temjanuska75 -> RE: На одмор со баба? (22.7.2013 13:49:31)
|
Јас ги земав со нас мајка ми и татко ми на одмор и лани и претходната година и многу убаво си поминавме сите. Јас отпривин несакав од сите горенаведени причини [sm=smiley36.gif], но мм беше тој што инсистираше. Првото лето М. имаше 8 месеци, бебе и олеснувањето беше што секогаш имаше некој со него, дали му се спиело јадело и сл, а лани беше уште поубаво. М го чуваат и двете баби и седи со нив, мајка ми повеќе време поминува со него од свекрва ми. Значи јас не ги земав моите да ми чуваат дете за да јас уживам и шетам и се бањам, туку за да одморот не ми се претвори во умор, па да си префрлуваме со мм ај ти сега седи јас да се бањам, ај чувај го детето јадење да направм и сл, туку за да секогаш имаш некој кој може да биде со детето. Наутро мајками спремаше појадок за М. и нас ( јас подоцна станувам), ручекот го правев јас, а вечеравме надвор. Јас попладне не преспивам, моите си преспиваат, јас и мм го шетаме моите се бањаат и обратно. Навечер заспиваше а ние си седевме на терасата си мезевме и пиевме. И јас и мм, а и моите беа презадоволни и беше вистински одмор. Оваа година незнам дали ќе одиме на одмор, а моите инсистира да ја земем свеки ( она е сама свекор ми е починат) да не се лутела. Ни јас ни мм несакаме да одиме со неа, заради каратерот нејзин нормално ќе има цело време тензии[sm=smiley36.gif], а она не пројави желба да оди со нас. Јас сепак мислам дека е многу битно да се сложуваш со тој што ќе одиш на одмор без разлика дали е баба, дедо или друштов, т.е. друга фамилија и сл. Сноу ако се сложуваш со свекрвати ти препорачувам да си ја земете, сепак си со две деца, а најбитно е одморот да биде одмор во вистинска смисла на зборот да се вратиш релаксирана ти и останатите.
|
|
|
|