|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
24.2.2015 16:36:04   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, пишувам овде затоа што претпоставувам дека имате конкретно искуство и совет во врска со она што ме интересира, бидејќи со близнаци е малку поинаку user posted image

Од сите модели близначки колички што ги гледам, ниедна нема транспортери, а како што ми кажаа едни дистрибутери на Чиполино, нивните дури немаат ни можност да им се монтираат. Прашањето ми е - како се снајдовте со тоа? Дали е можно да функционираат одвоено (знам дека единечните колички имаат систем за да се стави транспортерот во количката), дали во прво време ги носевте бебињата само во транспортери, а дури подоцна во количка, или како?

Hopeful не знам колку ти е паметно да купуваш дупла количка , па поготово не од Mothercare затоа што таму се прескапи. Ние нашата речиси не ја ни употребивме. Немавме транспортери на неа ниту пак побаравме транспортер. Нашата количка беше од Бертони не беше лоша ама гломазна и непрактична, а живеам во куќа, значи понепрактично е за во стан со лифт.Попрактични се тие како чадор што се собираат. Моите деца не сакаа во количка да седат ни како бебиња ни како поголеми. Па штом почнаа да одат речиси не ја ни употребивме. Нова е. Мој совет поарно да си купиш две единечни што се затвараат како чадор така полено ќе ги шетате децата , затоа што да бидеме реални ретко кога ќе можеш сама да излезеш со нив. Тешко е сама да излезеш со две бебиња. Те поздравувам и ти советувам полни ги батериите бидејќи ќе ти треба многу енергија кога ќе излезат бебушите.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
24.2.2015 19:55:01   
Hopeful RR
AneLav RR, ти благодарам на мислењето, секогаш е добро да се чуе искуство од прва рака. Не ми е јасно како ви останала неискористена количката - како ги носевте до година дена наваму натаму? Ги шетавте во раце, или во кенгури? А за во кола?

Јас па сигурно ќе ги шетам и сама, не можам да седам затворена дома, па ми се чини тешко со две колички и гледам дупла. Секако не планирам да се опрчам и да купам скапа количка - еве тие што досега ги гледав се на Чиполино, бугарски, ми се гледаат сосема солидни, а се максимум 200е. Од Mothercare не ми се ни допаѓаат - ај што се прескапи, него и дизајнот им е никаков, и имаат мали тркала што ми е изричито битно - сакам да може комотно да се возат по разни терени, од тротоар до Водно. Транспортери секако ќе купам, за да можам да ги возам сама во кола. Еден релаксатор ќе позајмам, а друг ќе купиме, но и за тоа нема да се луксузираме. Не знам дали се неопходни пумпи за измолзување во случај на близнаци, но за тоа има време user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 24.2.2015 19:56:35 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
24.2.2015 22:59:31   
blue_blue
Jas pa samo dupla kolicka sakav oti nejkev da bidam vrzana so drug covek sekogas koga ke trebase da izlezam od doma. I mnogu pati sama so niv izleguvav uste od najmala vozrast. Zatoa i mi trebaa transporteri za vo kola. Jas nejkam da zavisam od drug za da izlezam od doma. Znaci zavisi sto ti e bitno i kakov stil na zivot imas. Mene ne mi ja sobirase kolickata otklopena vo lift pa obicno edno dete imav vo kengur drugo vo raka. Pred toa ja stavav kolickata cadorce sklopena vo lift. Decata vo race edno drugo u kengur i iskacav. So ednata slobodna raka zaklucuvav vrata i otvarav lift i posle vadev kolicka i so noga i slobodna raka otvarav kolicka. Deteto sto mi e vo raka go legnuvav vo kolicka a posle i drugoto od kengur. Iako izgleda slozeno mene ne mi bese zosto najvazno mi bese da bidam slobodna i nezavisna od drugi luge. Ako odev samo so kola ondak polesno bese deka ne morav kolickata da ja tegnam. Moite bogami sedea vo kolicka...i nemaa mnogu izbor doduse zosto voglavnom sama gi setav i ne gi digav vo race koga ke placea pa naucija mirni da sedat. Moze do tri ipol god si ja vozevme kolickata i super ja iskoristivme za site pari. Najvazno bese deka besr lesna i neglomazna i trkalata lesno i se vozea.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
25.2.2015 18:42:20   
Karma
се пријавувам и јас близначиња две женски родени на 07.10 сега имаме 4 месеци и 20 дена user posted image

_____________________________

2,5 години неуспешно природно, уредни резултати, хормони и проодни канали, олигоспермија кај мм, 4 инсеминации=неуспешни, 1 ИВФ - успешно

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
26.2.2015 14:14:58   
blue_blue
сакав да споделам искуство иако гледам дека другиве близнаци се доста помали па не сум сигурна колку ова ќе им е релевантно, ама ај брзо ќе дојдете на мое user posted image

Заклучив дека за децава е особено важно да не бидат споредувани и дека треба од петни жили да се избегнуваат речениците „види сестра ти како јадеше, ајде и ти“ или „гледај она колку е уредна ти што не средиш“. Овие реченици се токсични...ваљда кај сите деца ама посебно кај близнаци кои постојано се заедно, прават работи заедно и истовремено и постојано се споредувани не само од родителите туку и од средината. Исто така секогаш кога некој ќе ги праша - која од вас е постара веднаш кажувам - исти се, близначки се....на тоа имаш: ама мора некоја да е прва роден...јас, као на шала - у денешно време со царски ги вадат одам двете - во исто време....и тука завршува муабетот...гледам дека ова на онаа што е втора родена особено и значи...таа знае дека сестра е 1 мин пред неа родена ама многу и е важно тоа да не се потенцира бидјеќи константно се споредуваат една со друга и се во вечен натпревар меѓусебен а и за внимание мое и на маж ми. За ова второво заклучив дека е најдобро барем еднаш во неделата (ако веќе не може почесто) секое дете да добие свое време на само само со мене, а и само со маж ми. Значи да прави некоја активност само со едниот родител во која не е вклучен другиот и сестра му. Исто така планирам и да ги запишам на одделни воншколски активности. Ем во времето кога едната е на активност јас можам да имам самостојно време со другата ем секоја ќе си има своја активност со свои нови другарчиња каде никоја нема да ја споредува со сестра и. Мислам дека ова е посебно важно за да се равијат во здрави и самоуверни личности

(Одговор на членот Karma)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
26.2.2015 14:39:24   
Kvisko
blue_blue браво за тебе. Од стручен аспект потполно си во право со начинот на воспитување.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
6.3.2015 9:45:17   
AneLav RR

Ајде почнувам со списочето, ама жени ве молам и искуства споделувајте:
1. Јас user posted image AneLav RR близнаци момче и девојче - 2,5 години
2. Denim -близначиња две момчиња -3 години
3.Nataly86 -близначиња момче и девојче -3,5 месеци
4.Blue-blue-близначиња 2 девојчиња - 6,5 години
5.Twinmama - близначиња 2 момчиња -4,5 месеци
6. mesecina83 - близначиња 2 момчиња - штотуку родени
Женички списоков ни се зголемува user posted image
Ве чекам со повеќе искустваuser posted image

< Поракaта ја уредил AneLav RR -- 6.3.2015 9:50:58 >


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
31.3.2015 22:59:14   
Karma
еве ме мене со стаж од неполни шест месеци...моите две мали сонца...
времето се разубави па сакаме да шетаме, советите на blue_blue ми се пример од самиот почеток кога го правевме инвитрото па се до сега...го искористив нејзиниот совет за тоа како сама да се справам со шетањето и симнување на количката и децата...одличен пример за тоа тоа како да продолжам да бидам независна како и претходно без разлика што имам две мали принцези како одговорност...
двете се различни едната потемпераментна, јаде повеќе и троши повеќе, таа е маза, преде како маче дур се гали, другата е посмирена, одмерена, има насмевка која плени и е многу понезависна...
Сега почнавме да воведуваме и дохрана и сите работи станаа по забавни хахах прлави образи, блузи, рачиња, смешни лиценца ...
Од моментот на раѓање до сега многу ретко имам помош зборам некоја од бабите да е тука, можеби е понапорно но на мене ми изгледа вака полесно...ги викам единствено кога сакам да исчистам темелно или имам обврски...
Знам само дека пола породилно ми помина и уште сега ме фаќа малку страв како ќе биде по моето враќање на работа...дали градинка дали некоја од бабите итн...

_____________________________

2,5 години неуспешно природно, уредни резултати, хормони и проодни канали, олигоспермија кај мм, 4 инсеминации=неуспешни, 1 ИВФ - успешно

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
31.3.2015 23:13:51   
Hopeful RR
Karma, баш те мислев деновиве user posted image
Мило ми е што се е во ред со сите вас, убаво е да се прочитаат вакви работи додека се спремам за моите две сонца user posted image Браво на упорноста и посветеноста, и верувам дека се се постигнува со добра организација и дека помошта баш и не е најнеопходна. Мене ме фаќа језа од такви муабети - спремај војска за помош, сега бабите до тебе и слични муабети на кои не сакам да се фиксирам, така што баш ми даваш надеж дека ете, може user posted image
Како се снаоѓаш со воспоставување ред за јадење и спиење?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Karma)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
31.3.2015 23:45:25   
Melanija RR
Се е до личноста, некои неможат без баби со едно дете user posted image така што подршка за мами и идни мами на близнациuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
14.4.2015 22:51:58   
Karma
Hopeful ме израдува веста дека чекаш близначиња user posted image user posted image
Кај нас постепено си дојде воведувањето на ред, некако пополека ако ноќе станеше едната да јаде ја будевме и другата да јаде и потоа преку цел ден се раниме во исто време за да не се двоумиме кој јадел кој не хаххаа па едното да биде двапати нарането другото не хаха
Ред имаме ноќе се будат еднаш за јадење, преку ден имаме пет оброка млеко АД и дополнително измеѓу оброк добиваат ужина од овошни кашички двапати во ден наутро и претпладне...Дење спиеме по два до три пати по 30мин до еден час ...И навечер сме околу девет во кревет...Спиеме наутро до осум и пол...Утрата ги обожаваме те будат насмевки до уши, преткаат со нозете и раце а кога ќе ги подигнеш од кревет го имаш најмилото мазење...Ги обожавам, тие ми се се, и јас сум најсреќна на светот.
Кашичките постарата (дури три минути ги обожава), помалата не сака па водиме борба user posted image
Постепено се ќе си дојде на свое место, ќе видиш како тие ќе менуваат така ти ќе се прилагодуваш а и нив ќе ги прилагодуваш според твоите обврски што домашни или утре кога би требало здравје да се тргне на работа...
И најважно од се тато мора да се вклучува сразмерно неговите работни обврски доколку се разбира се чувате сами без споменатата војска хаха..

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
14.4.2015 23:08:47   
Karma

Hopeful - На линкот погоре можеш да го видиш моделот на количка што го имаме ние. Ни ја донесоа од Германија за 250 евра, инаку тука во разговор со овластениот дистрибутер чинеше околу 300 евра. Јас сум задоволна од истата веќе ја користиме user posted image

Едит - модератор: надворешни линкови не се дозволени.

Наместо линк, поставувајте слики.
Еве ја сликата
user posted image

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 15.4.2015 11:32:11 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
15.4.2015 11:45:34   
Hopeful RR
karma, баш оваа количка ја барам, малку е скапа, но никој не може да ми ја испорача во Македонија, не знам веќе со кого се не контактирав.
Сега чекам информација дали може да ми ја нарачаат Твикс на Чиполино, која е слична ваква, со големи тркала, па ако не, ќе ти пишам за контакт од дистрибутерот за Хаук.



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Karma)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
13.5.2015 21:34:55   
Karma
никој не пишува веќе цел месец...user posted image се гледа дека сме мајки на близначињаuser posted image user posted image user posted image
полни раце работаuser posted image
ние сме во фаза на излегување на првите запчиња и сме многу нервозни user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
14.5.2015 8:58:04   
nataly86
ОООО Карма не ми зборувај за забчиња...ние за неполна недела два извадивме а баткото чека на ред user posted image user posted image плус кај нас и вирус со температури и секрети па едниот па другиот па пак се вративме на Т со температура сега веројатно од заб бидејки никаков симптом друг нема...
Мама ке user posted image user posted image ама све за љубав user posted image тоа си велам период па ке се издржи

Кај вас како е со забчињата лесно излегуваат?

(Одговор на членот Karma)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
14.5.2015 16:03:58   
Hopeful RR
Еве ја новава мајка на близнаци, пишувам со една рака и држам бебе да цица со друга user posted image Баш е полни раце работа, од одма гледам, ама искрено мислев уште понапорно дека е. Знам дека ми е рано, којзнае што ме чека, посебно кога ве читам со запчињата, ама досега се снаоѓам, фала богу.

На едниот му излегоа неколку гнојанички на телцето - некоја инфекција, па го мачкам со еозин, плус пие цефалексин сируп. Тој е условно кажано помирниот, спие и не зановета, додекапак другиот кенка, сака во раце и сл. Утре сме на контрола па ќе видиме колку грама качиле user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
15.5.2015 11:40:54   
blue_blue
Јас па не пишувам често зошто некако овие проблеми и дилеми со бебиња не ми се во фокус...нели поради возраста на моите деца имаме други предизвици кои се однесуваат на воспитувањето, на никаквиот образовен систем во кои се вклучени, итд...мене периодот кога беа бебиња не ми беше тежок ич, тоа е само физички напорно, ама се се сведува на задоволување на нивни физиолошки потреби и ако добро се организираш (а плус и дома си, не идеш на работа) тоа се си тече...стварно немам видено некоја не знам каква мака во тој период...и јадеа, и спиеа ко што треба (едната после 40 дена сама почна да преспива навечер, другата ја тренирав) и заби извадија без никаква мака...тежок период ми беше од 18 месеци до 3 години кога беа сакам кажам не знам речам, па одвикнување од пелени...а додуше тогаш и маж ми многу беше отсутен со работа и некои други проблеми, па може се ми беше собрано....ама па последниве 2 години многу се захтевни од психолошки аспект...воспитување не е нешто што интуитивно ти доаѓа како на пример ранење или пресоблакање...бара многу енергија и време, многу истрајнсот, нон стоп да читаш, да собираш искуства, да се консултираш со стручни лица за да можеш детето да го насочиш како што треба...е тоа многу повеќе ме исцрпува од ова кога биле бебиња...ама се во свое време, нели?

Hopeful, за среќа близнаците се секогаш такви - едното е помирно и не замара многу, ама другото нон стоп нешто кенка и сака да му одиш по газот...не претрувај со удоволување на кекачот...ништо не му е полошо од брат му, само е повеќе бара внимание и не е толку прилагодлив и флексибилен и најверојатно и цел живот ќе биде така...тоа си е карактер, ама воспитувањето секако игра улога....

А, зото пие цефалексин за кожна инфекција? Имате избрано добар матичен педијатар?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
15.5.2015 17:25:59   
Hopeful RR
Blue_blue, можам да замислам каков предизвик е вистинско воспитување и гледање близнаци, со карактери, па влијание на околина, друштво, меѓусебен однос... овие денови интензивно размислувам на тоа што се ме чека и од тој аспект, и почнува да ме фаќа страв и несигурност дали ќе бидам способна за тоа, и се плашам да не нешто пропуштам кај едниот заради другиот, или пак да не направам или не направам нешто со што ќе ги оштетам (физички, психички, емотивно...) за цел живот. Ај интуиција и спонтаност, но и не е баш така - не можам олако да ги сфатам и да не настапам плански и сериозно. Здравје, бејби степс, сега одам едно по едно па ќе видиме за понатаму. Добро е што не има повеќе тука, вие сите со поголем искуство од мене, па ќе ве гњавам на секое user posted image

Инаку цефалексин му дадоа уште по породување, и денес го прекинува. Бевме сабајле на прва контрола во Систина, и толку се разочаравме - едниот има качено само 50 гр, а другиот, малецкиот, дури 10, и сега се 2150 со 2500. Педијатарот ни препорача сосем поинаков концепт за исхрана, скроз различно од она што ми го збореа сестрите (на секои 2-3ч цицање од 15 мин. и дохрана на растојание од мин. 3ч), и се изнервира дека така ни рекле. Тој е поборник на feeding on demand, односно првиов месец, додека се се уште многу мали, да им давам да јадат на секое нивно барање. Притоа, подојот да почне со цицање од 5-7 минути (се уморуваат и горат калории со цицање) и веднаш потоа дохрана. Ако евентуално не покажат знаци на глад, на 2ч да ги разбудам и да ги нахранам.

Се исфрустриравме со мм, јас се нафурав дека сум лоша мајка и од одма потфрлам, и цел ден сме скиснати по дома. Почнавме од одма со ваков систем, па се надевам дека на следната контрола ќе имаат качено повеќе. Бар да стигнат до некоја нормална тежина и да знаат да цицаат асално, па после друго е.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
20.5.2015 9:41:11   
Karma
nataly86 двете имаат по две запчиња, сакаме да седиме и да стоиме на нозе ама многу...
од топлото почнаа да ми изместуваат истовремено спиење хаха па си имам занимација цел ден...
важно ги пробав два викенди кај бабите на спиење и беа супер без плачки со смеа поминаа (пробно во сезоната за свадби и матурски)
сега се спремаме за на одмор се надевам ќе поминеме добро user posted image
hopeful сега читам новости честитки нека се живи и здрави, само радост да ви донесат...забавата ти е почната user posted image welcome to the club user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
20.5.2015 10:48:26   
Karma
Hopeful RR воопшто немој да се вознемируваш малите го чувствуваат тоа...
Тежината на малите на почетокот мое мислење е нормално да се качува пополека односно тие откако ќе се донесат од болница им треба период на прилагодување во новата средина и во тој период е нормално да изгубат на тежина, па дури потоа да почнат да качуваат по малку, па да стигнат по 250 гр неделно...
Има формула колку би требало во принцип да пие а тоа е по 150мл на еден кг тежина.
Знам дека ти е тешко да израчунаш бидејќи ги доиш но тие се мали и брзо се изморуваат...Јас ги доев и се измолував и мајчино им давав кога и да посакаат, а вештачко на 3 часа... бидејќи немав доволно за двете мајчино...
Сметам дека доењето не треба да го ограничуваш на 1,5 или 2 часа тие се мали се изморуваат и давај им почести подои...Мое мислење а воедно и така бев советувана од моите педијатри..
Водев првите месеци евиденција колку испило и на тој начин некако успеав уште втората недела откако се вративме од болница да качиме по 250гр.
Јас ги родив мали 1800и 2000.
Не се секирај...не сме лоши мајки ние сме најхрабрите мајки...Го можеш ти тоа user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
20.5.2015 14:15:16   
blue_blue
Значи преку глава ми е од многу паметни доктори. Нека дојде бе он нек дои близнаци кога ќе посакаат па да го видам...аман више со тие демагогии...што треба мајката да умре за да цицале децата? не качувале доволно, знаел тој...кое дете бе не качило на тежина и не напредувало? има ткаво? (освен ако не дај боже има здравствени проблеми ама тоа е веќе друга прича)....значи само паметни да се праеле ич да немаат осет за мајката која и онака е многу чувствителна во тој период....

Hopeful RR, ич не го есапи и ич да не си се замарала со глупости дека си потфрлила како мајка....тоа се деца, секоја нормална здрава права мајка знае инстинктивно да им ги задоволи физиолошките потреби на децата....направи онака како тебе ти одговара за да бидат децата сити и ти одморена. Јас никад не би будела дете за да цица, ако е гладно ќе се разбуди само...моите се случуваше некои денови да спијат и по 7 саати у континуитет...и што? да не умреа за јадење...ако се глади ќе осетиш, ќе плачат, нервозни ќе се...плус ќе знаеш колку долго цицале и дал влечат, се осеќа тоа бе! ама од кај ќе знае маж доктор што никад не доел....и вештачко само ке накачиш ако треба, како и што си видела дека треба сами бараат уште, плачат, гледаш дека сака да јаде, вое ден здив го пие шишето...тоа исто дека биле мали па не знаеле да влечат ми е дрн, дрн...ене моине ем мали, ем со вешташка брадавица па цицаа..ништо не им беше...некогаш се случуваше да нејќе едната ич да цица, се трга, плаче па фино лепо и дававме само АД...и така...на 3 месеци веќе ми беа само на 4 јадења (цицанње, па АД) во 24 сааати зошто ноќта ја преспиваа. И не мислам дека јас кој знае што сум направила, само не слушав баби, лекари итд... не ги ни носев на мерење (Само првиот месец во Ремедика додека не дојдоа до 3 кг за да примат вакцина против туберкулоза)...после баш ми беше гајле колку качуваат, гледам дека се здрави, прави, весели и ништо не им фали, па знаеш колку ми беше гајле дал качиле по шемата на педијатарот ил не....ајде, не се нервирај ти најарно знаеш што е добро за нив.

(Одговор на членот Karma)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
20.5.2015 16:46:54   
Hopeful RR
Девојки, фала на поддршката. Не дека докторот измислува глупости, напротив - тоа што ми го кажаа патронажните ги помати сметките, едноставно не може да се форсираат децата да цицаат по 15 мин, повеќе трошат калории со тоа и дамбетер паѓаат во тежина. Плус, муабетот за АД на 3ч не држи вода - се случуваше да седеа гладни, не цицаа доволно пошто се уште немам доволно млеко, и чекавме да поминат 3ч за АД...

По промената на хранењето, бевме на контрола и качиле секој по 150гр, што е супер. Плус, приметив дека беа помирни, подобро спиеја и не беа така нервозни. Мислам дека плачење како сигнал за глад е доцна, заклучив дека за моите подобро е да ги фатам порано, кога отвораат устиња и плазат јазичиња - ем не се прегладнети, ем се помирни.

Продолжувам да давам града + АД по желба денски, и ноќе на до кај 3ч. Се фаќа и повеќе понекогаш, но сепак подобро ми е да планирам отколку да се откорнат од плачење сред ноќ, а јас и мм во бунило да не знаеме што попрво да правиме. Исто така, не сакам да ги изгладнувам затоа што тогаш пребрзо го пијат АД шишенцето па повраќаат и пак од почеток. Гледам да качат до кај 3кг, па ми се чини подруго ќе биде, и ќе цицаат повеќе и полесно, и други се рачуниците за тежина тогаш.

Почнав да се измолзувам и да комбинирам измолзено млеко наместо цицање, посебно кај помалиот, кога му е тешко да цица. Се гледа дека сака, гладен е, се труди, ама не му оди, се уморува и тешко му е. Му дадов во едно шишенце мое млеко, потоа АД и се беше ок. Се надевам дека со измолзувањето ќе ми се подобри и текот на млекото и дека ќе има доволно бар за еден цел подој и за двајцата, па да се менуваме со мм на смени ноќе - да не мора јас да станувам на секое. Има ли шанси да останат само на мајчино млеко, сеедно дали со цицање или молзење, и да престанат со АД? Искрено, радо би се молзела однапред само да не мора да го правам АД-то, башка трошокот е астрономски...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
24.1.2016 11:13:51   
Hopeful RR
Гледам некако слабо активност на темава, мајките на близнаци имаат полни раце работа user posted image

Морам да пишам да ве прашам за неколку практични работи:

- Што правите кога се будат меѓу себе бебињата ноќе? Моите спијат во посебни креветчиња, и понекогаш се случува едниот кога ќе заплаче да го разбуди и другиот, и се така наизменично. Ноќеска до 2 саат игравме оро и веќе се здивевме со мм. Какви се вашите искуства со ова?

- Што правите кога сте сами со близначињата, и има кризна ситуација - плачат, паднало, двајцата гладни... Јас се трудам да проценам кој е во поголема криза и одам кај него а другото го оставам да почека, макар и плачело. Звучи брутално, но не гледам друго решение. Кај вас како е?

- Како ги храните, двете паралелно или последователно, и како мерите кој колку изел? Јас ги седнувам во хранилки еден до друг, и им давам наизменично по една лажичка од една чинија. Се трудам да јадат горе доле исто, ама реално никогаш не можам да знам.



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
24.1.2016 12:16:58   
nataly86
Еве јас да кажам како се справувам со дадените ситуацииЧ

Прво за кратко време ке престанат да се будат еден од друг...барем кај нас така е сега..од сам старт кај нас некој е понемеирен ноке само се менуваат улогите..ако гледаме со соругот дека другото почнува да се буди ова немирното со еден од нас се дислоцира ходник друга соба..јас од кога ке легнат секое наредно плачење сум се трудела одма да смирам и презаспоијам...сега во периодот Т е понемирна ноке станува плачи некогаш и во сон но Д спие..

Исто и јас завии кој е позагрозен тој добива внимание.....сега бидејки одат седнувам на под и групно гушкање...

Во однос на јадењето исто и ние во хранилки една чинија една лажица..на почеток ставав во две заради прегледност кој колку изел со потоа почнав од една..наизменично јадат и гледам горе долу исто...со тек на време ке видиш дека едниот близнак ке јади повеќе..Кај нас Т најчесто ја молиме а Д јади без проблем..

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Мајки на близнаци - совети и искуства
24.1.2016 22:43:51   
AneLav RR
Да одамна не сме пишале на темава...
Во однос на кризните ситуации нели секогаш реагираш на тој што е во поголема опасност. За смирување и двајцата сум ги зимала во скут да ги гушкам кога ептен ќе се раздразнеа.
За хранење ќе ги пробаш сите варијанти. Од почеток ги ранев еден по еден прво во релаксатор пред 6 месеци кога уште не смееја да седат, а подоцна во хранилки. Секако прво го ранев синко тој не беше трпелив за ништо. Покасно и дунда почна да се буни па ги хранев најизменично и обавезно секој пред него си имаше свое тањирче и свое лажиче, не само заради прегледност кој колку изел туку некоја навика да се стекне. Сега секој си го знае своето тањирчње и своето шише и својата чаша. Верувај ми се приметуваат и исти да им се шишенцата по нешто знаат кое чие еuser posted image
За спиење не се будеа еден со друг ама ми беа од прилика истренирани во исто време да спијат да јадат ,дури понекогаш во исто време и какааuser posted image смешно нели ама така беше. Моите спијат во еден кревет голем карши карши и не се случило да се будат еден со друг. Се разбира едниот спие помирно другиот се врти и збори (синко),ама па дунда потешко заспива од него.Ќе се синхронизираат ептен окулу годината да знаеш ,ама прави им се во исто време. Сепак се две различни човечиња но навиките им се наметнуваат и така ќе им се усогласат.user posted image

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?