Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Локација:
Форум > [Дете] > Деца > Промени во однесувањето на детето при болест
Промени во однесувањето на детето при болест 25.5.2013 14:15:51
Палешка РР
Сега го сфаќам татко ми кога ми велеше за Марио кога ќе беше болен: "Не жалај му ја болеста, жалај му ја ќудта!"
Кај Марио немаше некои големи промени во однесувањето при болест, но кај Миа разликата е драстична. Кога е болно детево не се трпи! Плаче, се лигави, се влечка по земја, се инаети, повторува исти прашања милион пати, нервозна е, вреска, со други зборови ништо не и се погодува. Најлошо од се е што си ја влошува болеста, зарипнува и не пие сируп од инает.
Дали и кај вас е вака или разгаленост е во прашање?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 25.5.2013 14:31:22
vezilka RR
Nikola koga e podnastinat ili taka nesto toa ne se reflektira na negovoto odnesuvanje. A koga ima temperatura, duri i malku pokacena togas stanuva miren bubalka (sto ne e svojstveno za nego) i celo vreme saka da se vrtka okolu mene (i ova ne e svojstveno za nego). Nitu so apetitot nema problem koga e bolen, si jade skoro ednakvo. Mozebi malku poveke zakemkuva ama ne e faza ne se trpi kako sto kazuvas (inaku poznata mi e taa faza od vnukata..taa e takva, nisto ne i pogodono, sob strav i odgovarame na prasanjata, za da ne rikne da place ).
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 25.5.2013 14:33:13
deluxe
Мислам дека разгаленост е во прашање,ја знаеш поговорката:"Не ми е криво што се разболи,криво ми е што се разгали" и точно е тоа,Ќерка ми кога е разболена има милион желби,па сакам ова ,неќам она,,дај ми го сирупот во шприц(како да не знае со лажица да пие ,има 8 год.)ама ете ддецата се такви психолози,што го гледаат нашиот страв од болеста па поради тоа си се разгалуваат.И најмногиу што ме нервира е од кога ке оздрави си задржува по некоја новостекната навика,и после ајде да се караме
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 26.5.2013 13:00:01
Mihaela 2010
mene edinstveniot problem koga M ke se razboli e oslabeniot apetit,koj i onaka ni e slab,i pobudalena sme vo takov period,inaku drugi nekoi drasticni promeni nema...
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 26.5.2013 16:47:21
Џесика
Мојов не само додека е болен, ами отпосле трае и трае и трае.... ај додека е болен барем е онака кревок, тивок... а откако ќе оздрави, ем лигав, ем земал замав и сила, ем немам потреба да го тинтрам пошто нели, не треба да се даваат сирупи, облоги, терапии триста...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 14.6.2013 11:49:36
miana
Ajde i tuka da pisam... Kerkami ima 18 meseci i mozam da recam deka ovoj poat za prv pat se razbole vaka seriozno,otkako e rodena. Visoka T pa afti i slicno.. Detevo luge mi e nepodnoslivo..Se prasuvam dali ova ke pomine ili ne? Sega e podobra ama ete dusa ni cadi...Mi go nema staroto milo i mrino dete ,sega imam zver vo prava smisla na zborot.. Ne saka da spie,ne saka krevertceto da go vidi,hiperaktivna e ,potreben i e samo nekolku casa son i taa postojano trca niz kuka..Nemam zborovi Ke pomine li nekogas ova? Placam veke...
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 14.6.2013 11:55:17
mama_06
За афтите види во Зегин, проанги за деца од др. Бачеф, ние ги користевме за Стефан па имаше резулатат. На база на прополис се, ама прво консултирај се со матичен. Се даваат со лажиче по 5 капки. Ова ми го препорача доктор.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 14.6.2013 12:03:44
miana
За афтите и ставам нистатин и прополис на еси - пропол бејби ( благ е ) и прскам во устето и вчера бев на конотрола,смирени и се афтите ама таа сеуште не ја сака цуцлата Вчера и си јадеше убаво и не и давав повеке сируп за болки ама ете се одвикна од цуцла - лута и е на цуцлата
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 14.6.2013 12:11:26
mama_06
И ние имаме такво искуство со цуцла. На 8 месеци фати бронхопневмонија и 8 дена бевме во болница, инфузии по 2 пати на ден и затоа што многу плачеше му ставав цуцла. Е после тоа, изгледа си створи асоцијација цуцла=боцкање и болка ја фрли и не сака да ја види до ден денес. Можно е и кај твоето дете да има такво нешто. Ова ти кажувам за цуцла лажачка, не за шише.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 18.6.2013 19:51:59
Палешка РР
Да го пријавам мојот ѕвер овде
Еве 5 дена кај не побудале сите дома, на смени ја чуваме, па после смената одма под прскачот ставен во тревана на релаксација... Детево е ни вода ни киселина напраено и кантар од сто кила не го трга
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 19.6.2013 9:31:22
AneLav RR
Да ви кажам парвао моиве ги довардив цела зима не се разболеа и сега кога беше променливо времето двајцата настинаа. Се збудаливме со мм едното со мене на спална другото во соба со него, а преку ден закачени за мене што да ви раскажувам. Ни баба ни татко ни никој само јас. Закачени за мене се пикаа се збудалив. Сега се подоправаат и си го фаќаме полека стариот ред. А и траума им беше со аспиратори, со капки не можеа да спијат навечер поткашлуваа и пикнати во мене јас им бев спас.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 20.6.2013 10:53:53
AnnaMolly RR
Леле барав ваква тема пред некој ден! Филип беше болен и 13 дена дома седевме. Ова првпат ми се има случено во овие три години, досега растечен нос и температура по еден ден само имал (освен по МРП вакцината). Детево немаше ред за ништо, ручаше во 15:00 што било (смоки, кроасан...) вечераше во 21:00 во 23:00 легнувавме.... Станувавме сабајле во 10!!!!!!! Во 10 нема станато никогаш, најдоцна до 8:30 спие за викенд. Ама еве го сега втор ден во градинка се стабилизиравме, нормално си е се како порано. Велера во 19:00, легнување најдоцна во 21:30. Ми дојде душава на место!
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 27.6.2013 10:21:18
miana
Еве да ви пишам како поминавме... Детево ми се врати во нормала,фала му на бога..Многу се радувам што не попуштив,не активирав лулашки за заспивање,бев многу упорна и ја вратив во нормала.Значи,сепак е минлива фаза - разгалување.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 26.10.2013 19:35:21
Палешка РР
Луѓе мислам дека ќе побудалам од Миа откако се разболи, значи денеска и вчера е ЕКСТРЕМНО НЕПОДНОСЛИВА мислам ми иди од 18 спрат да се фрлам и делче од мене да не остани. Ама ништо не ја смирува, со ништо не се заигрува само пишти, пишти, пишти.........готово полудев
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 27.10.2013 14:07:12
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Луѓе мислам дека ќе побудалам од Миа откако се разболи, значи денеска и вчера е ЕКСТРЕМНО НЕПОДНОСЛИВА мислам ми иди од 18 спрат да се фрлам и делче од мене да не остани. Ама ништо не ја смирува, со ништо не се заигрува само пишти, пишти, пишти.........готово полудев
исто и јас..Кај нас трае веке недела дена и еве уште не сум се фрлила,жива сум,ама незнам до кога Си го гледам постот погоре и си викам,арно сме поминале,ама еве сега сум со лулашка,така заспиваме - за жал Ѕверка чувам сега...
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 29.10.2013 22:03:11
Bethany
тоа ние родителите дека ни е жал што се болнички и сакаме да им олесниме и удоволиме, а нив малку им треба да сконтат и да користат тоа до максимум. Еве само при обична настинка, гледам колку му удоволувам на син ми, дури го носам во рацете по соба, а едвај издржувам, сепак не е лесен, па тој да чачне се што инаку нема прилика да дофати, да ги отвори сите горните шкафови во кујната, да ми ги "преброи" чиниите и шољите и се по ред и наравно само да ми кажува каде и што сака и јас да го однесам дури и тоа со насмевка Ама од утре се враќаме на стара шема
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 11.12.2014 12:40:13
Mila mamicka
Значи кај син ми нема никакви промени во однесувањето кога е болен. Без разлика дали има температура, или е настинат, или пак има варичела, тој се однесува исто како да е потполно здрав. Ниту апетит му се губи, ниту енергија му се намалува, весел си е, никогаш не легнал да се одмара и сл. И по ова, си личи потполно на татко му. Фала Богу, немам никакви нервози, кога било кој од нив двајцата е болен.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 11.12.2014 13:07:08
Malecka23
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Луѓе мислам дека ќе побудалам од Миа откако се разболи, значи денеска и вчера е ЕКСТРЕМНО НЕПОДНОСЛИВА мислам ми иди од 18 спрат да се фрлам и делче од мене да не остани. Ама ништо не ја смирува, со ништо не се заигрува само пишти, пишти, пишти.........готово полудев
Isto kako jas da sum go pisala ova.Znaci eve bas sme vo toj period i ne se trpi.Ne saka so nikogo da sedi osven so mene,stanuva agresivna ne znae sto saka saka da spie na garniturata i jas do nejze a jas ne mozam se ukocuvam ne se spie na toa.Sedese so majka mi esga ni tamu ne saka da ne recam ne saka nikogo da vidi samo se dere pisti...ii veke nemam zborovi kako da ja opisam.A za jadenjeto da ne pravime muabet.trca majka i i i kupuva hipp kasicki za da jade posto dr ne saka .Koga e se ok e zlatna ama malku da se razboli e horor.Sto vika sveki ne znaes dali da go zalis sto e bolno ili sto e razmazeno kaj nas e taka.AMA od vcera ie podobro pa vojni vodime ama mora da se vratime vo normala
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 23.10.2015 23:35:06
MamaKiki
а се разболи станува невидена мамина маза, само со мене сака да е детево, сака во раце да ми спие најприфатлива алтернатива навечер едната рака моја под глава негова и да лежам и јас, вчера ми се виде подобар спиеше кај баба му и на сред нок го виткавме во кебиња да го земам кај нас па до сабајле да кемка од лутина и да липа пола нок... јаде само ако му давам јас и ако јадам и јас од истото затоа најчесто добива чоколино и слично, мора да сум му на видик па ме гледа и кога одам во wc, лесно се расплакува....
RE: Промени во однесувањето на детето при болест 24.10.2015 16:54:36
lukajana RR
Сите се исти ,неподносливи кога се болни. Кенкави ,пиштат за секоја ситница ,сакаат се да е нивно ,да ги молиш за да јадат или пијат ,па ги бркаш за да им дадеш сируп ,може заборавив нешто . Моиве па во последно време се заедно се разболуваат ,да се пореметиш трчајки по нив
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив