vezilka RR -> Упис во основно училиште (7.5.2013 13:00:43)
|
IV. ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ Член 45 (1) Детето со поаѓањето во основното училиште стекнува статус на ученик (2) Ученикот ја следи наставата и учествува во другите активности утврдени со наставниот план и програми за основно образование и воспитание. Член 46 (1) Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година. (2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежназдравствена установа (3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. (4) Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување. (5) Основачот го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците. Член 47 (1) Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. (2) По исклучок од став (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. (3) Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште. Член 48 (1) Запишувањето на детето во училиштето го врши комисија која ја формира директорот на училиштето. Комисијата е составена од педагогот или психологот и наставник за предучилишно воспитание, односно одделенски наставник. (2) Комисијата од став (1) на овој член е должна, по правило, да го извести родителот за подготвеноста на детето за тргнување во училиштето, најмалку два месеци пред почетокот на наставата. (3) Родителот по одлуката на комисијата има право на жалба до комисија формирана од градоначалникот на општината. Член 49 (1) Во текот на наставната година на ученикот во прво одделение, на предлог на наставникот што ја води паралелката, педагог или психолог, во согласност со родителот од здравствени или други причини, може да му се одложи следењето на наставата за една година. (2) За одложувањето на следењето на наставата од став (1) на овој член одлучува комисија составена од психолог, педагог, наставник за предучилишно воспитание или одделенски наставник. (3) Комисијата од став (2) на овој член ја формира директорот на основното училиште. (4) Родителот по одлуката на комисијата има право на жалба до комисија формирана од градоначалникот на општината. Член 50 (1) Родителот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. (2) Родителот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува. (3) Списокот на децата од реонот за запишување во основното училиште се добива од надлежните служби во единицата на локалната самоуправа кои водат евиденција на постојаните и привремените жители. (4) Списокот од став (3) на овој член содржи име и презиме и година на раѓање на детето. (5) Во текот на школувањето ученикот може да премине во друго основно училиште ако има согласност од училиштето каде преминува. (6) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член не се однесуваат на децата со посебни образовни потреби. Член 51 (1) Родителот има право детето со посебни образовни потреби да го запише во основно училиште, освен во случаите кога посебните образовни потреби на детето се такви што тоа треба да следи настава во посебно основно училиште. (2) Начинот и условите за запишувањето на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта го утврдува министерот, по предлог на Бирото. Член 52 Основното училиште е должно да го извести овластениот просветен инспектор наопштината за децата кои не се запишани, односно учениците кои неоправдано не го посетуваат основното училиште повеќе од 30 дена. ..Од Закон за основно образование, делот кадесерегулира уписот.
|
|
|
|