Hopeful RR -> RE: ИФВ со донатор !? (12.10.2014 15:20:15)
|
mesecina 83, стварно БРАВО! [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] И за храброста, и одлучноста, и упорноста, и среќата со која сте наградени [sm=smiley1.gif] Ти посакувам пријатна и лесна бременост и здрави и живи бебиња, а тоа како и од каде дошле во денешно време е стварно споредно. Вие сте родители и крај. Се надевам дека ова е поука за што повеќе парови со слични проблеми и искуства, а секако и за во поинаков контекст - да се вакцинираат деца од заушки! Новата мода на невакцинирање мислам дека е себична и изричито не ми се допаѓа. На времето што од незнаење, што од немукает, многу олако си ги сфаќале работите, па сега нашите генерации се чудат како да надминат проблеми што настанале на такон начин - сеедно дали со несоодветно лекување заушки, па спуштени тестиси и крипторхизам, или што уште не. Да не бегам од темата, уште еднаш браво за вас! [sm=bravo.gif] Инаку, мислам дека донорот не треба да биде од поблиското семејство, или кој и да е што лично се познава со парот. Прво заради генетски аспекти, но и психолошки. Се ми се чини дека ваквата комбинација има простор за проблеми во иднина - којзнае како таа личност ќе го гледа детето, каков однос ќе гради со него...
|
|
|
|