RE: Што носите во чантата во моментов? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


LoveableMe RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (26.10.2013 21:02:51)

Жени будали, само се товариме[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (7.6.2014 1:16:30)

Јас сум голем обожавател на чанти и скоро секогаш си носам.Не ја претрупувам многу и да ставам во неа непотребни работи,ама секогаш си носам влажни марамици,мало огледалце,телефонот,цигарите,парфем и новчаникот со документите за лична идентификација. [sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Што носите во чантата во моментов? (7.6.2014 9:32:56)

И јас обожавам чанти и имам 5-6 многу добри квалитетни чанти. И затоа стално ги менувам и во секоја чанта по нешто фали зашто префрлувам нон стоп ствари. Но секогаш имам влажни марамици, памперс, паломи, новчаник, лабело, бисквити за [sm=duda.gif] и заштитна крема за сонце.




scared RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (30.11.2014 16:04:54)

Новчаник, лабело, книшка и упати. Си ја спремив за утре.




kokicekokice -> RE: Што носите во чантата во моментов? (30.11.2014 16:17:16)

Mene treba da me prashate Shto ne nosam vo chantata [sm=smiley36.gif]. Ni jas sama neznam shto se gluposti nemam piknato vo neseserite.I toa nosam 2 nesesera.1 za trakatanci -apcinja, vitamini, penkalce, igla i konec :) , kuponi od Vero, stegach za kosa, malo chetche za cheshlanje, hanzaplast I sl, a vo vtoriot za karminche, sjajche, labelo, ogledalce, korektorche, parfemche, plus parichnik,ochila, kluchevi, dva telefona, alkoholni maramchinja, paloma maramchinja.Ova vreme obichno sekogash imam I malo chadorche, bez nego ne se dvojam, bez razlika I so avtomobil da odam :)




mommy_angels RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (23.1.2016 16:14:26)

Сега ја земав ташната и еве го списокот[sm=smiley36.gif]
-пластично лажиче (од мусли мислам дека е)
-искористени карти од кино
-шпенагли
-банана и портокал
-ситни чоколадца(од пакетчињата на ќерка ми украдени)
-паричник
-чадор
-неколку врсти на таблети(за Т,за болка,витамини)
-антиперспирант
-кармин
-крема за раце
-ролер за шистење капут
-апликација за апдејтирање на податоците во банка(три месеци ја мкнам во ташна и никако да ја однесам)
-пенкала
-влажни марамици
-парфем
-бел и црн конец со игла
-здравствена книшка
-црн тефтер
-ракавици и-еден куп фискални сметки

Мислам дека тоа е се [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




lukajana RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (23.1.2016 17:06:09)

Мојата чанта има се што треба и што не треба [sm=smiley36.gif].
Прво телефон ,новчаник ,несесер со шминки ,парфем ,огледало , крема за раце ,апчиња и секако пелени ,в.марамици ,крема ,шише вода ,некое овошје и тоа е се.
Скромно [sm=smiley36.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (23.1.2016 17:15:15)

ххахаха, ме потсетивте, во чантата имам налогче од градинка, платено кое треба да го фотокопирам, а немаше да не ја видев темава активна....

инаку таму има таблети, трите книшки, документи, палома, марамици влажни, шминки, парфемчиња клучеви... и некои работи што незнам дека се таму [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Што носите во чантата во моментов? (28.1.2016 15:33:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin RR

... и некои работи што незнам дека се таму [sm=smiley36.gif]



Хехеех ова е причината што кога нешто не можам да најдам, го барам во ташна.

Освен новчаник, клучеви и други вообичаени работи за во ташна кај мене може да се најде и по некоја количка или пиштолче (што е опасно по живот оти играчкиве се као вистински, ако некој ден ме прочитате по весници за неовластено поседување на оружје, ве молам споделете го постов со властите [sm=smiley36.gif]) некое USB, неколку пенкала, по некој документ.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]