|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Патување со дете
5.7.2013 14:54:10   
Felly RR
Бидејќи е сезона на годишни одмори, мислам дека баш ќе ни се најде и оваа тема. Ајде малку да продискутираме за тоа како да си го олесниме патувањето со децата, и што преферирате - патување со абтомобил, автобус, воз, авион ...
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Патување со дете
5.7.2013 14:57:50   
Felly RR
Ние до сега имаме патувано со воз и со кола - и не сме имале некои поголеми проблеми. ДОбро е што Матеа може да спие дури патува, па така поголемиот дел од патот го преспива. Со нас носиме секогаш нешто за пиење - сокче/вода и обавезно грицки некои.
Оваа година на одмор одиме со автобус, и затоа малку ми е мисла - како ќе поминеме, ама си велам ќе издржиме - не е далеку. Ќе земам и нешто за занимација - сликовница некоја. Ако имат енекои други предлози како побрзо да ни помине патот - слободно пишете.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Патување со дете
5.7.2013 15:18:39   
deluxe
Кога патуваме ние,најчесто разговараме за глетките по патот,ќерка ми има инспирација за прашања колку ти душа сакасамо треба да смислувам одговори.Така да Фели штом до сега не сте патувале со автобус ,новото искуство за М ќе биде инспирација за разговор.нека седи ди прозорецот и нека разгледува надвор.Кај нас тоа е главна занимација за по пат.
Среќен пат и убаво да си поминетеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Патување со дете
5.7.2013 15:21:32   
Mihaela 2010
Nie pa sme imale srekja koga sme patuvale (a toa bilo samo so kola do sega) da M go prespie patot,bukvalno sekogas do sega ni spiela,ama bese i pomala,e kje vidime ovaa godina zdravje koga ke ideme na odmor kako ke bide

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Патување со дете
5.7.2013 15:26:07   
Felly RR
Се надевам и јас дека ќе спие - со оглед на тоа што тргнуваме во 5 user posted image Ама баш се мислев - мене секогаш ми беше лошо кога патував како дете, а и М еднаш уште пред две години кога одевме во Охрид се случи да и се слоши, и тоа на крајот веќе кога влеговме во градот, и поврати. Затоа сега ми текна да прашам - што може да се дава на мало дете - така, кога му се лоши при патување?
Повеќе планирам на грицки затоа да бидеме, и водичка. А млеко сабајлето не планирам да и давам. Ама дали има некои лекарства против повраќање за деца?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Патување со дете
5.7.2013 15:35:47   
Ring
Felly, ima apcinja protiv povrakanje za deca, ama teraat i na spienje. Jas gi znam Dramina i Emesan , a vo posledniot flaer od Zegin vidov deka ima i nekoi Travelin (taka mislam deka bea).
Pobaraj po apteki.
A za efikasni , se efikasni.

_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Патување со дете
5.7.2013 16:42:29   
vezilka RR
Да и јас знам дека има апчиња за патување и за деца. Не ме ги пробале за да пишам искуство.

Богами ние имаме проблем со патувањата. Не со повраќања, туку со седењето во место неколку часови. Еден дел од патот ако преспие, тогаш ни е полесно. Ама ако се разбуди, маф ни е работата. Јас планирам сликовници за во кола, и тоа од оние со лепенки што се одлепуваат и залепуваат повеќе пати, за да трае подолго занимацијата. Секако на телефонот снимени неколку цртани и песнички за кои знам дека ги сака. Ако имате таблет уште поголема работа ќе ви заврши. После ни следува играта јас гледам, јас гледам ( прво јас именувам што гледам, па тој и така..тој е мал инаку во оргинал играта треба да именува на одредена буква или боја). Онаква табла за цртање, пиши бриши ќе заврши работа за половина час занимација. Или за измислувате приказни за работите што ќе ги гледате по патот, на пример чија била кравата на ливадата, како се викала и сл.

Јас некако не практикувам да му давам храна додека патуваме. Додуше и не сме патувале до сега повеќе од 4 часа. Ама секако тоа би била некоја полесна храна. За пиење само вода.

(Одговор на членот Ring)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Патување со дете
5.7.2013 17:02:08   
vezilka RR
Еве две игри за во кола ама за поголеми дечиња

Едната се вика 20 Прашања. Еден смислува некој предмет, и другите треба да погодат што е тоа. Имаат можност да постават 20 прашања, на кои одговорите ќе бидат со да и не. Конечен победник е тој што ќе го открие предметот. Ако не се открие предметот, пак истиот смислува нов.

Потоа брзо броење. Еден одередува што ќе се брои, на пример, бели Ford Fiesta, и задава конелна бројка, на пример, 5, или 10. Првиот што ќе ги изброи, е победник. Потоа тој задава нова категорија..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Патување со дете
5.7.2013 19:25:57   
Felly RR
Еве и јас што најдов на мајкаидете.мк

КАКО БЕЗБЕДНО И ЗАБАВНО ДА ПАТУВАТЕ СО ДЕЦА?
Објавено на: 19.06.2013

Патувањето со децата може да биде фантастичен начин уште повеќе да се зближите со нив, да им го покажете светот, да создадете заеднички спомени и убави сеќавања, и да го поттикнете нивното чувство за авантура.
За жал, патувањето со децата значи и долго седење на едно место, во автомобил, авион, автобус или во воз (добро, во воз и не мора да седат цело време). И колку само пати ќе слушнете:„Дали стигнавме?“ или „Уште колку има до...?“. Вооружете се со трпение, бидејќи ниту еден одговор нема да ги задоволи, и прашањата ќе се повторуваат се до пристигнувањето на дестинацијата.
Најдобар начин патувањето да биде пријатно и за вас и за децата е да ги анимирате на различни начини.
Еве неколку совети:
Музика – музиката има смирувачки ефект. И тоа посебно на децата. Пред патувањето проверете дали сте земале залихи од омилените ЦД-ња за патување. Ако патувате со авион, воз или со автобус, погрижете се со себе да имате ЦД плеер, илибарем мобилен со доволна количина музика за пат. И секако, не заборавајте ги слушалките.
Аудио приказни за деца- тоа се ЦД-ња со приказни за деца кои можат да траат со часови. Одлична помош за изморените родители на патувањето. Децата ќе уживаат слушајќи ги.
Грицки – задолжително носете разни грицки, и тоа оние здравите:овошје или јаткасти плодови. Грисини стапчињата се многу добри ако децата чувствуваат мачнина за време на возењето. Не нудете им слатки, бидејќи тоа би можело да ги вознемири малите стомачиња при возењето.
Игри - Овде не се мисли на Нинтендо или слично! Овде се работи за игра во која децата ја користат фантазијата. Тоа може да биде игра на погодување на првиот број од регистарски таблички на останатите автомобили на патот, или игра во која еден играч замислува некој предмет, а другиот погодува поставувајќи прашања. За помалите деца можете да играте игра „од буквата на буквата“. Која и да ја изберете и вие сигурно добро ќе се забавувате.
Сложувалки – ова е одличен начин да ги анимирате помалите деца. Во продажба можете да најдете книги сложувалки адаптирани на различни возрасти. Многу се добри за носење во рачен багаж, а децата многу ги сакаат. Доколку детето чувствува мачнина во возењето, избегнувајте да ја користите оваа играчка додека сте во движење. Искористете ја за кратки паузи.
Планирајте го патувањето мудро – при тоа имајте на ум дневниот распоред на спиење и оброк на детето и обидете се да го адаптирате времето на прашање, на пример, со времето на спиење, а не со хранење. Со децата на пат тргнете на време, што е можно порано. Понесете ја омилената перница на вашето дете, тоа ќе му помогне полесно да заспие додека патувате.
Правете чести паузи – Тоа, всушност, и не е реално доколку патувате со авион, но може да биде од голема помош при патување со автомобил. За жал, така патувањето ќе трае подолго, но на децата добро ќе им дојдат кратки паузи. Излегувањето од автомобил и кратката прошетка, или разгледувањето на околината ќе го направи патувањето многу попријатно за детето.
Сите сме по помалку нервозни во текот на долгите патувања. Испробајте ги овие совети и ќе стигнете на посакуваната дестинација посреќни и порасположени.




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Патување со дете
8.7.2013 15:02:57   
Felly RR
Ајде да си напишам извештај како поминавме: Ја разбудивме Матеа уште во 4:30, а таа свежва,весела, наспана - до граница никако не сакаше да заспие. user posted image Ама барем добро поминавме - си зборувавме, си разгледувавме и така до граница ни помина патот. Таму пак излеговме од автобус, се размрдавме - ама чекавме повеќе од 1 саат. Кога ја поминавме границата, малку почна да станува кенкава - ја извадивме сликовницата со лепенки, па се смири, ама и за брзо заспа. Тамам се разбуди - пак застанавме во Паралија, па влеговме во Лидл - пак се размрдавме и се освеживме. Е после веќе - последдниот саат беше најкритичен, ама го издржавме некако и тој.
ДОбро е што немавме проблеми со лошење, Ринг фала ти за информациите - добро е да се знае, иако не ни затребаа.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Патување со дете
8.7.2013 16:13:47   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Ајде да си напишам извештај како поминавме: Ја разбудивме Матеа уште во 4:30, а таа свежва,весела, наспана - до граница никако не сакаше да заспие. user posted image Ама барем добро поминавме - си зборувавме, си разгледувавме и така до граница ни помина патот. Таму пак излеговме од автобус, се размрдавме - ама чекавме повеќе од 1 саат. Кога ја поминавме границата, малку почна да станува кенкава - ја извадивме сликовницата со лепенки, па се смири, ама и за брзо заспа. Тамам се разбуди - пак застанавме во Паралија, па влеговме во Лидл - пак се размрдавме и се освеживме. Е после веќе - последдниот саат беше најкритичен, ама го издржавме некако и тој.
ДОбро е што немавме проблеми со лошење, Ринг фала ти за информациите - добро е да се знае, иако не ни затребаа.



Одлично, браво за Матеа, хи хи туку пиши и во другата тема извештај дали се избањкавте user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Патување со дете
4.8.2013 18:49:42   
vezilka RR
За натака лесно зошто спиеше до граница. Е после граница добро е што немавме многу пат, за саат ипол ни завршија работа сликовниците со лепенки и таблата, пиши бриши. Кажавме некоја песничка, некоја приказна и стигнавме. Е затоа за назад, тешко беше, тргнавме попладне, кога тој е најразигран, па на почеток не сакаше ни сликовници ни ништо, туку имавме акробации во кола. Едвај го смиривме, со игрици на телефонот. Едно два саати, па после заспа, а а за кратко, уште пред Скопје стана, па почна песната, не сакам дома, сакам да шетаме. На ова дете никогаш не му е доста шетање.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Патување со дете
5.8.2013 9:22:24   
rina13
До сега сме патувале на подолг пат кога и е време за попладневно преспивање па сме немале проблеми. Во последно време обожава да се вози на секаде, но не накај дома. Го препознава патот и почнува вриштење дома неееееееееееее, неееееее нејќеееееееее. Ќе видиме како ќе поминеме па ќе споделиме искуство.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Патување со дете
5.8.2013 11:34:58   
JovanaJ
Jas ne znam da se opsustam koga patuvame so dete. Nekako sum celata kako pod stres. Se razbira ne go pokazuvam toa, ama taka go cuvstvuvam, znaci nemozam da bidam opustena.
Tolku poveke stom sin mi povraka po pat, a ne smeeme da pieme nisto od tia apcinja protiv macnini, i sekogas gledame da patuvame koga mi e vreme za spienje, odnosno trgnuvame mnogu rano nautro na pat, nekade okolu 3 (zboruvam za grcija) za da moze barem polovina pat da go prespie. Na podolg pat i ne pomisluvam da odam sega za sega.
I ovaa godina nekako duplo mi e, kaj sinko po pat pa i jas bremena user posted image , taka sum nekako zagrizena sto kako ke pomine....

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Патување со дете
14.5.2014 16:59:08   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

Jas ne znam da se opsustam koga patuvame so dete. Nekako sum celata kako pod stres. Se razbira ne go pokazuvam toa, ama taka go cuvstvuvam, znaci nemozam da bidam opustena.


i jas sum istata,smetam deka deteto mi e malo za na odmor.ne premalo ama.....

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Патување со дете
10.7.2014 17:06:36   
Felly RR
Оваа година детево ме изненади со тоа колку немаше побарувања во текот на патувањето и колку лесно поминавме. Како големо човече беше, пораснало детево. user posted image Носев разни реквизите во ташна, но ништо не побара, само си разговаравме, гледавме што има по патот, додуша милион пати праша - Мамо кога ќе стигнеме?...... Ама ми се плива. Но сепак со мирно и тивко си седеше цело време што и не беше малку - повеќе од 6 часа, со две паузи.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Патување со дете
10.7.2014 17:49:11   
princessa
Досега не сум имала проблеми со вриштење на децата додека патуваме. Сме ги носеле и на далеку и на блиску и мирни се, си седат во седиште/транспортер. Имало кенкања ама сме ја смирувале ситуацијата. Кога одиме подалеку правиме паузи за да се надишеме свеж воздухuser posted image . А пред да одиме за Скопје се ставаме на ауспух за да се навикнеме навреме и да не ни дојде така одеднаш загаден воздухuser posted image user posted image user posted image . Ова беше шалаuser posted image . Е за неколку дена ќе патувам за прв пат сама со двете деца и тоа со авион и се молам на господ да ми даде трпение а на децата мир и спокој па да не ми направат некои џенкови. Па отпосле ќе пишам искуство.Инаку не се ограничувам како некои да не шетам додека децата се мали, напротив секое слободно време го трошиме на патувањаuser posted image

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Патување со дете
11.7.2014 0:39:24   
marchi
nie uspeavme da ostvarime dve patuvanja na pobliska destinacij user posted image detetovozenjeto go podnesuva super a ima samo 16 meseci i so zadovolstvo se vozi i uziva taka da nema da imame gajle.barem taka izgleda.user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Патување со дете
8.2.2016 11:23:59   
vanessa30
Zenski itno mi treba odgovor, oti me faka panika. So mojot 6 mesecen bebusko ke treba da patuvam za Aus -znaci dolg pat. Pa me interesira kakva e regulativata za nosenje na bebeska hrana vo avion. Dali mozam, i kolku kasicki mozam da ponesam? Bidejki sme na AD mleko dali mozam da go nosam vo prav i dli barem za prviot let moze da nosam vo sise vo rastvorena forma. dali moze da nosam prevriena voda ili ne . kako da bide seto toa spakuvano? Sto se odnesuva do bebeska kozmetika (pavloviceva, vla.maramici...) kako treba da bidat spakuvani???
Dali celo vreme ke mi spie vo race ili ima kade da go podlegnam??? Inaku neplaniram da nosam kolicka, ke si bideme so kengur, a na Dubai inter. aerodrom znam deka ima kolicki za da si pozajmis. Aj molam odgovor od mamickite so iskustvo da pisat??? Voedno da prasam i sto drugo da ponesam sto im se naslo za vaka vo avion.
Imam predhodno patuvano so 1 sin ama bese 2 godisen i nemav potreba da vleckam kasicki, ad mleko...., sega e malku poinaku???user posted image

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 19
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?