3.11.2013 16:06:49)

Мислам дека не се исти, не сум сигурна.




Felly RR -> RE: Коњуктивитис (17.9.2014 23:40:57)

Мислев дека веќе стекнавме имунитет спрема овие инфекции, но ете пред некој ден пак и се јави конјуктивитис. Па од очите, се префрли инфекцијата и на носето и на грлото. Правевме крвна слика и леукоцитите покачени, па најверојатно е бактериска, и сега пиеме антибиотик, и ставаме капаки Цитерал во очињата.




blond -> RE: Коњуктивитис (16.11.2014 15:14:59)

Eve i nie edna godina po prviot pat otkako fati, sega pak ima. Vcera popladne epten imase gurlicki, denes e malce podobar, samo so topla voda premivam ocinja.
Ke izdrzime utre do lekar, ke pravam komplet se i krvna slika i brisevi...




Melanija RR -> RE: Коњуктивитис (16.11.2014 23:27:21)

Во Ск е активна.моето фати цела недела.Најдобро еве се среди со Тобрекс по 2пати на ден а лом беше стануваше со затворени очи




Палешка РР -> RE: Коњуктивитис (10.3.2015 15:48:34)

Имам некоја јака инфекција на очиве од грипот и трае еве 4-ти ден.
Во викендот ставав дексаметазон Неомицин ги имав дома, а вчера матичната ми даде Цитерал и Хлорамфеникол маст.
Ама не поминува [sm=smiley19.gif] лути, боли, пржи, ужас.

Колку време трае оваа инфекција?




Felly RR -> RE: Коњуктивитис (10.3.2015 16:33:24)

Палешке, штом е веќе 4ти ден, би требало да се намалува веќе, мах до 5 дена. Сигурно со новата терапија ќе има резулатати, издржи уште некој ден.




Melanija RR -> RE: Коњуктивитис (10.3.2015 21:28:17)

Палешка РР тобрекс 5 или 7 дена и флорамфеникол над очните капација,ова делуваше кај М.Цитералот треба да делувал.




Палешка РР -> RE: Коњуктивитис (10.3.2015 22:18:16)

Втор ден ми е со нова терапија.
Ама ова е ужас, леле кутри деца како ги болело, како игли да имам во очите [sm=smiley19.gif]




Палешка РР -> RE: Коњуктивитис (16.3.2015 22:59:53)

Јас скапав на темава. [sm=smiley19.gif]
Конјунктивитис воопшто не е безазлена болест. Кај мене премина во кератоконјунктивитис (заразена е не само конјунктивата, туку и рожницата на едното око). Па така секој ден одам на перење и едното око ми е преврзано.
Ми дадоа капки Тобрекс, гел за очи Солкосерил и маст Хлорамфеникол.

Катастрофа сум [sm=smiley19.gif]




Палешка РР -> RE: Коњуктивитис (16.3.2015 23:01:37)

И да напоменам: задолжително одете на очен лекар, не се потпирајте на терапија од матичен лекар. Јас така си се запустив. [sm=zmeden.gif]




Ilina87 -> RE: Коњуктивитис (29.7.2015 15:49:25)

Син ми доби некое црвенило на очите еве веќе 7 дена цело време му се црвени очите и често ги чеша. Не знам дали се работи за коњуктивитис. Стававме капки тобрекс по препорака на матичната, но и после тереапијата нема подобрување. Прашањето ми е дали треба да почекам некој ден или требаше досега да има ефект од капките?




lukajana RR -> RE: Коњуктивитис (6.8.2015 13:22:15)

И мојот Л закачил конјиктивитис,нема секрет само црвенило и матичниот ни даде Летизен и витамин Ц ама не поминува и си барав упат за на очен лекар и испадна дека е конјуктивитис.
Терапија Цитерал,Хлорафеникол,витамин Ц и б-комплекс ,вика џабе пиел сируп за алергија каде видел матичниот алергија [sm=zmeden.gif].
Дури да подразмислиш кој колку е стручен




Ilina87 -> RE: Коњуктивитис (6.8.2015 14:34:10)

Lukajana, ние и на очен бевме и брис му зедоа. Фала Богу е подобар сега после цели две недели. Тобрексот не ни помогна и стававме антибиотик. А на брисот не покажа никаква инфекција. Ама жалење беше, жар во очите.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]