Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Дали вашето дете знаеше да чита пред да тргне... 13.6.2013 12:22:21
mosa
Mamicki me interesira dali vaset__o detence znaese da cite pred da trgne vo I odd.Moeto since ima veke polni 4 godini.I pocnav po nekoja bukva poednostavna da mu pokazuvam.Ama me interesira dali vasite deca znaeja barem po nekoja bukva i od koja vozrast gi naucivte.
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 13.6.2013 12:31:39 >
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 12:27:27
niki
gi znae site bukvi, pisuva po nesto, no so greski, uspeva bukva po bukva da svrze i prepoznae zbor, no poednostavni, samostojno da cita slikovnica ne zane i ne bi ni trebalo da znae, bar vo Grcija toa ne se ocekuva pred prvo odd. interes za bukvi i broevi i pisuvanje projavi na okolu 4 godini
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 13.6.2013 12:32:30 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 15:06:01
Snowhite RR
Мали сме да пишувам на оваа тема, ама моето размислување е дека не треба децата да се форсираат да научат да читаат и пишуваат пред тргнувње во школо, зашто така само може полошо да им направиме во смисла што ако ги научат буквите дома, на училиште нема да му биде интересно и нема да внимаваат кога ќе ги учат и така нема да стекнат навика да се вклопат во наставата и кога ќе дојде време да учат нешто што дома не сме ги научиле, нели дома не можеме се да ги научиме, тогаш тие нема да знаат да слушаат и да го научат новото. Е сега некои деца на пример моево ако има само 3 години, стално ме прашува ова која буква е, ова кој број е, јас само ќе му одоговорам и не инсистрам по секоја цена да го научи за следниот пат кога ќе го прашам да го знае, туку самиот ако си го запамти во ред и некои букви и бројки веќе ги знае да ги препознава
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 17:45:08
Slagjana
Понекогаш и без да инсистираш децата сами учат. На пример моето на 2 год и 9 мес ги научи сите букви и броевите од 1-10. Не дека јас седнував да ја учам, туку сама прашуваше. Откако ги научи кирилица почна и за латиница да ме прашува, ама нив не ги знае. Сега и е период кога не сака ни да види буква, оти ги знае сите и не и е интересно. А кога ќе научи да чита не знам. Нема да ја форсирам.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 20:35:43
Octavia
Моето не ги знаеше буквите (знаеше само некои, името и сл.) пред да тргне прво одделение, во градинка ме убедуваа дека не треба да ги учи, дека за него е подобро да ги научи на школо, и тоа можеби е така, ама кај нас испадна лошо. Во одделението имаше неколку дечиња кои читаа и наставничката буквално ги форсираше што побрзо да се описменат, до тој степен што буквите печатни и ракописни ги учеа паралелно и тоа со многу брзо темпо и кај детево се јави отпор едно време заради големиот стрес. А наставничката не убедуваше дека така мора, дека нема децата што знаат да страдаат заради оние што не знаат и дека и тие што не знаат ќе си научат одеднаш се, може со поголема мака, ама ќе научат. Добро, женава си беше терсене, не е секаде така. На другарка моја детето е генерација со мојот и учеа многу поинаку, полека и без форсирање, па имаа многу помалку стресови. Од овој аспект, јас малку повеќе би описменила дете пред да тргне на школо. Јас ги слушав советите од страна кои иако беа добронамерни ни направија проблем. Со бројките немаше проблем, си ги знаеше уште од градинка, ама опсименувањето ни беше стрес на сите, за жал.
< Поракaта ја уредил Octavia RR -- 13.6.2013 20:41:51 >
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 23:41:59
niki
vo Grcija zapoznavavnjeto so bukvite e predvideno uste vo predskolskata ustanova koja decata ja posetuvaat 2 godini i noramlno e da gi naucat, nekoi podobro nekoi poloso, i normalno deka opismenuvanje ke ima vo 1 odd. koga ke se pisuva vo tetratki so linii ke se uci kaligrafija i ortografija, no za seto toa smetam deka treba da ima nekakva osnova od prethodno, treba da gi prepoznavaat, da gi napisat krivo levo, nekako, a i poednostaven zbor da mozat da go svrzat i procitaat znaci nemora da se uci i da se forsira no po ritam na deteto koe projavuva interes da mu se pokazuva, i ako se pocne so toa od 3-4 godini do 6 sekako ke nauci da gi kazuva, prepoznava, i ke se obide da gi napise i procita
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 23:51:15
kapina
ama dobro niki grckiot jazik da bideme realni jas ucev da pisuvam i citam grcki vo privatno skolo vo mk i i mnogu e potesok od nasiot ima diftonzi dvoglaski ima poveke bukvi o da bidam iskrena citanjeto mi bese lesno i konverzacijata no pisuvanjeto ne
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 13.6.2013 23:55:22
mami2
Оваа година ќе оди во прво одделение, нема сеуште 5,5 години и не знае да пишува. Препознава половина од буквите, знае името да го напише, ги знае броевите, и речиси сите двоцифрени и толку. Доколку до крај на летото покаже интерес за нешто повеќе, добро, ако не додека е во прво одделение, ќе поднаучи уште нешто се надевам. Бидејќи ми рекоа дека описменувањето е во второ одделение, во прво ги учеле само на препознавање, се надевам дека има доволно домашна подготовка за поаѓање во прво одделение. Ако е случај како кај Октавија, ќе мора да има тогаш забрзан домашен курс за описменување.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 14.6.2013 0:06:18
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina
ama dobro niki grckiot jazik da bideme realni jas ucev da pisuvam i citam grcki vo privatno skolo vo mk i i mnogu e potesok od nasiot ima diftonzi dvoglaski ima poveke bukvi o da bidam iskrena citanjeto mi bese lesno i konverzacijata no pisuvanjeto ne
bez ogled na toa diftonzi ne ucat pred da gi naucat bukvite ubavo da gi pisuvaat imaat nauceno da pisuvaat po vuk karadjic dosega i da se razbereme ne e toa nauceno kako sto nie sme ucele vo prvo oddelenie, vo tesni i siroki linii poveke lici na skrabanici, na beli listovi bez red, nekogas pocnuvaat od levo, nekogas od desno, no za taa vozrast toa e dovolno, sepak za pisuvanje i citanje kakvo nie vozrasnite praktikuvame e potrebana odredena zrelost i mnogu vezbanje sto do 6 godini e nevozmozno da nateras dete tolku i na toj nacin da vezba pisuvanje
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 14.6.2013 0:35:12
mosa
Моето не ги знаеше буквите (знаеше само некои, името и сл.) пред да тргне прво одделение, во градинка ме убедуваа дека не треба да ги учи, дека за него е подобро да ги научи на школо, и тоа можеби е така, ама кај нас испадна лошо. Во одделението имаше неколку дечиња кои читаа и наставничката буквално ги форсираше што побрзо да се описменат, до тој степен што буквите печатни и ракописни ги учеа паралелно и тоа со многу брзо темпо и кај детево се јави отпор едно време заради големиот стрес. А наставничката не убедуваше дека така мора, дека нема децата што знаат да страдаат заради оние што не знаат и дека и тие што не знаат ќе си научат одеднаш се, може со поголема мака, ама ќе научат. Добро, женава си беше терсене, не е секаде така. На другарка моја детето е генерација со мојот и учеа многу поинаку, полека и без форсирање, па имаа многу помалку стресови. Од овој аспект, јас малку повеќе би описменила дете пред да тргне на школо. Јас ги слушав советите од страна кои иако беа добронамерни ни направија проблем. Со бројките немаше проблем, си ги знаеше уште од градинка, ама опсименувањето ни беше стрес на сите, за жал.
Oktavia koga ja postaviv temava tokmu ova i me interesirase. Vo eden nevrzan razgovor so majka na detence koe godinava zavrsi I oddelenie taa samata kaze deka mnpgu bzo gi ucele bukvite i tokmu istiot muabet go slusnav i od nejze deka parralelno gi ucele 1 bukva i kirilica i latinica kako se pisuva.I bas i so nejze razgovaravme deka treba da go naucam sin mi podobro da gi prepoznava bukvive,a taa mi rece deka nema potreba polesno ke mu bilo ako gi uci na uciliste.Sepak se plasam deka nema da ima docvolno vreme da bide vo tek so dugite decinja.Znaci toj sega znae nekoja bukva nekoi i da gi napise tie sto se poednostavni na pr kirilica G i T.Jas za pokazuvanje mu gi pokazuvam ama ne go forsiram mnogu. Samo toa mi e starf dali mozebi ke mu bide polesno ako gi znae bukvite pred da trgne vo uciliste .Ne sakam da zaostanuva zad drugite decinja.Bidejki i nego ke mu bide potesko.
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 14.6.2013 9:11:57
JovanaJ
ИЗВОРНА ПОРАКА: mosa
Mamicki me interesira dali vaset__o detence znaese da cite pred da trgne vo I odd.Moeto since ima veke polni 4 godini.I pocnav po nekoja bukva poednostavna da mu pokazuvam.Ama me interesira dali vasite deca znaeja barem po nekoja bukva i od koja vozrast gi naucivte.
Znaci ne go ucev voopsto. Posebno smetam deka dete na 4 godini e premalo da se forsira da uci bukvi. Nie sega ke trgneme vo uciliste vo Septemvri, no jas snikogas ne sum go forsirala da uci bukvi i brojki. Sin mi znae da gi prepoznava bukvite, i nekoi znae da gi napise (nevesto), no jas ne sum go ucela. Prasuval, sum mu kazuvala, gledase Busava Azbuka i taka sam ucese,negov interes...Brojki znae i sega vo posledno vreme mnogu go interesiraat. Broi bez greska do 100 i nazad i sobira/odzema do 10. No pak ke kazam, jas ne sum sednala so nego da gi ucam namerno, samo prasuval sme mu kazuvale i zapamtil. Iskreno ne ni planiram da sednam i da ucam so nego, toa se raboti sto treba da se ucat vo uciliste. Jas se cudam kako vikate latinica i kirilica zaedno, toa ednostavno za mene e zbunuvacki a ne za dete. Jas licno do sega nemam slusnato za takvi iskustva i toa zavisi od nastavnickata. Pa ako na roditelite ne im se dopaga modelot na predvanje sekogas mozat da reagiraat onamu kade sto treba. Vo prvo oddelenie ucat samo da gi prepoznavaat bukvite, potoa ucat da pisuvaat crti kosi vakvi- takvi pa duri potoa bukvi. Znaci postepeno.... Ona sto mislam deka treba doma da se pravi e da im se cita mnogu, da se ucat da prasuvaat i da razvivaat ljubopitnost, da se vezba memorijata preku igri, da se istrazuva vo priroda da se objasnuva. Kaj decata treba da se razviva emocionalnata inteligencija, treba da bidat emocionalno podgotveni za vo uciliste kako osnova. A ne da bidat pismeni. Ako deteto ne e emocionalno podgotveno (ne e dovolno samo da saka da odi vo skolo) ke se sooci so problemi iako gi znae bukvite. Mislam deka mnogu pogresno od doma gi nasocuvame decata samo kon ona "suvoparno" ucenje bez sposobnost da se snaogaat vo sredinata. Jas licno ne se grizam mnogu za bukvite i brojkite, smetam deka sin mi e dovolno inteligenten da ja sovlada materijata, i gledam sto podobro da bide psihicki podgotven za da se vklopi vo celiot toj sistem. Pa nema da ostane nepismen, samo ke se trudam so site sili ponataka da znae da kako da go sobira i iskoristi znaenjeto sto ke go dobiva vo uciliste.
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 20.7.2013 14:26:44
mosa
Tocno JovanaJ I jas se soglasuvam so tebe so se sto si napisala .i jas na moto dete mu citam mnogu .sega mozam da kazam i poveke od porano zatoa sto sega ima poveke trpenie i vnimanie za prikaznite sto gi citame ,sega e pogolem ,pozainteresira ,i .ne go teram nisto so sila zatoa sto ne sakam da mu sozdadam odbivnos ili so sila za bilo sto .i sin mi iako nw odi vo gradinka znae mnogu pesnicki i broi do 10 sam,a ,do 15 so mala pomos .Znam deka i moeto dete e dovolno intelegentbo za da go sovlada materijalot na uciliste .I vo razgovor so drugite majki Isro me sovetuvaa da ne go forsiram od sega ,ama ,samo nesakam da mu dojde naednas mnogu materijal .i ne za suvoparno ucenje ,tuku postepeno ucenje . A toa deka se uci kirilaca i latinica paralelno e iskustvo od majki cii deca godinava bile prvacinja .pa mozebi ne e sekade isto
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 21.7.2013 12:15:45
Felly RR
моса, можеби мислише на печатно и ракописно. Латиницата се учи дури во трето одделение. Е сега дека има деца кои прво латиница научуваат, тоа е резултат на компјутерите. Ама и јас мислам дека нема потреба да го форисираш, ако покажува сам интерес, да. Ама инаку нема потреба - во прво одд се учат да ги препознаваат буквите - па прават букви на голем лист хартија (од гравчиња/ориз/украсни ленти и сл) ама сепак и тоа зависи од наставникот - како тој ќе си го реализира материјалот. Некој може ќе форсира премногу материјал наеднаш, а некој ќе оди постепено.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 22.7.2013 13:24:23
miana
Керками ги знае речиси сите букви да ги пишува. Знае и некои зборови да ги прочита ( мама,тато,миа и сл).. И броеви знае да пишува и да чита. Од септемнври со 5 ипол години,тргнуваме во училиште.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 1.12.2014 21:18:19
caciana
Na vnuka mi omilena igra kako mala i bea vesnicite i spisanijata.. pa okolu 3-4 godini zapocna da raspoznava bukvi... A veke na 5 znaese da napisi nekoj zbor i da cita bukva po bukva. Pametno devojce od teta zapocna vo skolo kako pismeno prvace . No takvo si e deteto i den denes so nea nemame problem, veke e 4 odd i ucenjeto i e pred se. Toa e temperament
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 1.12.2014 21:29:03
blond
Малиот мој знае кирилица и латиница од 2 години, самоволно научи, од песничките што ги слуша и гледа. Броевите ги знае до 10 на англиски и македонски, ама не го форсирам ич за читање, мал е уште. Додуша он се обидува да чита, од десно на лево ги чита буквите и кога ќе го прашаш што пишува си го кажува неговото име Има 3,5 год, до 5 да научи да си го прочита името, доволно ќе биде.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 2.12.2014 12:36:33
Felly RR
Мене М ме изненади пред некој ден кога ми кажа што пишува во росицата. Ја разгледувавме и таа ми го прочита насловот на една страна. Буквите ги знае речиси сите, некои што и беа полесни ги научи уште одамна (уште пред една година) да ги пишува. Е сега со читањево баш ме изненади, бидејќи не сум ја терала никогаш, знам во градинка дека многу работат со учителката и сакам барем дома да се одмори од такви активности. Ама кога видов дека може веќе и да си поврзи некои букви, почнав да и покажувам некои зборови со познати букви, па ги чита прво буква по буква и после ги поврзува. СО новите наставни програми мислам дека колку повеќе работи ќе знае кога ќе почне на училиште толку полесно ќе и биде. Па штом веќе се интересира, ќе го повежбаме малку и дома читањето. Заборавив да пишам, за брзо ќе полни 5 години.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 2.12.2014 12:37:40 >
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 21.10.2015 15:04:06
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
СО новите наставни програми мислам дека колку повеќе работи ќе знае кога ќе почне на училиште толку полесно ќе и биде.
Ова се почесто го слушам во последно време и почна д аме фаќа паника оти Никола до скоро не покажуваше никаков интерес да учи букви и бројки. А јас пак, често го прашувам дали сака да учиме букви и бројки, мислам да пишуваме. Знае да брои до 20 и ги распознава до 10 ама сега ги учиме да ги пишуваме. Купив триста книги со букви и бројки, понав да му пуштам почесто Бушава азбука. И не знам дали добро ни оди. До сега знае да напише десетина букви и неколку бројки. Денес за прв пат си го напиша името. Не знам како да го заинтересирам. Мислам дека негови врсници повеќе знаат и се интересираат. Тој за еден месец ќе полни 5, а од септември тргаме во училиште.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 21.10.2015 15:28:17
AnnaMolly RR
Филип (5,5 години) знае одамна да си го напише името и презимето, знае да ги распознае бројките и да ги напише. Знае да напише мама, тато. Јас дома го немам ништо учено (срам да ми е), ама во градинка толку многу работат со нив, што стварно нема потреба да го форсирам и дома. Пред некој ден дури и ме изненади што знае собирање и одземање до 10. Кога го прашав од каде научил (а знам дека ни јас ни маж ми не го учиме тоа, повторувам дека не сакам да го форсирам), ми рече дека во градинка учеле. И земав му напишав три задачи од типот на 2+1 или 5-3 и ги реши сите :)
Мислам дека многу ги форсираат во градинка, иако од таму ни велат дека ги спремаат за на училиште. Па ако во градинка олку учат, тешко нас во училиште кога ќе тргнат.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 21.10.2015 15:38:45
vezilka RR
Ете видиш а кајнас пак ништо не ги спремаат. Ниту бројките не ги учат, а иста генерациска група се во градинка. Јас пак тоа се нервирам дека таму по цел ден само дивеат или гледаат цртани. Учењето е со нас дома. Леле колку ме фаќа паника што ќе праиме другата година.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 22.10.2015 15:12:07
AnnaMolly RR
Кај нас и претеруваат со учење. На родителска баш зборнавме на оваа тема, дека децата многу ги учат и дека многу бараат од нив. Имаат часови секој ден, секој ден по саат време учат македонски и математика. Учителките викаа дека мораат и дека тоа им е во програмата, дека и нив им е напорно ама дека сакаат да ја следат програмата и да ги оспособат за на училиште како што треба.
RE: Дали вашето дете знаеше да чита пред да т... 22.10.2015 21:04:25
sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Ете видиш а кајнас пак ништо не ги спремаат. Ниту бројките не ги учат, а иста генерациска група се во градинка. Јас пак тоа се нервирам дека таму по цел ден само дивеат или гледаат цртани. Учењето е со нас дома. Леле колку ме фаќа паника што ќе праиме другата година.
Vezilke, мислам дека проблемот со подготовките во градинка е индивидуален - на тимот воспитувач/негователка. Тина е средна група (од 4-5 години) и веќе извесен период ги форсираат повеќе со броеви - прво одеше распознавање, па потоа и пишување. Дури им дале замерка на децата зошто родителите не посветуваат повеќе време за учење со нив Па дел од дечињата се уште не ни зборуваат правилно, не пак да учат броеви. Учеле и геометриски форми. Во ред е да се учат основи, да се запознаваат со бројки, букви, форми, но да се очекува толку од нив ми е бесмислено. Зошто им е тогаш 0то одделение ? Да не бидам вон тема - Тина ги препознава повеќето цифри, неколку знае да напише, и препознава и пишува неколку букви. Ја насочувам индиректно, преку цртани и песнички. Сама покажува интерес да поднаучи ако евентуално во градинка не знаела нешто што ја прашале - што ми е позитив, дека прима конструктивна критика.