Еца -> RE: Алергија на храна (31.3.2010 16:38:04)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce Пацувче а за какво пченкарно мислиш, мислиш на палента? Не палента,туку баш пченкарно брашно,затоа што прочитав дека прво да почнам со тоа,па подоцна со палента...[sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] Во секој случај сега нема да му давам ни од едното,ни од друготи овие неколку дена...На средината на другата недела ќе пробам повторно,овој пат одделно,за да видам од што е реакцијата... Пацувче дали малиот пие адаптирано млеко? Инаку Мила занете веќе дека е со докажана алергија на млеко а прво нешто што проба после јаболко, круша, банана, морков и компир беше палента.Никаква реакција. Сепак пробај одделно да видиш дали би имало каква реакција. Предупредување: Инаку сакам да ги предупредам сите кои имаат деца алргични на млеко, се што ќе купуваат да читаат состав. И доколку има потреба на детето да се дава Витамин Ц тоа да биде на Пливит, бидејќи детскиот Витамин Ц на Алкалоид содржи додатна состојка ЛАКТОЗА.
|
|
|
|