LoveableMe RR -> RE: ИФВ со донатор !? (26.2.2015 16:41:29)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: lovely30 prvo da kazam deka sum so godini clen na forumov ,no ne sum pishala poveke od 6g no redovno sekoj den ve citam za IVF konkretno delot. E sega vaka...... mnogu pati sakav da pisham na IVF temata no iskreno pishi brishi pravev :) ....Poznavam ushte del od starite forumdziki koj ne pishuvaat samo radi tie nekoj postovi negativni. Eден ден ќе одам на семинар и одма кавга на форумов, њ,њ,њ. Па добро бре рингерајки, колку пати сум ви кажала и пак ќе ви кажам: ако не ви се допаѓа што ќе напише некоја членка, абе слободно игнорирајте како да не се однесува тоа за вас, ич терајте си и пишувајте на форумов што ви лежи, јас сум толку години на РР и секогаш пишувам и се поддржувам со тие што и мене ме поддржуваат, а такво овде не има многу. Мислам дека секоја со своето мислење, искуство, знаење, пракса ќе помогне на друга рингерајка во целиов процес или пак со искуство ќе помогне да го најде патот до забременување.[sm=smiley1.gif] Затоа ја сакам РР и секогаш сум тука за сите вас, а најголем дел и вие за мене, затоа ве молам ако има било каков проблем, мене или на другите модератори, слободно пишете ни приватна порака, ќе превземеме нешто. И ќе ве скарам сега, како дозволувате покрај еден негативен пост и сто позитивни постови баш да се фатите на негативниот и тој да ве извади од контакт, кога гледате колку други ве поддржуваат? Не сакам да слушнам во иднина да ми се изнервирате, слободно пишувајте што ви лежи.. таман работа да не пишувам на форум и да дозволам да не учествувам во дискусиите заради еден пост што ме изнервирал, ајде бе, посилни сте вие одошто мислите...оваа борба сите не направи ѓонови невидени, камења карпи што да речам, буткаме планини а не постови[sm=smiley36.gif]... секоја една што поминува низ овој пат знае колку сила и дава и енергија желбата за бебе и како да стигне до тоа... ве сакам сите и немојте во иднина да ми се нервирате или да не учествувате на форумов, слободно пишувајте!!!!!!!!!!!![sm=zz_wavespin.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful ......Мене целата оваа борба ме научи да бидам почовечна, ако ништо друго, да сакам да помогнам, да разберам, да се отворам и да покажам внимание и љубов, па дури и да се разголам кога ми е тешко, работи кои претходно дури и ги сфаќав здраво за готово...... Ете, овој пост кажува се!!!! Многу пати на РР се разголив, се отворив, пишував што ми лежеше на душава, барав совет од вас, поддршка, мислење и затоа сум на РР, а не заради Петко, Станко и не знам кој да ме нервира, ма ич бре..... ****************** Чери, во однос на твојата борба, наназад можеш да видиш дека месечина83 е бремена со близначиња од донатор, а мислам надеш требаше со донатор, од претходни постови ама мислам сепак на крај успеа природно, ако грешам, ќе се уклчи и ќе пише. Донацијата во РМ е навистина проблем од многу причини, особено поради фактот што сме мала држава и секој на секого утре може да биде роднина, а и фактот дека твое дете расте во близина и слично. затоа претежно во клиникиве нудат јајце клетки и сперма од странство, во Ремедика знам од Шпанија, а во другиве клиники не знам.... Во однос на јајце клетка, јас сум повеќе да биде преку болница, затоа што тие знаат од кого земаат јајце клетки, тоа се млади здрави жени со предиспозоции за добра јајце клетка, а така и за тебе шансите се поголеми за успех, зошто ако е од непрорверена, може ИВФ-то да не ти успее заради малформации и слично. Ова е многу хумана работа, кај нас навистина е пробелм исто како сурогатството но тоа во друга тема...Сигурна сум дека ќе го најдеш твојот пат, ти посакувам успех[sm=smiley31.gif] Ловели 30, мило ми е што пиша, ама и ќе те карам што не ни пишуваш почесто. Ќе те замолам во форумот Вештачко оплодување да ни пишеш каде правеше 5ИВФ, зошто се неуспешни, дијагнози, па може некоја од нас ќе сподели искуство и ќе ти помогне. Инаку, согласно законот: "Забрането е објавување на јавен оглас, со посредување на јавните медиуми или на кој било друг начин, да се бараат или нудат полови клетки или ембриони. Забрането е преку јавен оглас, јавни медиуми или на кој било друг начин да се бара или нуди услуга на раѓање дете за друг (сурогат мајчинство)."
|
|
|
|