mis. -> RE: Алергија на храна (9.12.2009 19:22:01)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mami4ka Алергијата на храна е озбилен здраствен проблем и за среќа најчесто алергиските реакции се поблаги.Но кога ќе дојде до најтешки реакции тогаш мора под итно да се оди на лекар кој одма ќе интервенира. Храна која предизвикува алергија За алергијата на храната нема лек па единствен начин е избегнување на храната која ја предизвикува алергијата.Најчести алергии се на:кикирики, ореви,бадеми,лешници,потоа на риба,ракови , школки и останати морски подови,јајца,почести се алергиите на белката од јајцето,соја,а помеѓу овошјето јагодата и кивито..Во храната најчесто ги предизвикуваат маснотиите и шеќерот, а освен на одредни продукти алергијата може да се јави на додатоците (адитиви), бојата и конзервансот. Најновите истражувања покажуваат да некои генетски модифицирани продукти можат да имаат зголемен број на алерген.Луѓето алергични на пелуд неретко се алергични на јаболки,морков,компири , грашак, киви и целер, а алергични на јајца,често на кожните тестови реагираат на пилешко месо,иако таа алергија во стварноста не се развива и пилешкото може да се јаде без последици.Еднаш изразена алергија може да остане цел живот, а може да се повлече по некое време.Алергијата на млеко најчесто се јавува кај малите деца,но често покасно потполно се повлекува. Симптоми на алергијата Алергиските реакции можат да се јават било кога,па така некои реагираат кога ќе се сретнат со некој производ,додека кај некои реакцијата се појавува изненадно,иако со години одредена храна јаделе без проблем.Најчесто се кожни и орални реакции кои варираат од благи (чешање,печење или чешање на јазикот, благ оток на јазикот. непцата) до опасни по живот таканаречени анафилактички шок кој бара хитна интервенција.Некои алергии развиваат симптоми слични на асма. Тестирање, лечење и превентива Ако лечењето не се започне навреме или ако потполно не се отфрли храната која предизвикува алергија, состојбата кај поголем број се влошува.Најчети лекови се антихистаминици и краткотрајни кортикостероиди.Луѓето кои еднаш доживеале анафилактичен шок мора секогаш да имаат лек за итна помош (аутоинјектор адреналин и антихистамин со брзо делување).Заболениот како и неговата фамилија мора да бидат обучени за давање на лекот.Иако лечењето на анафилактичниот шок не е без ризик, најчесто е тоа едеинствен начин за спасување на животот. Кога ќе се востанови на што е алергина особата избегнувањето не е секогаш едноставно,треба да се научите да ги читате етикетите и да го знаете составот на храната.Така, примероци на млеко и јајца има во бројни индустриски производи (мајонез, тестенина ) и во домашните јадења, потоа кикириките, кои во некои индустриски слатки ги додаваат како путер од кикирики. Исто така некои луѓе се алергични на производи во сите облици, додека кај други реакцијата варира зависи за тоа како производот е третиран.Така да некои се алергични на јајца, а слободно јадат мајонез, бисквити, колачи и тестенини со јајце.. Баш затоа што алергиите можат да се менуваат, особата може стотини пати да изеде колач со јајца или мајонез без икаки последици, но одеднаш може да се јави реакција и на тие продукти и да биде многу силна.Затоа поради непредвидливоста на алергичната реакција еднаш алергичните особи требаат да се внимателни во исхраната и внимателно да ги воведуваат новите продукти. ИЗВОРНА ПОРАКА: mami на храната особено треба да се внимава, кога и како се дава...јас неможам на пример да си се помирам со фактот дека сопствениот педијатар ми препорача киви на 6 месечно бебе кога ја прашав што да му правам дека не какал неколку дена...не ми се верува, доктор тоа ми го кажа- и секако дека не му дадов
|
|
|
|