|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Како да се облечете кога сте гостин на свадба?
11.6.2013 12:08:36   
sandriana RR
Секогаш кога ме канат на свадба, имам дилема -што да облечам?
Колку треба да биде формално, или лежерно? Каде е границата на пристојноста? Која боје е најсоодветна (во ред ли е и гардеробата на гостинот да биде бела)?
Какви се Вашите размислувања и искуства?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 12:20:16   
meU87
Ако сум обичен гостин облекувам некое фустанче кое ќе ми биде удобно. Последната свадба на која бев беше пред 1година, бев бремена и облеков фустанче кое ми беше точно во моментот и фризура направив дома.
Кога бев старосватица шиев долг фустан, фризура на фризер.
Наредно на свадбите на кои сум за едната ќе земам фустан, на блиска другарка ми е , па мислам дека ќе биде нешто по елегантно, а другата е на братучедка и изборот ќе биде пократко фустанче.
Конкретно немам некој кодекс на облекување, туку како се осеќам во моментот така се облекувам. Со оглед на ова мене не ми е јасно зошто другарка ми купува фустани и чевли за секоја свадба на која оди(нема финансии во изобилство и чудно ми е што толку се потресува) и нормално фризура секогаш на фризер.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 13:05:52   
Snowhite RR
Јас претежно сакам фустан да носам за на свадба, се разбира посвечен, но не па и многу свечен, а за фризура и јас одам пред секоја свадба на фризер, додуша не дека правам кој знае каква фризура, туку за фенирање

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот meU87)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 13:06:07   
Octavia
Непишано правило е дека само невестата носи бело на свадба user posted image . Според тоа, ако гостинка облече бел фустан тоа би било неубаво (да не кажам непристојно). А што ќе носам многу зависи од тоа денска или ноќна свадба, кај блиски или подалечни, дали треба цел ден да одам по сите адети или одам директно во ресторан... А секако и не мора секогаш фустан, јас сум одела и со убави, посвечени панталони. И секогаш тргнувам од тоа дека таму невестата сите ја гледаат (и ја коментираат user posted image ), сигурно не мене, и не се потресувам толку да мора за секоја свадба да купувам нов фустан.

(Одговор на членот meU87)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 13:09:20   
kapina
i jas isto go nosam toa sto go imam sveceno nekupuvam za sekoja svadba nova garderoba

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 13:28:59   
temjanuska75
И јас мислам дека е непристојно бело да носи некој друг освен невестата. Вообичаено облекувам фустан не премногу свечен, нормално зависи колку е блиска личноста.Понекогаш панталони со некоја интересна кошула или блуза.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 14:00:38   
cucamaca
Ми се погоди темава за деновиве :) Ептен!

Буквално мразам гостинка на свадба да е во бело! Денот е на невестата ;-)

Гардероба: фустан, свечен, ама не ко лампион :-) Правам комбинации на она што веќе го имам. Посебно шиев само за титулата „старосватица“ user posted image
Фризура: Си имам пери-носи, па само тазе шишање и фарбање user posted image



_____________________________

*** cucamaca ***

(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 14:10:23   
JovanaJ
Epten interesno, sekogas se preispituvam po 100 pati dali sum se oblekla soodvetno.
A normalno, se zavisi dali se odi kaj bliski ili podalecni luge.
Ako se bliski, znam i nekogas da si kupam se novo, no ako se podaleni najcesto kombiniram sto imam doma.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот cucamaca)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 14:11:46   
niki
ne gledam sto e nepristojno gostinka da nosi belo
nevestite nosat vencanici koi se tolku ukraseni i napadni pa nema sansi da bidat promaseni, nitu zaseneti od nekoj obicen fustan ili komplet sto god
baska muabetot sto vo ponovo vreme osven beli se pravat vencanici i vo drugi boi i nijansi
jas mislam deka kako gostinka e vazno da si vo cista pristojna i udobna obleka, posvecena od onaa sto se nosi sekojdnevno, no sekako ne nesto sto ke sljasti i blesti kako reflektor, zavisno od vkusot, moznosti, kako i da ti prilega na figurata, se drugo se detali za sekogo razlicni

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот cucamaca)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 15:35:45   
blond

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ne gledam sto e nepristojno gostinka da nosi belo
nevestite nosat vencanici koi se tolku ukraseni i napadni pa nema sansi da bidat promaseni, nitu zaseneti od nekoj obicen fustan ili komplet sto god
baska muabetot sto vo ponovo vreme osven beli se pravat vencanici i vo drugi boi i nijansi
jas mislam deka kako gostinka e vazno da si vo cista pristojna i udobna obleka, posvecena od onaa sto se nosi sekojdnevno, no sekako ne nesto sto ke sljasti i blesti kako reflektor, zavisno od vkusot, moznosti, kako i da ti prilega na figurata, se drugo se detali za sekogo razlicni

Потпис!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 16:58:54   
Viktori
Дали сум на свадба или на кафе со другарка, на мене не ми менува многу, многу. Можам само да изберам кои фармерки да ги носам.
Ако нема дрес код у покана можам и со фармерки и кошула да отидам.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 17:21:35   
Octavia
Па навистина станува збор за пристојност... И тоа важи и во Америка и во Европа и секаде. Се знае кој носи бело на свадба. Е сега, нели викаат ако невестата нема бел фустан и ако сте зборувале со неа, па не и е важно, белиот фустан не би требало да биде проблем. Од друга страна, некоја психологија човечка пак вели дека кога друга жена (гостинка) носи бело на туѓа свадба, таа едноставно не може да поднесе што некоја друга жена е во центар на вниманието на сите присутни, па се натпреварува со неа (затоа што сепак, нели, ќе се забележи ако некоја друга облече бел фустан на туѓа свадба). А при толку бои на располагање, зошто па гостинката да мора да избере бел фустан?
Исто така непристоен за свадба би се сметал и било кој друг фустан кој вреска „забележете ме!“, нападен во било која смисла, Е сега, дека има жени кои патат за тоа да кажат „никој не ја гледаше невестата, сите мене ме гледаа“ има... ма секакви не има, и на свадба и секаде user posted image . Но сепак гостинот треба да покаже почит кон младоженците, На гостинот можеби тоа му е како секој друг ден, ама на младоженците не им е и со својата појава гостинот треба да го испочитува тоа.

< Поракaта ја уредил Octavia RR -- 11.6.2013 17:22:24 >

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
11.6.2013 17:29:49   
elenak
На свадба најчесто носам фустан, т.е ги имам неколку (црни) што секогаш ми излегуваат во пресретuser posted image Па не се на секоја свадба исти гостите. Е сега ако ми е блиска свадба може да купам или шијам специјално ама тие се поретки. Бело никогаш не избирам за свадба, не ми личи. И многу ми беше чудно кога на една свадба и сестрата на невестата беше во бел фустан (не невестински ама бел).

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
24.11.2014 0:07:43   
caciana
Koga sum na svadba najcesto Se oblekuvam sveceno.E sega kolku sveceno,zavisi od toa kade sum na svadba,dali kaj bliski ili podalecni rodnini,prijateli.Vo princip sum elegantnauser posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
24.11.2014 0:48:37   
scared RR
Имам неколку фустанчиња за свадба и тие ги вртам, менувам само чевли и ташнички и по нешто бижутерија ако дозволува фустанот :) Фризура сама си правам а ме шминка другарка ми, мене не ме бива баш :)

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
27.4.2015 8:43:33   
deluxe
Ova e momentalno tema koja mi se mota niz glavatauser posted image Na 16ti sledniot mesec sum na svadba I krstevka kaj brat mi.Sega mi e dilema dali da zemam dolg fustan ili nesto kratkouser posted image Za fizickiot izgled mi stojat I dvete varijanti,nemam problem ,no problem mi e modelotuser posted image Iskreno gi obozavam dolgite sveceni fustani,no od druga strana pak ednas go oblekuvame I tolku.Parite gi zatvorame v plakaruser posted image Dodeka kratko fustance moze da se iskoristi povekeuser posted image Ne znam kako ke zavrsi ova moja dilema,najverojatno ke ostavam na momentot ,koga ke kupuvam,sto ke me bendisa toa ke zemamuser posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
27.4.2015 11:48:38   
Malecka23
I mojata dilema tek pocnuva.Kuma sum na svadba na 27mi juni.Iako ima vreme ama za mene nema posto ni jas ne znam sto sakam.Generalno po svadbi sekogas nosam fustan sto e do kolena nit kratok nit dolg i po mene za mladi toa e epten dobitna kombinacija.Arno ama sega taze porodena so visok kg ne znam kako ke bide i dali ke uspeam da najdam prikladen sto ke mi go sokrie stomakot.Ahh pusta zel ba deka do togas ke si se vratam vo normalna ili delumno posto imam mnogu fustani koj neobleceni koj samo ednas

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
27.4.2015 12:17:30   
Hopeful RR
Malecka23, најсигурен и проверен крој е фустан што е сечен под гради, или малку над половината (кај што си најтенка), а од таму се пушта пошироко надоле. Ова стои на секакво тело, плус можеш да ставиш и каивче или лента за уште повеќе да го дефинираш најтенкиот дел и да функционира како фокус на фустанот. Јас ти препорачувам до колена пак, сигурно добро ќе ти изгледа. Башка сега сигурно имаш импресивно деколте и никој нема да гледа надоле накај стомакот user posted image Не мора да се криеш во црно, но избегнувај дречливо шарени, цветни дезени. Најдобро нешто посмирено, и бапни некој накит драматичен, некои висечки обетки на пример.

Исто, почекај до последно, имаш време до крај на јуни, може многу брзо да симнеш кг. Неколку дена пред свадба, ако ништо од дома не проаѓа, скокни по дуќани и одбери, башка тогаш ќе бидат завршени матурите и дипломските, ќе има и попусти user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Како да се облечете кога сте гостин на св...
17.10.2016 17:30:00   
Snow Angel
И јас мислам дека во бел фустан треба да е само невестата,но не мора да значи дека ако носиш бело може да те помешаат со невестата. Пред 2 години бев на една свадба каде што имаше неколку девојки во бело,но во никој случај не можеш да ги помешаш со невестата. На друга свадба,невестата си носеше долг,едноставен фустан во шампањ боја,а имаше една девојка што носеше бел фустан што буквално наликуваше на венчаница и кога отидов таму помислив дека сум отишла на погрешна свадба и искрено да не ја знаев невестата од порано,ќе помислев дека таа што облекла долг,бел фустан е невестата. Со другарка ми ги гледавме фотографиите од истата таа и на сите фотографии каде што таа е на некоја свадба е со бел фустан. Долг,краток,но бел. Посакувам кога ќе дојде денот и таа да биде невеста сите да и одат во бело. Една случка каде што белиот фустан нема врска:Една моја братучетка беше кума на една свадба и таа е висока,со тело на песочен часовник. А невестата беше ниска и знам дека ни таа не сака да е таква,но ете не може да оди против природата и поради тој комплекс што го има и’ рекла на братучетка ми да не облекува црвено бидејќи била премногу убава и сите неа ќе ја гледале. Па така братучетка ми си соши фустан во тегет боја со тантела и не знам што,а не се ни заморуваше со бојата. Ги гледав сликите од свадбата и пак таа се приметува повеќе од невестата.

Заклучок:Непишано правило е дека не се носи бело на туѓа свадба,но ако една девојка е згодна,каков било фустан нека облече,повторно ќе биде згодна.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?