Мајки на близнаци - совети и искуства (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе

Порака

AneLav RR -> Мајки на близнаци - совети и искуства (2.7.2013 9:09:17)

Темава ја отварам бидејќи многу малку можам да најдам теми за близначиња, од прв ден дома па и во понатамошниот нивен раст и развој. Затоа сакам ние мајки што имаме близнаци, па и оние што ќе имаат да споделиме искуства од најосновните работи како ги чуваме, негуваме, со помош без помош, како ги бањаме, храниме, воспитуваме итн... Ќе си помогнеме едни на други, а и ќе им помогнеме на оние што ќе имаат близначиња.

sandriana RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (2.7.2013 9:37:47)

Браво Анелав за темава - сигурно ќе биде корисна за многу идни мамички на близначиња.
На оваа тема има РР Статија, па еве, ако сакаш сподели и ти колку од сето ова го помина, колку има сличности со вашето секојдневие.

Mihaela 2010 -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (2.7.2013 10:05:10)

КАКО БЛИЗНАЦИТЕ ДА СПИЈАТ ВО ИСТО ВРЕМЕ?
Објавено на: 20.03.2012

Веројатно милион пати сте чуле - со близнаците неволјата се удвојува, но и забавата. Меѓутоа, тешко е да се запаметат забавните моменти кога еден од секојдневните проблеми со кои се соочуваат родителите што имаат близнаци или повеќе деца родени истовремено е како да се натераат бебињата да спијат истовремено.

НА СПИЕЊЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ

Да воведете истовремен распоред на спиење на новороденчињата претставува многу важен потег, кој и вам ќе ви даде малку простор за одмор. Ако вашите близнаци спијат во различно време, тоа значи дека постојано ќе биде будно едно од нив или двете што ќе ве преморуваат.

СМИРУВАЧКА РУТИНА НА ЛЕГНУВАЊЕ

Воведувањето смирувачка рутина за во кревет, како топла када, приказна за добра ноќ или неколку минути гушкање, масирање на грбот и тивок разговор, ќе ви помогне да ги подготвите вашите близнаци за спиење. Ако се држите до секојдневната рутина, вашите бебиња наскоро ќе го научат сигналот што значи смирување и одење во кревет.

ЗАВИТКАЈТЕ ГИ

Стариот обичај за завиткување на бебињата во меко ќебе им помага да се чувствуваат безбедно и смирено. Меѓутоа, не ограничувајте се со ќебиња. Може да ги завиткате бебињата во маичка или во горен дел од пижами, која тукушто сте ја соблекле, така што ќе им направите топла атмосфера во која ќе го чувствуваат и мирисот на вашето тело.

ВО КРЕВЕТ КОГА ИМ СЕ СПИЕ

Научете ги самите да заспиваат овозможувајќи им сонот да им дојде во креветчето - наместо да ги успивате во раце, а потоа да ги ставате во кревет. Многу педијатри не препорачуваат да ги нишате бебињата пред да паднат во сон бидејќи кај нив може да се развие условен рефлекс дека тоа е знак за заспивање.

ДА НЕ СПИЈАТ ЗАЕДНО

Бебињата чувствуваат удобност кога се допираат меѓусебно, а близок физички контакт ги смирува. Тие ќе лазат еден кон друг, ќе се гушкаат, па дури и ќе ги шмукаат дланките на другиот. Никој не може да каже до која возраст треба да спијат заедно иако обично се препорачува до тримесечна. Кога ќе ги одделите во посебни колепки, овозможете им да се гледаат.

ПРВО УСПИЈТЕ ГО МИРНОТО БЕБЕ

Ако еден од близнаците е погласен, а другиот е посмирен, може да паднете во искушение прво да се обидете да го успиете плачкото. Меѓутоа, советниците советуваат да го практикувате обратното. Тие објаснуваат дека постои опасност мирното бебе да не го добие потребното внимание. Пред да се фокусирате на „врескачот“, осигурете се дека тивкото бебе е средено и сместено. Не грижете се дека еден од близнаците ќе се разбуди пред другиот. Најголем дел од близнаците не реагираат на плачот на нивното братче или сестричка, дури и ако се во иста просторија.

БЛИЗНАЦИТЕ СПИЈАТ ЦЕЛА НОЌ

Педијатрите тврдат дека шемата на спиење често зависи од тежината на детето, а не од возраста. Идентичните близнаци обично истовремено почнуваат да преспиваат преку целата ноќ. Кај двојазичните близнаци шемите за спиење може да се понезависни, особено ако се со различна големина или темперамент. Еве и еден мал совет: ако едниот близнак заплаче навечер и сака да јаде, разбудете го и другото бебе.

БЕЗ БУДЕЊЕ НОЌЕ

Тоа може да го изведете така што ќе се обидувате да обезбедите што посмирена атмосфера. Собата нека биде благо осветлена, а во текот на ноќта не играјте со децата и не разговарајте со нив, освен ако не е неопходно. Може да ги учите самите да се смируваат така што ќе им дадете по една мека играчка или ќебе со кои ќе заспиваат. Тие предмети ќе им помогнат на децата повторно да заспијат.

ДНЕВНА ДОЗА ГУШКАЊЕ

Не плашете се дека ќе ги разгалите бебињата со претерано практикување на овие нешта додека се будни. Цуцлата е одличен начин да се задоволи бебешката потреба да цица. Некои истражувања покажале дека татковците, со нивните големи раце и силна, нежна прегратка, често може да ги смират децата, дури полесно и од мајките.

ПЛАЧОТ ДА НЕ ВЕ РАЗОЧАРУВА

Понекогаш бебето плаче попладне или навечер, и тоа без некоја одредена причина. Обидете се да го смирите со секоја техника што ќе ви дојде на памет: топла када, масажа, завиткување во ќебе, мирна музика, клацкање и слично. Побарајте помош од пријателите и семејството или, пак, најдете професионалец што ќе умее да го смири плачот. Запаметете, кај најголем дел бебиња плачењето престанува кога ќе наполнат три месеци, затоа издржете јуначки.

ОДДЕЛНИ СОБИ

Како што вашите близнаци растат, сe почесто ќе се случува, наместо да спијат или да дремнуваат, времето да го користат за игра и за разговор. Некои родители откриваат дека доделувањето посебна соба на секој близнак ќе ги скрати ноќните активности и секој член на семејството ќе добие можност за одмор.

Eve bidejki nemam bliznaci,moze se sto ke najdeme za bliznaci,site soveti da gi stavame ovde
Se nadevam ke bide od korist

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (2.7.2013 10:05:31)

Не знам од каде да започнам... Ајде од почеток, од самата бременост.

Модератор: Постот за текот на бременоста е префрлен ТУКА

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (2.7.2013 11:22:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Ќе одам по ред и ќе ви кажам дали навистина е така:
1.Без никој да ми каже пртпоставив , а и логично нели ако ми спијат во исто време ќе имам повеќе време да завршам други работи.
Па така уште од прв ден, преку ден ако заспиеше едниот го успивав и другиот, па тоа им стана некако навика.
2-3.Навечер почнав уште од прв ден да ги бањам во исто време почнувавме некаде во 20:30 ч до 21:30 максимум беа веќе заспани.
Навечер само им го давав млекото после бањање и ги легнував ги галев и заспиваа. обавезно кога ќе им го давав веќе млекото правев атмосфера со пригушено светло, бидејќи тие нормално не раликуваат на почеток што е ноќ а што ден.И тоа им стана навика, навечер не ги нишкам воопшто.

4. Не ги виткав ги покривав со лесна памучна прекривка бидејќи се родени на 30-ти мај и беше топло.
5. Преку ден морав да ги нишкам за да можам да ги заспијам двајцата во исто време и тоа им остана како навика. Сега спијат по 2 пати преку ден но морам по 5-10 мин да ги понишкам. А навечер не, ги легнувам и сами си заспиваат уште од прв ден.
6. Заедно спијат од кога се родени и на почеток спиевме во дневна, полесно ми беше за подготовка на млеко, инаку спиеја двајцата на фотелја , ги собираше[sm=smiley1.gif]. Кога веќе не ги собираше на фотелјата се преместивме во детската соба која ја направивме како за големи деца нормално на едниот кревет направивме огради, а другиот кревет е фиока и јас спијам на него.
7. Јас прво го успивам плачкото, ова се однесува за преку ден, навечер немам проблем. А потоа ја заспивам сестра му бидејќи таа има трпение да почека. Обично не реагираа на плачот едниот на другиот некако си беа навикнати.
8-9. Цела ноќ почнаа да ја спијат пред еден месец значи окулу годината без да бараат млеко така одлучив затоа што се будеа и двајцата окулу 6:30им давав млеко и потоа потешко заспиваа уште еднаш. Инаку на почеток почнав така ако се разбудеше едниот му давав млеко и на другиот па почнаа да се будат во исто време. На почеток ми се будеа по 3 пати во ноќта потоа постепено се сведоа на 2 пати, па на еднаш и сега веќе не се будат.
10-11. Ги гушкаме и им даваме внимание колку што можеме, обично цуцлата ни врши работа многу посебно за синко кој бара повеќе внимание уште од почеток, такво си е детето(маже, плачко)[sm=smiley1.gif]
12.Одделни соби можеби ќе им направиме кога ќе влезат во пубертет кога ќе им треба поголема интима еден за друг, сега за сега си спијат заедно и си се ѕиркаат дали се тука, меѓу нив ставам перничиња затоа што сега синко оди кај сестра му и ја чепка, ми е страв да не се повредат ако не ги видам. Не дека секогаш му сметаат перничињата си ги прескокнува и пак оди кај неа, а таа му се радува и таа го чепка, сега веќе стануваат многу интересни.

sandriana RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (2.7.2013 22:56:43)

ТУКА имаме тема за текот на бременоста и породувањето на мајките со близначиња, и за првите обиди за организирање на времето и обврските.
А во оваа тема, може да се споделуваат искуства од секојдневието, решавање на дилеми и проблеми, едноствно да следиме како растат и се развиваат близнаците (двојки, тројки, четворки, сеедно )[sm=smiley1.gif]

Mihaela 2010 -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (4.7.2013 9:03:25)

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА БЛИЗНАЦИТЕ

Без разлика дали се еднојајчани или двојајчани, близнаците се свет за себе, а за нивната посебност сведочат и голем број занимливости поврзани со нив.

За порастот на близнаците во последнава деценија воглавно е „одговорно“ вештачкото оплодување. Но, истражувањата покажаа дека на зачнувањето на близнаците влијаат и годините на мајката, нејзината висина и тежина, хормонската терапија, генетиката..

Една од 80 бремености е бременост со близнаци
Бројот на еднојајчани близнаци изнесува од 3 до 5 на 1.000 родени деца, додека зачестеноста на двојајчаните близнаци кои се родени од природна бременост варира од 4 до 50 на 1.000 бремености.

Како одраз во огледалото
Еднојајчаните близнаци си се едниот со другиот одраз во огледалото. И отпечатокот на прстите и забите кај таквите деца ретко е слично иако се чини токму спротивното.

Близнаци со различна боја на кожата
Близнаците од кои еден е црнец, а другиот белец, се раѓаат еднаш во годината, но во иднина тоа почесто ќе се случува. Др. Џим Вилсон, генетичар, вели дека идните татко и мајка им даваат 50% од нивните гени, првата генерација на потомци на родителите од различна раса сигурно ќе биде мешовитата раса. Со оглед на тоа дека секое 10 дете е мешовита раса, тоа значи дека во иднина ќе има повеќе близнаци од кои едното ќе биде бело, а другото црно.

Момчињата доминираат
Во светот има повеќе близнаци отколку близначки, но оваа статистика се менува во корист на девојчињата кога се во прашање тројки.

Јазикот на близнаците
Се претпоставува дек 40% од близнаците развиваат свој сопствен јазик, разбирлив само за нив. „Јазикот на близнаците“ обично се развива во втората година, а настанува така што еден од близнаците создава незрел и патолошки говор со другиот, поради што и двајцата зборуваат погрешно, но меѓу себе се разбираат.

Близнаци левичари
Скоро 22% од близнаците се левичари, за разлика од останатиот дел од oд популацијата, од кој само 10% се левичари.

Туркањето започнува уште во стомакот
Современата технологија, која овозможила снимање на близнаците во стомакот на мајката, покажа интересен факт: тие се забавуваат но и туркаат уште пред да се родат.

Најмногу близнаци им припаѓаат на црната раса
Помеѓу расите постои разлика во зачестеноста на близнаците: кај белата раса, се раѓаат близнаци на 90 породувања, кај жолтата раса три близнаци на 1.000 породувања, а кај црната од 30 до 40 близнаци на 1.000 породувања.

Еднојајчани и двојајчани близнаци
Основните факти поврзани со близнаците говори дека близнаците со различен пол се секогаш двојајчани, а еднојајчани близнаци секогаш се со ист пол. Се смета дека раѓањето на еднојајчани близнаци е случен феномен, а раѓањето на двојајчаните - резултат на поголем број на овулации. Исто така, двојајчаните близнаци се раѓаат во семејства во кои, особено од страната на мајката, имало повеќе бремености на близнаци.

Жените кои носат близнаци се поздрави
Новите истражувања покажаа дека мајките кои по природен пат родиле близнаци живеат подолго од другите мајки затоа што генерално, физички се појаки, поздрави и поиздржливи. Тие, исто така, имаат подолг репродуктивен животен век, потребно им е помалку време за опоравување од бременоста и во просек имаат повеќе деца, тврдат истражувањата од Универзитетот во Јута.

Eve nesto sto najdov sabajlevo

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (4.7.2013 9:18:23)

Ова го имам прочитано сепак блсгодарим. А во однос на близнаци во семејтвото да, мајка ми и ма брат и сестра близнак(тетка и вујко), а мојата прабаба исто од на мајка ми страната родила тројка но во тоа време не можеле да преживеат, живееле само 3 дена.
А за посебен јазик, да уште од сега нешто си брборат и си се смеат еден на друг, не ги разбирам ништо ама на нив им е интересно.
А кај се мајкиве на близнаци само јас ли имам близнаци?????

sandriana RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (4.7.2013 11:36:49)

А кај се мајкиве на близнаци само јас ли имам близнаци?????

Не си само ти Анелав [sm=smiley1.gif]
blue_blue исто е мајка на близначиња, од поактивните членови, колку што знам јас. А кај и да е ќе се јават и новопечени мамички [sm=smiley1.gif] iviv e при крај веќе со бременоста.

Felly RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (4.7.2013 13:52:05)

A и Nate 76, баш пред некој ден пиша една членка дека се породи - близначиња, машко и женско. Ајде АнеЛав, ти пишувај во темава па тамам ќе им дојдат искуствата на новите мамички со близначиња.

denim -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (14.7.2013 2:56:00)

Jas imam bliznaci (vo septemvri ke polnat 3 god) i mnoooogu se palavi [sm=bravo.gif]. Maski se i totalno se razlicni, samo po "beljadzilakot" se isti[sm=jezicek.gif] Inaku od prv den gi legnuvam vo isto vreme, jadat vo isto vreme, gi banjam vo isto vreme ... i tie samite se naviknati da funkcioniraat zaednicki vo se.

vezilka RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (14.7.2013 10:02:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: denim

Jas imam bliznaci (vo septemvri ke polnat 3 god) i mnoooogu se palavi [sm=bravo.gif]. Maski se i totalno se razlicni, samo po "beljadzilakot" se isti[sm=jezicek.gif] Inaku od prv den gi legnuvam vo isto vreme, jadat vo isto vreme, gi banjam vo isto vreme ... i tie samite se naviknati da funkcioniraat zaednicki vo se.

Ќе бидам офтопик, ама само да те поздравам, оти одамна те немам видено. [sm=smiley31.gif]

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (30.9.2013 10:16:11)

Малку сте ми ја заборавиле темава не знам за што би пишувала кога би се активиралењ повеќе мајки на близнаци би имале за што да дебатираме со прашања и одговори[sm=smiley1.gif]

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (16.11.2014 13:44:25)

Знам дека имаме повеќе Рингерајки кои имаат близначиња. Па ајде жени каде сте? Сте ми ја подзаборавиле темава. Ајде да направиме список на сите што сме Мајки на близнаци.

nataly86 -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (16.11.2014 14:04:35)

Еве се пријавувам!!!
Мајка на близнаци- машко женско стари 3,5 месеци

Ајде други мамичкиии

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (17.11.2014 12:09:58)

Ајде почнувам со списочето, ама жени ве молам и искуства споделувајте:
1. Јас [sm=smiley1.gif] AneLav RR близнаци момче и девојче - 2,5 години
2. Denim -близначиња две момчиња -3 години
3.Nataly86 -близначиња момче и девојче -3,5 месеци
Чекам да се зголеми списоков и да се споделуваат искустава [sm=smiley1.gif]

Twinmama -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (26.1.2015 20:42:31)

Еве и јас се пријавувам во клубот на мајки на близнаци.
Две машки :) имаат 4,5 месеци.
Групава оддамна не е активна ама се надевам тука се мамите, па ќе споделиме искуства.
Ние сега за сега, заедно јадеме и заедно заспиваме.
Преку ден, најчесто во транспортер со клацкање, навечер секој во свое креветче со цуцлата :)
Нормално и кај мене, едниот е плачко и позахтевен, другиот е мирен. Плачкото мора да му посветам целосно внимание додека да заспие (преку ден обавезно да го нишам во транспортерот, навечер да го чешкам по главата), а мирниот си заспива сам (навечер во креветче со цуцлата си заспива сам, преку ден повеќе сака на кревет да си заспие покриен со ќебето преку глава).
Кај плачково ми е проблем што не ја држи цуцлата долго време, ќе ја фати и за 3мин ми ја плука и со тоа се буди.
Ми иде да му ја врзам :)))
А другиот без проблем си ја држи па ако сака и цела вечер :)
Моиве у раце не се занишкани и не се заспани во раце, а ниту ги оставам да заспијат додека цицаат...од почетокот така и знаат дека е тоа место за јадење, а не за спиење. Освен навечер кога ќе се разбудат за цицање, нормално спијат и цицаат и после само ги врќам во креветче.
Јас ги легнувам покасно, накај 23:30 и мирниот ја преспива цела ноќ речиси од бебе, а плачкото има едно будење накај 5ч и уште едно накај 8ч и после заедно стануваат во 10ч.
Овие денови плачково ми е малку пореметен со спиењето полесто се буди ама се надевам ќе се врати на нормала (бидејќи вака честото будење го препишувам на тоа што беше болен, моравме да лежиме во болница, па боцкање, инфузии и малку е исплашен и истрауматизиран)
Кај нас сега за сега е вака, ајде мами ако сте тука, да си споделиме уште некое искуство.
Како ги чувате, сами или ви помага некој? Јас сега за сега сама ги чувам до 16ч после си доаѓа сопругот ама мислам дека во скоро време ќе морам да барам жена :)

blue_blue -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (27.1.2015 11:00:38)

Twinmama, еве јас на форумов пошто сум изгледа со најголемо искуство (девојчина 6 ипол години - првачиња) да те пофалам дека сте направиле рутина која е есенцијална за да се функционира со близнаци. Голем дел од работите кои си ги пишала и јас ги имав востановено, точен ред на доење по кое следеше дохрана, легнување малку подоцна за да се преспива цела ноќ и не клумкање во раце. И моите запсиваа во креветче со тоа што и кај мене едната е манлку по специфичен карактер. Не би рекла плачка, ама по захтевна е зошто си има свои многу специфичен начин на размислување. Другата си е типично дете и сите детски ствари си функционираат на неа и полесно ми е. Но, пак оваазахтевнава ми е константен предизвик да учам, да вежбам трпение и преговарчки вештини што не ми е јака страна. Има зошто универзумов ми ја пратил баш неа. Инаку, за мене најлесен период беше овој во кој си ти сега – бебиња до некои година ипол. Од тогаш то три ипол ми беше смрт – сакам кажам не знам речам, константни преговарања, расправии....Градинка, по некое разболување, баби по дома....ужас...Вистински почав да уживам со децава од нивни 5 години...И станува се подобро...Зимава се изнауживавме на скијање (лани прв пат беа на скии)...Инаку по однос на детето што ти се буди за доење/млеко можеш да го решиш на следниов начин. Секој пат кога ќе ти се рабуди не му давај одма да цица/да пие млеко туку некои 5-10 миниту занимавај го – дај му цуцла, збори му дај му некоја мека играчка....не го земај од кревет, биди со него, ама не му давај да јаде. После 5-10 мин (ти ќе оцениш точно колку ама да не е никако помалку од 5 мин) дај му да јаде. Вака прај една недела. Следна недела зголеми го времето на недавање јадење за уште 10 мин. И така постапно. Ќе видиш дека детето ќе се буди покасно. Ќе дојдеш до 1 час покасно будење и после зголеми на недавање јадење за 20 мин..терај така додека не прекине да се буди скроз односно додека не преспива целёа ноќ. Процесов е малку макотрпен зошто најлесно е кога ќе викне да му дадеш да јаде ама од некои 4 месеци веќе немаат физиолошка потреба да јадам навечер (нит да пијат) па се будат од навика. Со ова ти им ја поместуваш навиката се додека не ја снема. Пробај, функционира – проверено е. Кој пробал и не се откажал ги видел благодетите долгорочно на преспивање на дете цела ноќ. За секоја мајка, а посебно за мајка на близнаци е пресудно да биде наспана. Кога е уморна, раздразлива е и не е добра ни за себе ни за децата, ни за околината. Така да преспивање цела ноќ уште од најмала возраст мислам дека е многу важно. Кај мене едната сама прекина да се буди после 40 дена (таа специфичната), а другава која е многу пофлексибилна ја тренирав на овој начин. Така да моите преспиваат цела ноќ без доење/пиење/јадење од 2 ипол месеци. Кога беа поголеми – некаде од годинка одтприлика им ставав во кревет чашка со вода од оние што не капат на NUK и ако се буделе преку ноќ ваљда си пиеле водичка, знаат дека им е во кревет...

Што се однесува до заспивање на цице мислам дека тоа е најлоша навика која може да се содзаде кај бебето. Докажано е дека сите луѓе се будат во текот на ноќта и кога ќе се разбудат имаат вроден инстинкт да проверат дали местото кај што спијат е истото место кај што заспале и дали околинат и условите се исти. Ова било неопходно кога се живеело во пештери, со оган, со опасност од диви животни па ни е природен инстинк за прежививување и одбрана од опасности. Е исто прави и бебето – се буди и кога ќе види дека околината не е иста односно не е кај мајка му во раце и со цицка у уста уклучува аларам...и сака да биде одма во истата околина кај што заспало. Затоа е неопходно да се спушти во кревет сонливо, но не заспано и да му се даде ќебенцето, играчката – може и цуцла. Имав и јас цуцли ама тие се малку меч со две острици, многу тешко се откачи од цуцла таа лесната – што си ја прифати одма цуцлата и си ја држеше во уста. Хорор филм беше кога и ја земавме на некои 2 ипол години (ја користевме само за спиење). Плачеше до згушување (а она скоро никад не плаче така) и на крај веќе не знаев што да направам па и понудив да земе играче од оние што ги имаше кога и раснеа заби и да го грицка во уста дур да заспие. И тоа некако упали....
Ете тоа е моето искуство за оваа возраст. Мислам дека до сега супер сте се орагнизирале. По однос на помош, мене ми требаше помош за чистење, ручек и за пружање и собирање веш, за пеглање. Значи за домашни работи, а не околу децата. Имав жена која ми доаѓаше секој ден од 2 до 6 попладне и тоа многу ми значеше. Таа сите куќни работи ги работеше, ќе пресоблечеше и некое дете, некогаш ќе спремеше млеко...обавезно миеше и стреилизираше шишиња. На почеток – првите 2-3 недели доаѓаше и свекрва ми најмногу за некој ручек да напраи и понекад и ги давав децава да ги прошера у количка за јас да кулирам. Потоа доаѓаше понекогаш – колку да си има и она занимација и кога јас сакам да излезам да с епрошетам на некој саат па таа ги чуваше децата.
Околу јадење мој совет ти е да не ги научиш на сокови – нема аир од нив. Одма почни со замена на млечен оброк со кашичка од мороков варен на пеареа или ако тоа не го сакаат јаболко малку варено на пареа и испасирано. Ќе си напраиш услуга да не се навлечат на сокови од кои освен шеќер друг аир нема (ова секако не се однесува на сокови цедени во соковник). Од мене за овој пост толку....ако треба било што во наредните фази на развој со задоволство ќе споделам мое искуство

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (27.1.2015 11:21:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Twinmama

Како ги чувате, сами или ви помага некој? Јас сега за сега сама ги чувам до 16ч после си доаѓа сопругот ама мислам дека во скоро време ќе морам да барам жена :)

Twinmama прво ти посакувам среќа во чувањеѕто на близначиња, навистина бара многу енергија и правилна организација на обврските. Инаку во однос на твоето прашање сакам да ти кажам дека воглавно сама си ги чував. Жиеам во друг град моите можеа да ми помагаат еднаш во месецот да дојдат на викенд или сл. Свекрвата доаѓаше по некој саат до 40 дена -никаква помош, ни по дома ни во однос на домашните обрски, ништо. ММ доаѓаше од работа после 17 часот. Видов дека морам сама да се организирами тоа и го направив. Најубаво ти е да се научиш сама да функционираш за да не зависиш од други. Убаво е да имаш помош но каква и да е помошта никој не може 24 часа да биде со тебе. Запомни мајки што имаат близнаци имаат сила, можат и умеат да постигнат ама баш се со вистинска и правилна организација. [sm=smiley1.gif]

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (27.1.2015 11:27:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Ајде почнувам со списочето, ама жени ве молам и искуства споделувајте:
1. Јас [sm=smiley1.gif] AneLav RR близнаци момче и девојче - 2,5 години
2. Denim -близначиња две момчиња -3 години
3.Nataly86 -близначиња момче и девојче -3,5 месеци
4.Blue-blue-близначиња 2 девојчиња - 6,5 години
5.Twinmama - близначиња 2 момчиња -4,5 месеци
Чекам да се зголеми списоков и да се споделуваат искустава [sm=smiley1.gif]

Blue-blue ти засега си со најголем стаж во чување на близнаци[sm=smiley1.gif]Можеме многу да научиме од тебе.[sm=smiley1.gif] Пишувај се за се што ти било спесифично и тешко во нивното чување многу ќе ни биде од корист на сите.

Hopeful RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (27.1.2015 11:34:34)

Мајки, ве читам и добивам се поголема самодоверба дека со добра организација и одлучност на мајката, се се постигнува.

Во ситуација во која сите од страна ми зборат дека близнаците мене ќе ме стројат и дека нема да можам да се справам сама со нив, вашите зборови се баш тоа што ми требаше, од конкретни искуства и методи до ставот дека фамозната помош и не е до толку неопходна. Ние со сопругот сме одлучни дека сакаме да правиме се сами, и да го минимизираме бапскиот фактор, освен за нормално дружење, со тоа што и за готвење не е проблем бидејќи кај нас тој е тој што е задолжен за кујната, така што мислам дека ќе бидеме ок.

Продолжете да пишувате, со задоволство ве читам и здравје, од пролет ќе ви се придружам со поконкретни муабети, прашања и искуства [sm=smiley31.gif] Инаку, на списокот додадете ја и Karma, која од пред некој месец има две девојчиња и е малку понеактивна на РР, но сигурна сум има искуства за споделување.

AneLav RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (27.1.2015 11:51:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Ајде почнувам со списочето, ама жени ве молам и искуства споделувајте:
1. Јас [sm=smiley1.gif] AneLav RR близнаци момче и девојче - 2,5 години
2. Denim -близначиња две момчиња -3 години
3.Nataly86 -близначиња момче и девојче -3,5 месеци
4.Blue-blue-близначиња 2 девојчиња - 6,5 години
5.Twinmama - близначиња 2 момчиња -4,5 месеци
6. Karma - Близначиња - 2 девојчиња - 2 месеци
Чекам да се зголеми списоков и да се споделуваат искустава [sm=smiley1.gif]

Blue-blue ти засега си со најголем стаж во чување на близнаци[sm=smiley1.gif]Можеме многу да научиме од тебе.[sm=smiley1.gif] Пишувај се за се што ти било спесифично и тешко во нивното чување многу ќе ни биде од корист на сите.

Hopeful RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (23.2.2015 13:01:51)

Девојки, пишувам овде затоа што претпоставувам дека имате конкретно искуство и совет во врска со она што ме интересира, бидејќи со близнаци е малку поинаку [sm=smiley36.gif]

Од сите модели близначки колички што ги гледам, ниедна нема транспортери, а како што ми кажаа едни дистрибутери на Чиполино, нивните дури немаат ни можност да им се монтираат. Прашањето ми е - како се снајдовте со тоа? Дали е можно да функционираат одвоено (знам дека единечните колички имаат систем за да се стави транспортерот во количката), дали во прво време ги носевте бебињата само во транспортери, а дури подоцна во количка, или како?

blue_blue -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (23.2.2015 13:50:14)

Јас имав траспорети кои си седеа во кола најголем дел од времето и количка дупла како чадорче од Mothercare која е од 0 месеци односно има легната позиција скроз, така да не ми требаше никогаш друга количка. Не гледам зошто мора транспортерот да се става на количка? Таквата количка е најверојатно гломазна и тешка особено што е за две деца. Транспортеорот освен за во кола не знам ни за кај на друго место може да го користиш...Еве ако си сама па да ги однесеш на доктор, ама тоа можеш и со количка - ги вадиш од транспортер и ги ставаш у количка. И онака е pain in the ass постојано да ги заврзуваш тоа транспортерите со каиши у кола...мое и скуство и на сите околу мене што израснаа близнаци - транспортери земи си од некој на старо и купи си асална количка за двете која ќе можеш сама да ја склопуваш отклопуваш и која ти ја собира во лифт. Ако немаш лиф тогаш ќе си ја чуваш во кола и ќе си ги изнесуваш децата во раце..Можеш и кенгур да си купиш, па едното во кенгур, едното во раце дур да стигнеш во кола...И да..не купувај торба бебешка за бебшки ствари него земи си бебешки ранец...рацете треба да ти се слободни и да не ти се маткаат со торбата

Hopeful RR -> RE: Мајки на близнаци - совети и искуства (23.2.2015 14:09:48)

Е да, логично. Мислев дека е неопходен транспортер пошто гледам сите ги носат во нив наваму-натаму, ама ако количката е 0+, попрактично е така, се слагам. Кенгур секако планирам да земам, со тоа што едно време на нет најдов двоен, за близнаци, но ќе видам дали има такво нешто во Солун, пошто кај нас ништо нема. Торба секако не планирав да земам, туку или да импровизирам со нешто што веќе го имам по дома - или торба преку рамо, или ранец, за две слободни раце.
Фала ти [sm=smiley31.gif]

Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>