Viktori -> RE: Алергија на храна (17.3.2012 21:16:44)
|
Љубовче, врати се на старото млеко, ако исчезнат точките и не се појават пак, значи да, од млекото е. Инаку има разлика од алергија и нетолеранција на одредена храна. Ако сега се направиле брумчиња, црвенило или не знам што, не значи дека за некое време кога ќе пробаш со другото млеко пак ќе се појават. Постот на ДАЦИ погоре е баш тоа - нетолеранција на одредена храна некој период. Некогаш се покачуваат ИГЕ некогаш не. Затоа лекарите кај нас имаат проблем да дијагностицираат алергија. Детето реагира, ама не секогаш на истото. Затоа родителот е тој што ќе процени што ќе прави со резултатот од тестот на крв. Исто така е важно и ист имунолог да го следи детето, затоа што ќе биде запознат со реакциите на организмот. Ете, на син ми му помина алергијата на млеко и јајце, ама на есен, на влажно време знае да изреагира. Последен пат кога сакав да одам на алерготест кај Ежова, да видам до кај е син ми, таа буквално ме врати, рече нема потреба веќе.
|
|
|
|