|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Упис во основно училиште
10.5.2013 11:39:17   
vezilka RR
Мене образованието на детето ми е многу важно и би напраила се за тоа. Е сега ние пошто сме врзани за место за живеење, мислам не сме под корија, и бидејќи има повеќе училишта во близина, не сум размислувала дали би се селела заради тоа. Ама би го носела уџум ако е потребно за да се здобие со солидно образование. Посебно основното образование кое требада е темел на остатокот. Некако не се обрнува многу внимание при избор на училиште за основно образование (дури не сум ни сигурна дека постои можност да си бираш освен ако тоа не е приватно училиште) а јас сметам дека е многу битно, баш за тоа дека е почеток и дека тогаш на детето треба да му се развијат навики и однос кон училиштето и учењето.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Упис во основно училиште
10.5.2013 11:41:10   
JovanaJ
Niki, i nie da recam slicno imavme dilema dali da go zapisam vo uciliste so mnogu deca kade sekako nema da se posveti vnimanie kolku sto e potrebno , no bi bilo blisku do roditelite na mm za da go zemat malku porano da ne ne ceka do 6, ili vo uciliste koe e podaleku na roditelite no e mnooogu poorganizirano. E sega, jas odluciv tuka da go zapisam vo prvoto so toa sto se nadevam deka ke bide za pokratko vreme pa posle sekako ke se prefrlame vo novoto uciliste sto ni go pravat epten pred zgrada i koe sto ocekuvam naskoro da se pusti. No da trebase da se raboti za stalno jas ke se odlucev za ucilisteto koe mi nudi podobro i pokvalitetno obrazovanie. Onamu kade sto ke bidam sigurna deka nastavnikot moze da postigne da posveti vnimanie na site deca, ne da bidat 40 vo oddelenie. Sega toa bi povleklo poveke zrtvi od nasa strana kako roditeli i od strana na deteto, sto ete ke nema koj da go zeme do 6 casot. Vredat site zrtvi bidejki smetam deka osnovnoto obrazovanie e mnogu vazno kako pojdovna tocka za ponatamu. Sega sepak neli se zavisi kako vie ke odlucite, ova e samo moe mislenje koe nemora da bide tocno.
Vo odnos na adaptacijata, smetam deka lesno ke se vklopat. Pa tuka kaj nas nie nema da odime so istata grupa deca od gradinka. Moze ke se pogodi nekoe od ista grupa ama poveketo mislam deka ke bidat novi. Znaci ne veruvam deka ke ima problem vo adaptacija, a sekogas bi se odlucila za kvalietet. user posted image


_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Упис во основно училиште
10.5.2013 13:35:28   
miana
еве една статија од дневник што ке им користи на сите што имаат првачиња



Првачињата ќе учат таму каде што живеат

На родителите што живеат под кирија, а сакаат детето да им се запише во училиште во тој реон, им се бара документ со кој ќе потврдат дека живеат на таа адреса, на пример, договор за закуп заверен на нотар
Извод од Матичната книга на родените, потврда за редовно примени вакцини и потврда од стоматолог се документите што им се потребни на родителите за да ги запишат децата на училиште. Бидејќи за уписите на првачињата важи реонизацијата, општините утврдуваат кои улици припаѓаат во реонот на секое училиште, па точно е утврдено кое дете каде треба да се запише. Исклучоци има само во ситуации кога во училиштето има слободни места, откако ќе се запишат децата од тој реон. Но, во овој случај Општината нема обврска да го плаќа превозот за учениците што живеат на оддалеченост поголема од 2,5 километра. На родителите што живеат под кирија им се бара документ со кој ќе потврдат дека живеат на таа адреса, како на пример договорот за закуп заверен на нотар.

Од септември во училишните клупи ќе седнат децата родени во цела 2007 година до 31 јануари 2008 година, односно со навршени пет години и осум месеци, како што налага законот.

Родителите во првата недела од мај се растрчаа по училиштата за да соберат информации за документите што се потребни за упис. Тие, исто така, треба да договорат и термин за интервју со стручната служба во училиштето.

- Се изненадив од тоа што ни бараа потврда од стоматолог, нешто што досега не го барале, но го обезбедивме и тој документ и закажавме средба со педагог - вели родителот Александар Атанасов, чиј син ќе оди на училиште со полни шест години.

Директорот на „ОУ Лазо Ангеловски“, Раде Жегарац, вели дека кога родителите доаѓаат да ги остават документите, се договара и термин за разговор со педагогот.

- Тоа не е некој страшен тест, туку низ игра и разговор психологот и педагогот проценуваат дали детето е подготвено да оди на училиште. Kај повеќето нема проблем, но се случува да се открие дете со пречки во развојот. Тие деца се вклучуваат во редовното образование, но сепак треба да им се обезбедат посебни услови за работа и соодветен наставен кадар - вели Жегарац.

Запишувањето на ученици од точно одреден реон е законска обврска за општините и за училиштата, но им создава проблеми на родителите. Додека не заврши уписот на деца од реонот, училиштата не треба да примаат ученици од друго место.

- Во мај не можам да ја запишам ќерка ми во училиште. Со сопругот работиме во општина Центар, а живееме во Гази Баба. Не можам физички да постигнам да ја земам од училиште и да се вратам на работа, ниту пак имам кој да ми ја земе по часови. Повеќе ни одговара Центар, па ќе чекам да поминат првичните уписи за да видам каде ќе остане место за нас. Веројатно ќе биде во училиштето „Гоце Делчев“ - вели Марија С.

Директорите на училиштата објаснуваат дека родителите често бараат упис за децата во установа од друг реон бидејќи таму им живее некој роднина, кој, наместо нив, ќе го зема детето од училиште. Директорот Жегарац вели дека и во нивното училиште се запишуваат деца од други општини, но откако ќе ги запишат сите деца од нивниот реон.

- Ние добиваме список со деца и адреси кои спаѓаат во нашето училиште. Во последните три години се истите улици, а балансот на запишан број ученици го држиме со примање деца од друга општина - вели Жегарац.

Марија Настева, раководител на секторот за општи работи на Општина Велес, вели дека ако порано реонизацијата не била сфатлива за родителите, сега се навикнале.

- Генерално искуството со реонизацијата е добро. Единствено имаме одлука да нема бесплатен превоз за ученик кој нема да се запише во свој реон. Веројатно во иднина ќе треба да се размислува за нови граници на реонизацијата бидејќи во стариот дел од Велес има с` помалку ученици. Младите се селат во поновиот дел, па треба да се одржува некаков баланс со бројот на ученици - објаснува Настева.

Лани се запишале 21.515 првачиња

Според евиденцијата од МВР, годинава се очекува да се запишат околу 28.000 првачиња, но ова е преголем број бидејќи од списокот не се извадени имињата на децата што починале или се иселиле од државата. Kонечна бројка ќе има по завршувањето на уписите. Лани, на пример, во училишните клупи седнале 21.515 првачиња, а на првичниот список од МВР биле околу 26.000 ученици. Речиси секоја година има по пет-шест илјади ученици помалку од првичниот список од МВР, кој е добиен од Матичната книга на родени.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Упис во основно училиште
14.5.2013 9:04:47   
miana
Здраво,рр-ки
Ајде да се пофалам дека и моето дете денес се запиша во училиште. Јас сакав утре,среда ,со срека ама мм не додржал и ја запишал денес user posted image
Му рекле дека ке не повикаат после 10 јуни кога ке ги распуштат учениците,на тестирање,ке ни се јавеле на телефон.
Многу сум возбудена и среќна..
АЈде да ве почастам
user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Упис во основно училиште
14.5.2013 9:59:12   
JovanaJ
Cestitiki Miana! Samo 5ki da vi nosi user posted image
Nie sme za upis utre, ke vidime kako ke pomineme.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Упис во основно училиште
15.5.2013 11:49:34   
Maca25
Честито миана!! Само петки да ви носи куклата!
ЈованаЈ мило ми е што се врати user posted image

Нас ова не чека за 2 години. Јас сум среќна искрено што ќерка ми на 6,5 ќе тргне во школо, а не на 5,5 како што тргнуваат децата сега.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Упис во основно училиште
15.5.2013 22:47:49   
miana
fala zenski za cestitkite...
Moevo dete ke polni 6 godini vo dekemvri,i jas ne sakam da odi tolku rano,ama sto da pravam? kako za site,taka i za nas user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Упис во основно училиште
20.6.2013 20:57:19   
miana
Гледам дека ке пишав како сме поминала да тестирањето. Пред една недела не повикаа на тестирање.Во нашево училиште групно ги тестираа децава. Ги ставиле во училница сите,им дале да цртаат и патем ги испрашувале по нешто,ги терале да им подадат по некоја боичка за да видат дали ги знаат боите,ги прашувале каде живеат? како се викаат мама и тато? керками нацртала цвеќиња и пеперутки и си го напишала името. Во главп,супер поминала,ја пофалиле многу ,само проблемот е што сакала мм да седи цело време до неа. тоа ке ни биде најголем проблем.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Упис во основно училиште
20.6.2013 21:34:31   
Felly RR
Миана не се секирај, бидејќи одеше во градника мислам нема да и биде проблем и на училиште да раздели со вас. Секако пак ќе следува период на адаптација, ама мислам дека за брзо ќе се привикне. Многу успех од септемвври!!!


ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

Nie sme za upis utre, ke vidime kako ke pomineme.

Јованај, како поминавте вие?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.6.2013 21:36:50 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Упис во основно училиште
21.6.2013 8:48:54   
niki
I nie zavrsivme so upis vcera. Za zal ne vo ucilisteto vo koe sakavme zaradi birokratija, a i bi rekla skriena rasisticka politika koja vladee vo upravite na ucilistata. No nema da se predademe, ke vidime kako ke trgnat rabotite od septemvri, pa ako ne sme zadovolni togas ke prejdeme i na sledniot cekor, preselba za da ispolnime uslovi za prefrlanje vo drugo uciliste.
Ovde nema testiranje bidejki predskolsko e obavezno i decata se gore-dolu podgotveni, osnovnite raboti koi treba da se znaat gi naucuvaat.
Od odvojuvanje ne se plasam, kerka mi e prilicno samostojna i svesna e uste od lani deka godinava ke prejde vo ucilisteto za golemi deca i za toa zboruva vo pozitiven kontekst, bez strav. Ona sto me plasi e deka ke se razocara koga ke trgne bidejki nejzinata najdobra drugarka ja prefrlija vo drugo uciliste iako go znae ova koga ke se sooci so toa ke mora pak da se prilagoduvame i da barame novi drugarcinja, no ke turkame...

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Упис во основно училиште
21.6.2013 9:05:44   
rina13
Со среќа нека ви е Ники,не ми е јасно само едно зошто основното училиште им е поврзано со местото на живеење?Секој има право да одбере каде барем јас така мислам,постојат квалитетни училишта и оние сосема спротивните.Зарем треба да го погазам доброто образование на детето само заташто живеам на таа и таа улица.Оваа бирократија незнам каде ќе не одведе, ќе почнат и средниве училишта а и факултетиве да ни ги одбираат пошто некој на врвот знае што е најдобро за нас а ние кутрите не сме свесни за тоа.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Упис во основно училиште
21.6.2013 9:05:52   
deluxe
user posted image user posted image Ајде со среќа учењето!! Како ќе го прифати училиштето завси најмногу одд наставникот.Ќерками во прво одделение тргна пресреќна,многу сакаше да оди,цело лето тоа и беше главна преокупацијаuser posted image .И тргна баш онака како што замислував-задоволна.Но настана револт кога после 2 месеци од заучувањето ,се заплаши од учителката почнала да вика по децата,дури и го удрила другарчето на ќерка ми и таа исплашена да не и се случи и незе тоа. Почна да се противи да не сака да одди.Ама со разговор средив се.Сега е веќе друго ја обожава наставничката и училиштетоuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Упис во основно училиште
21.6.2013 9:36:34   
Felly RR
Основното училиште и кај нас е поврзано со местото на живеење. НО по барање на родителите може да се запиште детето и во друго. Не знам каква е праксата во другите градови, но кај нас е така. Сепак мора да има некаква огранизираност.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Упис во основно училиште
21.6.2013 9:49:33   
niki
jas pocituvam organiziranost i pravila, no ocekuvam da vazat za site, vo ovoj slucaj sum sigurna deka ne e taka bidejki drugarkata na kerka mi bese prefrlena so fiktiven dogovor za stan koj ne e overen vo oficijalnite organi nameneti za toa, a nas ne odbija so smetka za telefon, ne bilo dovolen dokaz
i bev sigurna deka za nekoi patot do ostvaruvanje na prefrlanje ke bide pokratok i polesen, i vo praksa se potvrdi
no kako i da e, ako i togas koga se po propis ispolnime ni sozdavaat poteskotii ke bide interesno, sega za sega ke miruvame

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Упис во основно училиште
7.8.2013 15:34:30   
miana
Здраво мамички на првоодделенчиња. Да ве прашам дали ви стигна некое известие од училиптето во кое го запишавте вашето дете ? Дали ве известија кога треба детето да појде на училиште? Точно време и сл.? Како е кај вас ситуација ?

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Упис во основно училиште
7.8.2013 15:45:26   
JovanaJ
Miana, koga go zapisuvavme nas ni rekoa deka posle 20ti Avgust ke ima istaknato spisoci i detali okolu pocetokot na ucebnata godina za prvacinjata.
Za da se izbegne poedinceno izvestuvanje na roditelite.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Упис во основно училиште
7.8.2013 15:52:58   
miana
Srcka a bevte li da go vidite spisokot? Moze i jas treba da pojdam,,.Na mm pedagogot mu rekol deka ke ni stigne pismo,ama nekako slabo-nisto nema user posted image Lele mene panika me faka so detetvo,kako li ke se navikneme

< Поракaта ја уредил miana -- 7.8.2013 15:53:37 >

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Упис во основно училиште
7.8.2013 15:55:11   
JovanaJ
Miana, ni rekoa posle 20ti Avgust, znaci rano e seuste.
Stom vi rekle sigurno ke vi pustat ama navistinaq e mnogu rano, ne se grizi ke vi stigne izvestuvanje stom vi rekle. user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Упис во основно училиште
28.8.2013 20:35:52   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Што се однесува за тргнување во основно децата кои се родени до и на 31 јануари, тргнуваат една година порано од оние на 1ви февруари и останатите месеци во годината.
Да појаснам малку поред предвиденото дете може да тргне во училиште од септември доколку наполни 5 во јануари.Доколку е родено во февруари истата година тогаш треба да го чека наредниот септември.
На овој начин имате деца на иста возраст кои ќе завршат со редовното образование со разлика од една година.



_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Упис во основно училиште
7.5.2015 23:40:28   
lukajana RR
Л оваа година ке тргне во училиште и планираме наредната недела да се запишеме , се одлучивме за најблиското училиште во обична паралелка од причина дека не одел во градинка и во целодневна потешко ке се навикне ,ке му се фати многу време.
Има ли други р-рајчиња што ке се запишуваат оваа година?

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Упис во основно училиште
8.5.2015 8:14:33   
Gari68
И Теодора од Септември ќе тргни на училиште,уште се двумиме каде ќе биде тоа дали Васил Главинов или Блаже Конески ама едно е сигурно дека ќе биде со целодневен престој.Наредната недела им закажале преглед на заболекар а потоа ќе биде и тестирањето дали е спремна или не за прваче.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Упис во основно училиште
8.5.2015 9:38:26   
Felly RR
Оваа година изгледа најголем ќе ни биде списокот на првачиња user posted image user posted image user posted image
И ние ќе се запишуваме во прво одд. оваа година, а знам дека имаму уште неколку рингерајчиња н атаа возраст.
Ме интересира во вашите општини - како оди уписот, според реонот во кој припаѓате, или по желба на родителот детето може да се запише и во друго училиште? (според постовите, јасен ми е одговорот, само сакам потврдаuser posted image )
Знам дека и по закон, родителот може да го запише своето дете и во училиште во друг реон, доколку во училиштето има слободни места, но ме интересира како тоа функционира во пракса во другите општини.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Упис во основно училиште
8.5.2015 22:39:51   
lukajana RR
Јас кога прашав ми рекоа дека треба да се запишеме во училиште во општината во која живееме во која има многу училишта,ама и во друга да сакаш не е проблем ,имаме неколку деца во комшии кои одат во друга општина во училиште и тоа се запишаа без проблем и без врски.
Само јас би преферирала поблиско училиште бидејки не можеш девет години да го носиш и земаш детето од училиште,ајде додека е целодневна ке темпираме некако ама после има прва и втора смена и мора да оди само,а дете од петто и шесто одделение не би пуштила само по автобуси посебно во Скопје каде и за големо дете не е сигурно само да шета

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Упис во основно училиште
9.5.2015 1:05:37   
hopeless
И јас ќе имам прваче од есен.
Дали некој знае кои документи се потребни за упис?

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Упис во основно училиште
9.5.2015 8:52:32   
Felly RR
Hopeless, мислам дека тоа би требало да е во сите училишта исто: Извод од матична книга на родени, потврда за примени вакцини, потврда од стоматолог, и лична карта на еден родител.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот hopeless)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?