Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Дали вие вашите деца ги праќате или би ги праќале на дополнителни часови по математика, физика или некој друг предмет? Гледам дека има доста „професори“(не мора тоа да го работат како професија), даваат часови дома. А гледам исто така дека тоа се деца од родители кои имаат премногу обврски и немаат време да им посветат на децата, па спремни се да дадат денеска 100 ден и да го пратат детето на дополнителен час. Јас мислам дека не би го праќала детето на такви часови, зашто наставата и малку работа дома би требало да биде доволно за да научи. Ние како ученици, барем јас, не одев на вакви часови, освен за приемен на факултет
ako se raboti za predmet i materija koja ne ni lezi na mm i na mene i ne znaeme da mu pomogneme na deteto bi go pratila, no toa mislam bi bilo vo pogornite oddelenija, ne znam ke vidime sega za sega sum generalno protiv, smetam deka ako se pocne postapno da se raboti od prvo odd. so deteto ako mu se stvorat dobri rabotni naviki deka za toa nema da ima potreba, no nikogas odnapred ne mozes da znaes kakvi propusti ke napravis i sto ke te natera i navede na nekoj izbor
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Мене математиката ми беше послаба, ме пуштија во Алгоритам и многу добро објаснуваа онака равенките со x и y како различни банди и кога ќе се спојат се случува тоа и тоа... На многу интересен начин пренесуваа знаење и го џвакаа материјалот што многу ми помогна во основно. Јас дефинитивно би се обидела бидејќи ќе се врати и желбата за предметот.
Јас немам ништо против дополнителни часови. Ако на детето му треба малку плус за да совлада некоја материја. Ама мене повеќе ми се допаѓа ако тоа се случува меѓу учениците, на пример, од некое погорно одделение. Така ем децата ќе се учат да заработуваат, ем ќе биде поефтино, ем ефектот постигнат.
Па не е само дали се спремни да им се посветат на децата, туку и дали воопшто знаат да им го објаснат тоа што треба. Еве од следната учебна година син ми ќе учи и германски,а јас германски врска немам, освен неколку најосновни зборови и фрази друго ништо не знам. Логично, ако му треба дополнителна помош-ќе мора професор, јас нема да знам да му објаснам граматика на пр. Другите предмети јас лично мислам дека можам да му ги објаснувам, ама исто така знам дека има и луѓе кои едноставно не знаат. Ете една блиска кога ме слушаше математика како му објаснувам, ми вика „Леле од каде знаеш се ова, јас врска немам, јас да треба да објаснам нема шанси.“ И во тој случај, ако дојде густо, ќе си плати човек професор. Ете ми текна сега дека и музичко за флејта да вежба морав да го носам кај професор, јас не можам тоа и да сакам да го научам...
da toa treba da prevzememe od amerikancive, dobrite ucenici da im bidat tutori na poslabite ili pomladite generacii razbiram deka ima dosta nevraboten nastaven kadar, no toa e rabota na drzavata da go resava problemot i bi mozela da go resi so namaluvanje na brojot deca vo paralelkite, a ne vaka da bidat na teret na roditeli koi nemaat vreme ili nemaat znaenje da mu pomognat na sopstvenoto dete
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Со сегашниов ум, опција би ми биле во краен случај, кога никој близок или јас не би знаеле да помогнеме. Ми се допаѓа идејата за повозрасните ученици да бидат тутори.
Не мислев на странски јазици, зашто за тоа постојат курсеви, меѓутоа за математика мислам дека треба да го совладаат на училиште или па и таму не се објаснува доволно за да можат професорите потоа да заработат плус со спремање на деца дома. А го кажав тоа за родителите, бидејќи имам пример-човек кој спрема деца по математика и гледам дека претежно деца што идат кај него, идат со коли, со веспи од 1000 евра, значи од добро ситуирани родители кои имаат пари да платат за доплонителен час, а можеби немаат време да им посветат, не знам така претпоставувам. А како што кажа везилка, јас додека учев им помагав на помалите од малото доколку родителите не го знаеа материјалот, а и јас сум одела кај поголеми од мене да ми покажат
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Курсевите за странски јазици не постојат баш за тоа детето да учи таму јазик место на школо . Тогаш истото може да се каже и за школите по математика и сличните на нив. А инаку, не мора секогаш да има потреба од курс, туку ете, некој дел од граматиката да кажеме да му е потежок, па баш тоа да може да му го објасни некој... А за помош од други деца, ние (ама кога бевме поголеми) некогаш и заедно вежбавме, на пример математика, некој што најдобро знае од одделението да им ги објасни задачите на другите и тоа мислам дека е ОК, ама не е секогаш успешно, сепак дете може потешко да објасни некому, иако самото си знае. И меѓудругото, не верувам дека наставниците нарочно не објаснуваат, прво затоа што учениците во секој случај не смеат да земаат приватни часови кај наставници кои им предаваат, а второ, тие се должни и законски обврзани да организираат дополнителни часови во училиштето за деца кои имаат потреба од тоа. И секој родител треба јасно и гласно да си го побара тоа, ако наставникот веќе пробува да ескивира и да не си ја врши работата.
Незнам дали е соодветна темава но малце да си го изрекламирам мојот мултитаскинг мажле хехе :D ако некој има потреба од музичка настава (било кој инструмент) нека ми пише пп, мм држи музичко училиште во Влае, па повелеле сите сте дорбредојдени, било на посета било за учење...
Темава ме потсети на една случка кога Марио беше мал. Во прво одделение имаше потешкотии со читањето, никако не можеше да поврзи збор, само на слогови читаше. И никако не можев да го научам, ама никако. Имавме една роднина учителка која само што се пензионира, па мајка ми ја викна дома кај нас да го подучува читање. И идеше жената 7 дена со ред и детево никако да поврзе цел збор, само на слогови читаше. И таа ми рече - оди во другата соба, јас цела прашалници Јас заминав, ама слушав на врата, таа му вели - кажи го цел збор, тој пак на слогови, таа пак му вели - кажи го цел збор, тој пак на слогови...лелеееее кога му влепи еден шамар, се слушна којзнае до каде. Кутри Марио глас не пушти, а јас истрчав одма да викам по нејзе...Таа ми вели врати се назад.... Ајде се смири детево и таа пак му вели - кажи го цел збор и тој го кажа. Ајде сега му вели читај...и детево почна да чита течно, течно небаре 6-то одделение е!!! Јас се запрепастив. Потоа таа ми кажа дека сетила дека тој знаел, ама од инает не читал. Тоа беше единствениот шамар кој Марио во животот го добил ама делотворен.
Ете тоа е моето искуство од дополнителните часови. И пак би платила ако имам проблем со детето. Учителките си знаат најдобро
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 4.10.2014 22:44:35 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Темава ме потсети на една случка кога Марио беше мал. Во прво одделение имаше потешкотии со читањето, никако не можеше да поврзи збор, само на слогови читаше. И никако не можев да го научам, ама никако. Имавме една роднина учителка која само што се пензионира, па мајка ми ја викна дома кај нас да го подучува читање. И идеше жената 7 дена со ред и детево никако да поврзе цел збор, само на слогови читаше. И таа ми рече - оди во другата соба, јас цела прашалници Јас заминав, ама слушав на врата, таа му вели - кажи го цел збор, тој пак на слогови, таа пак му вели - кажи го цел збор, тој пак на слогови...лелеееее кога му влепи еден шамар, се слушна којзнае до каде. Кутри Марио глас не пушти, а јас истрчав одма да викам по нејзе...Таа ми вели врати се назад.... Ајде се смири детево и таа пак му вели - кажи го цел збор и тој го кажа. Ајде сега му вели читај...и детево почна да чита течно, течно небаре 6-то одделение е!!! Јас се запрепастив. Потоа таа ми кажа дека сетила дека тој знаел, ама од инает не читал. Тоа беше единствениот шамар кој Марио во животот го добил ама делотворен.
Ете тоа е моето искуство од дополнителните часови. И пак би платила ако имам проблем со детето. Учителките си знаат најдобро
Me iznasmea so nastavnickata izgleda nejzinite zastareni metodi vrodile plod...Inaku nemam protiv nekoj da go poducuva moeto dete, makar sto toa e mojata profesija... Zasega jas sum zadolzena za to a.No ponatamu so nekoi predmeti:fizika,hemija,jazik...bi pobarala dopolnitelni casovi ako ima potreba. Inaku i jas sum nastavnicka koja drzi dopolnitelni privatni casovi
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “