Bethany -> RE: Што носите во чантата во моментов? (23.10.2013 14:11:29)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Е па девојки зборувавме нели што помалку да се товариме и да носиме полесни ташни заради можноста за полесно забременување и секако за подобра кичма, поисправен грб и с[sm=smiley36.gif]л. Мојата ја мерев тежи 2,5 кг (мобилен наочари за очи, наочари за сонце, несесер со шминки, новчаник побајаги наполнет со визит картички и разноразни ливчиња, марамици, несесерче со УСБ стикови, контејнер мал со улошки, клучеви и не знам што уште не[sm=smiley36.gif]). [sm=kava.gif] Ај сега да ве видам измерете колку ви е ташната и пишете. [sm=smiley16.gif][sm=smiley20.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR Јас обично не носам иста ташна секој ден и работите од една ги префрлам во другата ташна а во таа првата го оставам ѓубрето кое што не сум нашла каде да го фрлам па ми останало, обично некои хартивчиња и кеси.[sm=smiley1.gif]Иначе ташната ми тежи еден тон и само јас можам да си се снајдам во неа(мобилен, новчаник,клучеви, антибактериски влажни, антибактериски гел, по некоја цуцла или шише од децава, пенкала, тефтерчиња, лекови некои за глава, чешле мало,огледалце, наочари за сонце [sm=smiley1.gif]итн.... не ми текнува уште што ме мрзи да ја зимам и да ја чепкам.Кога ќе ја измерам ќе ви кажам колку тежи.[sm=smiley1.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Уф, па многу тежи. Не сум ја мерела, ама тежи сигурно бааги. Абе носам триста глупости, некои од нив ми требаат, некои не. Освен класичните работи за во ташна, обавезно имам шише со вода и една книга, плус некој тефтер од работа..само тоа тежи кило. Сега кога останав бремена, реков ај да не влечкам многу тешко ќе ја испразнам, ама не можам, кога почнав да вадам едно купче што ми треба, едно што ќе лета надвор, во ова второво имаше само две-три хартивчиња кои и онака не тежеа многу. Единствено решение е да си купам мала ташна во која и да сакам нема да можам да напикам се. [sm=zmeden.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR тежи,тежи се и сешто има по неа,еве сега си најдов една јаболка во неа,пробав да ја изедам,ама целата примила мирис на парфеми и козметика(којзнае од кога ми е во ташна) ,па ништо работа,ја фрлив ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Леле жениии сите исти, само влечкаме се и сешто. Џабе не рекле, во женска ташна има се, освен еден збор со три букви: РЕД. [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
|
|
|
|