Viktori -> RE: Алергија на храна (14.7.2012 9:19:59)
|
zozozo, значи јас не сум баш поборник за млеко после 2 години, па не ми беше проблем ич да не му давам. На месо немаше некоја реакција па му давав, исто и јајце избегнувавме да јадеме ако тој ден пиел млеко. Млекото ни беше исфрлено апла на почетокот, кога дознавме дека е алергичен околу година/две или така нешто, ама тој период пак се случуваше да проба. Кога одевме на роденден на пр, прво пиеше лоратадин дома, па после таму торта јадеше. Кај мене беше тешко што одеше во градинка па и да не пиеше млеко таму се случуваше да апне сутлијач од некое другарче и да го земам со бронхитис/пневмонија од градинка.Така да тој период кога му беше најизразена реакцијата секој ден пиеше по пола лажичка лоратадин. За витамини морам да признаам не сум баш дисциплинирана, ама од време на време саносвит/саностол му давав. Инаку детските алергии се најчесто минливи, така да не се секирај. Ќе си најдеш начин како полесно да ги поминете сама. Секое дете е различно, секоја реакција е различна, гледајго него како се однесува и кон што, ако треба и запишувај. Така точно ќе знаеш нашто и како реагира. За имунолог пулмолог, одете кај Ежова. Таа е определена за возрасни, ама ќе ти даде совети какви што нема да слушнеш во Козле. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|